GALENIKA Дефринол сируп, 100 мл

Galenika Defrinol Syrup 100 ml
GALENIKA Дефринол сируп, 100 мл
180,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049293C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Дефринол сируп е лек кој се користи за ублажување на симптомите на настинка и грип проследени со назална конгестија и главоболка, болка во грлото, болки во мускулите и зголемена телесна температура.

  • Лекот Defrinol /Дефринол® содржи две активни супстанции псевдоефедрин хидрохлорид и ибупрофен, и припаѓа во групата на назални деконгестиви за системска примена
  • Псевдоефедрин хидрохлорид е деконгестив кој помага при одзатнување на носот/синусите, а ибупрофен е лек кој спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни лекови кој делува така што ја намалува болката, ја намалува високата телесна температура и знаците на воспаление
  • Лекот не се применува кај деца помлади од 6 години

Пакување: 100 мл.

Содржина

Состав:

Активни супстанции се: псевдоефедрин хидрохлорид и ибупрофен.

  • 5 мл сируп содржи 30 мг псевдоефедрин хидрохлорид и 100 мг ибупрофен

Помошни супстанции се: сахароза; метилпарахидроксибензоат (Е218); пропиленгликол; натриум хлорид; лимонска киселина, безводна; агар; лесен каолин; глицерол; течен сорбитол, некристализиран (Е420); полисорбат 80; бутилхидроксианизол (Е320); боја Sunset Yellow (E110); арома на портокал 75.80.2045; вода, прочистена.

Употреба: Defrinol ®/Дефринол сируп е наменет само за ублажување на симптомите во текот на краток временски период. Овој лек треба да се употребува во најмалата терапевтска доза, во текот на најкратко можно време потребно за отстранување на симптомите. Ако имате инфекција, без одложување кажете му на вашиот лекар ако симптомите како температура и болка траат подолго или се влошат. Лекот се употребува перорално. Пред употребата шишенцето треба добро да се протресе. За употреба на лекот користете лажичка за дозирање (5 мл), која се наоѓа во кутијата.

  • Деца од 6 до 12 години: една лажичка за дозирање (5 мл) Defrinol /Дефринол® сируп, 3 пати на ден, по потреба
  • Деца од 12 до 18 години: две лажички за дозирање (10 мл) Defrinol /Дефринол ® сируп, 3 пати на ден, по потреба

Растојанието помеѓу употребата на поединечни дози на лекот треба да биде најмалку 4 часа.

Предупредување: не го употребувајте лекот Defrinol®/Дефринол®: ако сте алергични (преосетливи) на активната супстанција или помошните супстанции кои влегуваат во составот на лекот, ако сте алергични или во историјата на болеста сте имале реакции на преосетливост (на пр. исип по кожата, уртикарија, јадеж, тешкотии со дишењето, стегање во градите, оток на устата, лицето, усните или јазикот) при употреба на ибупрофен, аспирин, други НСАИЛ, ако имате или некогаш сте имале чир во желудникот; перфорација или крварење од желудник, ако боледувате од шеќерна болест, имате проблеми со простатата, имате заболување на тироидната жлезда, глауком или феохромоцитом (тумор на надбубрежната жлезда), ако имате тешко заболување на бубрезите (бубрежна инсуфициенција), тешко заболување на црниот дроб, срцево заболување, тешка срцева инсуфициенција, висок крвен притисок или нарушување на циркулацијата (ангина пекторис), ако земате лекови за лекување на депресија како што се инхибитори на моноаминооксидаза или трициклични антидепресиви (или сте ги земале во минатите 14 дена), ако имате било какви други проблеми со крварење, ако имате шлог во историјата на болеста, ако земате други НСАИЛ, лекови против болки или деконгестиви, ако сте бремени или доите. Пред употребата на овој лек, известете го својот лекар или фармацевт: ако имате проблеми со срцето вклучувајќи срцева инсуфициенција, ангина пекторис (болка во градите), или некогаш сте имале инфаркт на миокардот, bypass операција, периферна артериска болест (лоша циркулација во нозете или стапалата поради стеснети или запушени артерии), или било кој вид на шлог (вклучувајќи "мини шлог" или транзисторен исхемичен атак - "ТИА"), ако имате висок крвен притисок, шеќерна болест, високо ниво на холестерол во крвта, имате срцево заболување или шлог во семејната анамнеза или пушите. Ризикот е поголем при поголеми дози и продолжено лекување. Немојте да ја пречекорувате препорачаната доза на лекот и должината на траењето на терапијата, ако имате нарушување на крварењето, ако имате чир на желудникот или воспалителна болест на цревата (на пр. улцеративен колитис или Кронова болест); за време на употребата на лекот Defrinol /Дефринол® сируп може да се појави ненадејна абдоминална болка или ректално крварење, поради воспаление на дебелото црево (исхемичен колитис). Ако ги имате овие потешкотии, престанете со употреба на лекот и веднаш јавете се на лекар, ако боледувате од астма или алергија, ако имате заболување на срцето, бубрезите, црниот дроб или простата, ако сте повозрасни, можна е почеста појава на несакани дејства (крварење од желудникот или перфорација), кои може да доведат до смртен исход, ако сте болни од системски lupus eritematozus-SLE, болест на имунолошкиот систем кој се и манифестира со болки во зглобовите, промени на кожата и др.), ако се обидувате да останете бремени, ако сте дехидрирани и имате од 12 до 17 години, под ризик сте од појава на бубрежни заболувања. Затоа прашајте го својот лекар пред употребата на лекот ако имате од 12 до 17 години, не сте земале течност или сте изгубиле течност поради долготрајно повраќање или пролив, кожни реакции: може да се појават сериозни кожни реакции при употреба на лекот Дефринол. Во случај на појава на осип на кожата, лезии на мукозната мембрана, плускавци или кој било друг знак на преосетливост, терапијата треба да се прекине и веднаш да се контактира со лекар. Ова може да бидат знаци на многу сериозна кожна реакција, при употреба на лекот Дефринол, снабдувањето со крв на оптичкиот нерв може да се намали. Ако почувствувате ненадејно губење на видот или намален вид (дамки во видното поле), престанете да го користите лекот Дефринол и веднаш контактирајте со вашиот лекар. За време на лекувањето треба да се одбегнува консумирање на алкохол. Псевдоефедрин хидрохлорид може да предизвика позитивна реакција на тестовите за антидопинг проверка. За време на сипаници треба да се избегнува употребата на ибупрофен. Лекот Дефринол може да ги маскира симптомите на инфекција како температура и болка. Затоа, можно е лекот Дефринол да го одложи одговорот на терапијата на инфекции, што може да доведе до зголемен ризик од компликации. Ова е забележано кај бактериска пневмонија и бактериски инфекции на кожата поврзани со сипаници. Ако го земате лекот Дефринол додека имате инфекција и симптомите на инфекцијата опстојуваат или се влошуваат, без одложување контактирајте го Вашиот лекар. Известете го својот лекар или фармацевт ако земате, или до неодамна сте земале или имате намера да земате некои други лекови. Не го земајте лекот Defrinol /Дефринол: ако земате други НСАИЛ, ако земате деконгестиви (назални или перорални), ако земате или последните две недели сте земале лекови за депресија познати како инхибитори на моноаминооксидаза (МАОИ), ако земате трициклични антидепресиви (за лекување депресија). Кажете му на својот лекар или фармацевт ако земате: лекови кои спречуваат згрутчување на крвта како што се варфарин, тиклопидин, аспирин/ ацетилсалицилна киселина, лекови кои го намалуваат високиот крвен притисок (на пр. лекови од групата АЦЕ инхибитори како што е каптоприл, бета блокатори како што е атенолол, антагонисти на ангиотензин II рецептори како што е лосартан) и диуретици (за исфрлање на вишокот на течности), срцеви гликозиди како што е дигоксин (дигиталис) или хинидин за заболување на срцето, фенитоин (за лекување на епилепсија), литиум (за лекување на нарушување на расположението), метотрексат (за лекување на артритис т.е. воспаление на зглобовите), антациди (за лекување на чир на желудник т.е. жиговина), циклоспорин (за намалување на имунолошкиот одговор на пр. после трансплантација), мифепристон (за прекинување на бременост), хинолонски антибиотици (за лекување на широк спектар на инфекции), такролимус (за спречување на отфрлање на трансплантантот), соединенија на сулфонилуреа на кои им припаѓа глибенкламид (за лекување на шеќерна болест), кортикостероиди (за лекување на воспаленија на пр. хидрокортизон), селективни инхибитори на повторно преземање на серотонин-SSRI (на пр. флуоксетин, за лекување на депресија), аминогликозиди (на пр. гентамицин или амикацин, за лекување на инфекции), зидовудин (за лекување на HIV инфекции), гванетидин, резерпин или метилдопа (за лекување на заболувања на срцето и циркулацијата), сулфинпиразон и пробенецид (за лекување на гихт-акумулирање на соли на мочна киселина во зглобовите и во ткивата), диуретици кои штедат калиум (за лекување на заболувања на срцето), ергот деривати (за лекување на мигрена), агонисти на допаминските рецептори (за лекување на симптомите на Паркинсонова болест), хепарин, производи кои содржат гинко билоба (за лекување на крвните тромби). Ако треба да примите анестезија, прекинете со земањето на лекот Defrinol /Дефринол® и известете го Вашиот анестезиолог. Некои други лекови може да влијаат на дејството на лекот Defrinol /Дефринол и Defrinol */Дефринол® може да влијае на дејството на други лекови. Затоа треба да се посоветувате со својот лекар или фармацевт пред употребата на лекот Defrinol /Дефринол® со други лекови. Кажете му на вашиот лекар или фармацевт ако земате, неодамна сте земале или имате намера да земате други лекови. Ако сте бремени или ако планирате бременост советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред употреба на било каков лек. Овој лек не треба да го земате доколку сте бремени или доите. Ибупрофен припаѓа на групата лекови НСАИЛ кои може да ја намалат плодноста кај жените. Ова дејство е реверзибилно после прекинувањето на земање на лекот. Малку е веројатно дека ибупрофен може да влијае на можноста да забремените, меѓутоа пред почетокот на употребата на овој лек известете го својот лекар доколку имате проблем да забремените. Кај некои пациенти Defrinol®/Дефринол може да предизвика несакани дејства како што се зашеметеност, халуцинации, невообичаени главоболки, нарушување на видот или слухот. Доколку Ви се појави било која од наведените несакани дејства најдобро е да не возите и да не ракувате со машини. Лекот Дефринол содржи сахароза, течен сорбитол, некристализирачки (Е420), боја Sunset Yellow (E110) и метил парахидроксибензоат (Е218). Сирупот Дефринол ги содржи помошните супстанции сахароза и течен сорбитол, некристализирачки - во случај на нетолеранција на одредени шеќери, консултирајте се со Вашиот лекар пред да го користите овој лек. Defrinol /Дефринол® сируп содржи метилпарахидроксибензоат (Е218) и боја Sunset yellow (Е110), па поради тоа може да предизвика алергиски реакции, дури и одложени. Ако сте земале/употребиле поголема доза од Defrinol /Дефринол® отколку што треба, веднаш треба да се посоветувате со Вашиот лекар или веднаш одете во болница. Со себе носете го шишенцето со сируп за да го покажете на лекарот. Симптомите на предозирање може да вклучуваат гадење, стомачна болка, повраќање (понекогаш со траги од крв), главоболка, зуење во ушите, конфузија, неконтролирано движење на очите. Пријавени се поспаност, болка во градите, палпитации, губење на свеста, конвулзии (најчесто кај деца), слабост и вртоглавица, крв во урината, чувство на студ и проблеми со дишењето при употреба на многу високи дози. Доколку дојде до случајно предозирање, престанете да го земате лекот. Ако сте заборавиле да го земете/употребите лекот Defrinol /Дефринол никогаш не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. Ако сте заборавиле да го земете лекот, следната доза земете ја во вообичаеното време. Доколку симптомите на настинка/грип не престануваат, се влошуваат или се појавуваат нови, обратете се на лекар. Доколку имате било какво дополнително прашање за употребата на лекот консултирајте се со лекар или фармацевт.

Да се чува на температура до 25°C , во оргиналното пакување. После првото отварање да се чува на температура до 25°C , во оргиналното пакување, најдолго 30 дена. Да се чува надвор од дофат и видокруг на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се