GALENIKA Лактодерм, 60 капсули

galenika Lactoderm laktoferin+kolostrum+cink+vitamin e koza
GALENIKA Лактодерм, 60 капсули
874,00 ден.
5
Просек: 5 (1 мислење)
Категорија
Бренд
Шифра
053400C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Лактодерм е граничен производ.

  • Содржи лактоферин, колострум, витамин Е и цинк, а наменет е за кожата
  • Колострум е супстанција која ја произведуваат цицачите како храна за новороденчето во текот на првите неколку дена од животот, а пред почеток на производство на вистинско мајчино млеко и богат е со различни биолошки активни соединенија, вклучително имуноглобулини, лактоферин и фактори на раст
  • Цинкот придонесува за одржување на нормална кожа и нормална функција на имунолошкиот систем
  • Витамин Е и цинк придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес

Пакување: 60 капсули.

Содржина

Состав

Состојки 1 капсула 2 капсули %НРВ*(2 капсули) 100 г
Лактоферин 10 мг 20 мг / 2.3 г
Колострум 90 мг 180 мг / 20.3 г
Витамин E (DL-алфа токоферилацетат) 6 мг 12 мг 100 1.4 г
Цинк (цинк глуконат 5 мг 10 мг 100 1.1 г

*НРВ – нутритивна референтна вредност

Состојки: микрокристална целулоза (средство за зголемување на волуменот), хидроксипропил метилцелулоза (капсула), калциум карбонат (боја), колострум добиен од кравјо млеко, цинк глуконат, DL-алфа-токоферилацетат, лактоферин добиен од кравјо млеко, магнезиум стеарат (средство против згутчување).

Употреба:

Возрасни и деца над 12 години: 2 пати дневно да се испие по 1 капсула со вода, најдобро пред јадење.

Предупредување: препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Граничните производи не може да се користат како замена за разновидна исхрана. Ако забележите било какви несакани дејства, Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт. Производот не смеат да го користат лица кои се преосетливи на било која состојка на производот. Производот не е наменет за деца под 12-годишна возраст. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Да се чува во оригиналното пакување, заштитено од светлина и влага на температура до 25°C. Да се чува надвор од дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

anngelmlnv
5
.
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се