GALENIKA Олиговит комплекс 20, 30 таблети
Опис на производот
Galenika Олиговит комплекс 20 е граничен производ.
- Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети се комбинација од 10 витамини и 10 најпотребни минерали
- Таблетите можат да ги надоместат зголемените потреби на организмот за витамини и минерали како и да го надокнадат нивниот недостаток во исхраната (еднолична исхрана, диети, алкохолизам)
-
Витамините и минералите кои влегуваат во состав на Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети можат да придонесат за зголемување на отпорноста на организмот кон болестите, за растење, за развој и нормално функционирање на организмот, бидејќи непосредно учествуваат во биохемиските процеси
Oligovit® /Олиговит® филм-обложените таблети се препорачуваат:
- Како дополнување на исхраната во состојби на несоодветна исхрана (во тек на диети, гладување)
- Како дополнување на витамини и минерали во тек на бременост и доење
- Кај премореност после тежок физички напор
- Во состојби на опоравување после: болести пропратени со високи температури, хируршки зафати
- Кај заостанување во растот, недостаток на апетит, губење на телесна маса
- При дефицит настанат поради гастроинтестинални и хепатобилијарни болести
- При стресни состојби во кои се можни зголемени потреби за витамини и минерали
Производот не е наменет за деца помлади од 12 години.
Пакување: 30 таблети.
Содржина
Состав:
| Состојки | Една (1) таблета | *%НРВ |
| Витамин А | 400 мкг RE |
50 |
| Витамин Д | 6 мкг | 120 |
| Витамин Е | 15 мг TE | 125 |
| Витамин Б1 | 2 мг | 182 |
| Витамин Б2 | 2 мг | 143 |
| Витамин Б6 | 3 мг | 214 |
| Витамин Ц | 100 мг | 125 |
| Витамин Б12 | 6 мкг | 240 |
| Ниацин | 10 мг | 63 |
| Пантотенска киселина | 10 мг | 167 |
| Калциум | 120 мг | 15 |
| Молибден | 100 мкг | 200 |
| Хром | 30 мкг | 75 |
| Флуорид | 0.6 мг | 60 |
| Манган | 0.5 мг | 25 |
| Бакар | 0.5 мг | 50 |
| Цинк | 1.5 мг | 15 |
| Магнезиум | 60 мг | 16 |
| Железо | 20 мг | 143 |
| Јод | 30 мкг | 20 |
*НРВ- нутритивна референтна вредност.
Состојки: микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен), калциум фосфат, L-аскорбинска киселина, магнезиум оксид, железо сулфат, DL-α-токоферил ацетат, хидроксипропилметил целулоза и хидроксипропил целулоза (згуснувачи), никотинамид, калциум-Д-пантотенат, талк (средство за глазирање), калциум карбонат (боја), вкрстено врзана натриум карбоксиметилцелулоза (стабилизатор), калциум карбонат (боја), магнезиум стеарат (стабилизатор), стеаринска киселина (средство против згрутчување), пиридоксин хидрохлорид, рибофлавин, тиамин хидрохлорид, цинк сулфат, натриум флуорид, манган сулфат, бакар сулфат, црвен железо оксид (боја), ретинил ацетат, кармин (боја), натриум молибдат, хром хлорид, калиум јодид, холекалциферол, цијанокобаламин.
Употреба:
Возрасни и деца постари од 12 години: еднаш дневно да се испие по една филм-обложена таблета со малку вода.
Предупредување: таблетите не смеат да ги користат лица пречувствителни на било која состојка на производот. Ако сте бремени, планирате бременост или доите, пред да почнете да го земате граничниот производ, посоветувајте се со својот лекар или фармацевт. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Граничните производи не може да се користат како замена за разновидна исхрана. Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°С. Да се чува надвор од дофат на деца.