GALENIKA Флонивин плус, 10 капсули

Galenika Flonivin Plus 10 capsules
GALENIKA Флонивин плус, 10 капсули
282,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051014C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Flonivin Plus Флонивин Плус е граничен производ.

  • Содржи најмалку 5 милијарди корисни пробиотски клетки Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum и 5 мг цинк
  • Производот е наменет за нормално функционирање на дигестивниот систем и нормална функција на имуниот систем
  • Пробиотиците можат да се дефинираат како моно или мешовити култури на живи микроорганизми кои внесени во препорачаната количина во организмот на домаќинот (луѓе или животни) го подобруваат неговото здравје, првенствено со нормализација на цревната микрофлора
  • Цревата се населени од околу 100 трилиони на ,,пријателски,, бактерии,при што 95% припаѓаат на бактериите од млечни киселини, кои се неопходни за одвивање на основните физиолошки и биохемиски процеси во човековиот организам

Основни особини на пробиотичките соеви за хумана употреба:

  • Поседуваат антимикробно дејство
  • Отпорни се на киселата средина во желудникот и на жолчни соли
  • Се придржуваат на површината на цревната слузокожа
  • Безбедни се по здравјето

Повеќето се млечно киселински бактерии кои припаѓаат на следните родови неспорогени бактерии: Lactobacillus, Biffidobacterium, Leuconostoc, Pediococcus, Lactococcus, Enterococcus и Streptococcus, спорогени бактерии Bacillus sp, како и некои соеви на габи Saccharomyces sp.

  • Капсулите се комбинација на две пробиотски култури Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum
  • Соевите се отпорни на киселата средина во желудникот и на жолчните соли
  • Saccharomyces boulardii поседува природна резистенција на антибиотици
  • Спречуваат раст на штетните бактерии како што се Staphylococcus aureus, Escherichia Coli и Clostridium difficile
  • Пробиотиците ја населуваат слузокожата на цревата и со тоа го спречуваат населувањето на штетните бактерии. Синтетизираат антимикробни материи кои спречуваат раст и размножување на штетните микроорганизми
  • Во нивниот недостаток, поради зголемен алкалитет на средината, доаѓа до размножување на штетни бактерии и настанување на различни пречки во варењето
  • Познато е и дека ја инхибираат/блокираат активноста на ензимите кои учествуваат во претварање на нитрати во штетни, токсични и карциногени нитрозоамини
  • Го скратуваат траењето и интензитетот на дијареата кај цревните инфекции, кај употреба на антибиотици и патувачка дијареа
  • Капсулите посебно се препорачуваат за нормализација на цревната микрофлора по употреба на антибиотици како и за подобрување на општиот имунитет на организмот
  • Се препорачува користење на најмалку 7 дена пред патување, како во цревата би се зголемил бројот на пробиотички култури, со цел заштита од патувачка дијареа или труење со храна
  • Цинкот ја намалува тежината и траењето на дијареата и дополнително го зајакнува имунитетот, така што помага при обновување на слузокожата и функцијата на цревата

Flonivin® plus/Флонивин® плус капсулите се препорачуваат:

  • За нормализација на цревната микрофлора после употреба на антибиотици
  • За подобрување на имунитетот на целиот организам
  • Кај акутни дијареи
  • Кај упорен затвор

Пакување: 10 капсули.

 

Содржина

Состав:

Состојки 1 капсула 3 капсули %НРВ* (1 капсула) %НРВ* (3 капсули)
Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum Најмалку 5х 109cfu** Најмалку 1x1010cfu** / /
Цинк 5 мг 15 мг 50 150

*НРВ-нутритивна референтна вредност

Состојки: Saccharomyces boulardii, пченкарен скроб, згуснувач: хидроксипропилметилцелулоза, Bifidobacterium bifidum, цинк ацетат, средства против згрудчување: талк, сицилиум диоксид, боја: брилијант плава FCF.

Употреба:

  • Возрасни и деца над 3 години: 1-3 капсули дневно, без џвакање и со доволна количина течност
  • За нормализација на цревната микрофлора во тек и по употреба на антибиотик, да се зема 1 капсула дневно, во траење од 7-10 дена, 2 часа по земањето на антибиотикот
  • Во случај на акутна дијареа се користи 1-3 капсули дневно

Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза. Не може да се користи како замена за разноврсна исхрана. Граничниот производот не смее да се користи кај лица преосетливи на било која состојка на производот. Примената на граничниот производ не се препорачува кај лица после хируршка операција, кај имунокомпромитирани лица, лица на имуносупресивна терапија, вклучувајќи и пациенти со алографт, кај лица со крвава дијареа, со заболување на црниот дроб како и кај лица со централен венски катетер. Бремени, доилки како и лица кои боледуваат од канцер и нарушување на дигестивниот тракт Flonivin® plus/Флонивин® плус капсулите можат да ги користат со претходна консултација со лекар. Ако сте бремени, планирате бременост или доите, пред да почнете да го земате лекот, посоветувајте се со својот лекар или фармацевт. Кога граничниот производ Flonivin® plus/Флонивин® плус, капсулите се земаат со орална антибиотска терапија, треба да се земаат 2 часа после примената доза на антибиотик. Цинкот може да го намали терапевтскиот ефект на тетрациклините (пример доксициклин) и на хинолоните (пример ципрофлоксацин). За да се избегнат интеракции на лекови и цинк, Flonivin® plus/Флонивин® плус капсулите треба да се земаат најмалку 2 часа пред или после земање на наведените лекови. Да се чува на температура до 25ºС во оригиналното пакување,заштитено од светлина и влага. Да се чува надвор од дофат на деца. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се