GALENIKA Бевиплекс Б (б-комплекс) гранули, 30 кесички

Galenika Beviplex Complex Granules 30 sticks, granuli vitamin b kompleks
GALENIKA Бевиплекс Б (б-комплекс) гранули, 30 кесички
249,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054293C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Beviplex® B Бевиплекс Б (б-комплекс) гранули е граничен производ.

  • Дополнителен извор на витамини од групата Б
  • Производот е наменет:
    • На лица со зголемени потреби за витамини од групата Б (деца во фаза на развој, лица на посебна исхрана со редукција на внесот на храна, или исхрана богата со јаглени хидрати, рековалесценти, лица изложени на интензиви физички и ментални активности - спортисти, рекреативци, ученици, студенти)
    • Лица со дефицит на Б витамини (лица со намален апетит, лица кои конзумираат алкохол, лица кои имаат проблем со квалитетот на кожата, лица по подолга употреба на антибиотици, повозрасни лица
  • Витамините Б1, Б2, Б6, ниацин и пантотенска киселина придонесуваат за одржување на нормалниот енергетски метаболизам
  • Витамините Б2, Б6, ниацин и пантотенска киселина придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста
  • Ниацин, витамините Б1, Б2 и Б6 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем
  • Витамин Б6 придонесува за нормално создавање на црвени крвни клетки и нормална функција на имунолошкиот систем
  • Ниацин и витамин Б2 придонесуваат за одржување на нормална кожа и слузокожа
  • Со шеќер

Пакување: 30 кесички по 3.5 г.

Содржина

Состав

Состојки 1 кесичка %НРВ* %НРВ**
Витамин Б1 (тиамин хидрохлорид) 3 мг 273 600
Витамин Б2 (рибофлавин) 2 мг 143 250
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) 2 мг 143 286
Пантотенска киселина (калциум-Д-пантотенат) 3 мг 50 -
Ниацин (никотинамид) 20 мг 125 222

%НРВ* - нутритивна референтна вредност за возрасни и деца на возраст над 3 години

%НРВ** - нутритивна референтна вредност за деца на возраст до 3 години

Состојки: сахароза, какао прав, никотинамид, арома ванилин, тиамин хидрохлорид, калциум-Д-пантотенат, рибофлавин, пиридоксин хидрохлорид.

Употреба:

  • Возрасни и деца над 1 година: еднаш дневно да се испие напиток направен од содржината на 1 кесичка гранули, разматени во вода или млеко

Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Немојте да го земате/употребувате Beviplex® B доколку сте алергични на било која состојка на производот. Производот не смеат да го употребуваат лица кои се преосетливи на било која од состојките на производот. Ако сте бремени, планирате бременост или ако доите, пред да почнете да го земате граничниот производ, посоветувајте се со својот лекар или фармацевт. Производот не смеат да го употребуваат лица кои се преосетливи на витамините од групата Б или било која состојка на производот. Производот не е наменет за деца на возраст под 1 година и за лица на терапија со леводопа. Лица со дијабетес, како и лица на терапија со трициклични антидепресиви, алфа-1-блокатори, може да го употребуваат производот само по консултација со својот лекар. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Ако забележите било какви несакани дејства, Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт. Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°C. Да се чува надвор од дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се