GALAFARM Нафагал капки за нос за возрасни, 10 мл

Galafarm Nafagal Nasal Drops 10 ml,
GALAFARM Нафагал капки за нос за возрасни, 10 мл
83,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
003852C
favorite_border

Опис на производот

Galafarm Nafagal капки за нос за возрасни.

  • Содржат нафазолин
  • Нафазолинот предизвикува локална вазоконстрикција во носот (деконгестивно дејство) и на тој начин го намалува отокот на слузницата во носот со што се олеснува дишењето преку нос
  • Капките за нос се користат за брзо и ефикасно олеснување на симптомите на назална конгестија (затнат нос) при ринитис (воспаление на слузницата во носот) и риносинузитис (воспаление на синусите)

Пакување: 10 мл.

Содржина

Состав: 1 мл раствор содржи 1.0 мг нафазолин хидрохлорид.

Помошни состојки: пречистена вода, натриум хлорид, метил парахидроксибензоат, калиум дихидроген фосфат.

Употреба: секогаш употребувајте го лекот точно онака како што е наведено во упатството за употреба. Треба да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт ако не сте сигурни како да го употребувате овој лек. 

  • Возрасни: една до две капки од растворот во секоја носница на секои 6 до 8 часа, но не почесто од 6 часа.

Лекот не треба да се користи повеќе од 5 последователни денови за да се избегне воспаление на слузницата на носот предизвикано од нафазолинот.

  • Деца: овој лек не се употребува кај деца.

Ако имате чувство дека дејството на НАФАГАЛ® 1 мг/мл капки за нос е премногу силно или премногу слабо, советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Предупредување: не смеете да ја надминувате препорачаната дневна доза на лекот. Ако сте бремена или доите, мислите дека можеби сте бремена или планирате да забремените, прашајте го Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек. Употребата на овој лек во текот на бременоста е дозволена само доколку очекуваната корист за мајката го надминува потенцијалниот ризик за плодот. Доколку имате дополнителни прашања Ве молиме обратете се кај Вашиот лекар. 

Немојте да употребувате НАФАГАЛ® 1 мг/мл капки за нос ако: сте алергични на нафазолин (активната супстанција на овој лек) или ако сте алергични на која било од помошните состојки; ако имате воспаление или оштетување на слузницата во носот или кожата околу ноздрите вклучувајќи сува назална слузница со или без красти; ако сте имале операција како што е трансфеноидна хипофизектомија или друга операција за време на која е изложена тврдата мозочна обвивка; ако сте на терапија со МАО инхибитори (за третман на депресија) или во период од 14 дена од прекинот на третманот; ако имате глауком со затворен агол.

Бидете особено внимателни со НАФАГАЛ® 1 мг/мл ако: употребувате лекови кои можат да доведат до покачување на крвниот притисок; ако имате покачен очен притисок (глауком); имате тешка срцева болест (на пр. коронарна срцева болест, хипертензија); имате тумор на надбубрежната жлезда (феохромоцитом); имате наследна болест која се карактеризира со нарушување на метаболизмот на порфирин (порфирија); имате метаболичко нарушување (на пр. зголемена функција на тироидната жлезда, дијабетес), имате зголемена простата. Ве молиме да се посоветувате со лекар ако нешто од горенаведеното се однесува на Вас, но, и тогаш кога горенаведените укажувања се однесувале на Вас, било кога во минатото. 

Доколку после 3-5 дена од лекувањето симптомите сè уште опстојуваат или ако има влошување или се појават нови симптоми, прекинете ја употребата на лекот и консултирајте се со Вашиот лекар. Неопходно е да се избегне директен контакт на лекот со очите.

Овој лек содржи натриум, помалку од 1 ммол (23 мг) на единица доза, т.е. би можело да се каже "без натриум". Овој лек содржи метил парахидроксибензоат како конзерванс, кој што може да предизвика алергиски реакции (можни одложени реакции). Кажете му на Вашиот лекар ако имате алергија. Ако сте заборавиле да го употребите лекот, не зимајте двојна доза за да ја надокнадите пропуштената. 

Лекот треба да се чува во оригиналното пакување на температура под 25ºС

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се