GALENIKA Парацетамол сируп, 100 мл

Galenika Paracetamol Syrup 100 ml
GALENIKA Парацетамол сируп, 100 мл
148,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053795C
favorite_border

Опис на производот

Galenika Парацетамол сируп.

  • Парацетамол сирупот содржи активна супстанција парацетамол, која спаѓа во групата на аналгетици (лекови против болки) и антипиретици (намалување на покачена телесна температура)
  • Парацетамол сирупот ја ублажува болката при никнување на заби, забоболка и болки во грлото и ја намалува покачената телесна температура, која често е придружена со настинка, грип и други детски заразни болести
  • Исто така употребата на лекот се препорачува по вакцинирање со цел да се намали покачената телесна температура

Пакување: 100 мл и лажичка направена од бел полиетилен, со волумен од 5 мл (со градуирани ознаки од 1.25 мл и 2.5 мл).

Содржина

Состав: 

Активна супстанција: парацетамол.

Помошни супстанции: метилпарахидроксибензоат (Е 218); пропиленгликол; целулоза, дисперзибилна; ксантан гума; сахароза; сорбитол течен, некристализирачки (Е 420); глицерол; боја Allura Red AC CI 16035 (Е 129); арома на вишна 11035-33; вода, прочистена.

5 мл сируп содржи 120 мг парацетамол.

Употреба: строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со лекар. Проверете во табелата подолу колку пати треба да му дадете на Вашето дете. Лекот Paracetamol/ Парацетамол сируп е наменет исклучиво за перорална употреба. Многу е важно шишето да се протресе најмалку 10 секунди пред да се прими лекот. Никогаш не земајте повеќе лек отколку што е прикажано во табелата. Секогаш користете ја лажичката за дозирање вклучена во пакувањето. Немојте да ја преполнувате лажичката за дозирање. Не го користете лекот Paracetamol/ Парацетамол со било кои други производи кои содржат парацетамол. Секогаш применувајте ја најниската ефективна доза која ги ублажува симптомите на Вашето дете.

Возраст на детето: 2-3 месеци Доза
1. Покачена телесна температура по вакцинација

2.5 мл (половина лажичка за дозирање)

 

Ако е потребно, по 4 до 6 часа може да се даде втора доза од 2.5 мл

2. Други причинители на болка и треска само ако:

-телесната тежина е над 4 кг

-дете родено по 37 недела

 

Возраст на детето Доза на лекот Фреквенција на дозирање за 24 часа
3-6 месеци 2.5 мл (половина лажичка за дозирање) 4 пати
6-24 месеци 5 мл (една лажичка за дозирање) 4 пати
2-4 години 7.5 мл (една и пол лажичка за дозирање) 4 пати
4-8 години 10 мл (две лажички за дозирање) 4 пати
8-10 години 15 мл (три лажички за дозирање) 4 пати
10-12 години 20 мл (четири лажички за дозирање) 4 пати

 

  • Не го користете лекот кај бебиња помали од 2 месеци 
  • Не користете повеќе од 2 дози на лекот
  • Употребувајте го лекот во интервал од најмалку 4 часа помеѓу дозите
  • Ако е потребно да се примат повеќе од 2 дози, косултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт
  • Не коритете повеќе од 4 дози на лекот за 24 часа
  • Неопходно е да се поминат најмалку 4 часа помеѓу дозите
  • Не го давајте лекот Paracetamol/ Парацетамол на Вашето дете подолго од 3 дена, освен ако лекарот не Ве советувал поинаку

Предупредување: немојте да го земате/ употребувате Paracetamol/ Парацетамол: ако Вашето дете е алергично (пречувствително) на парацетамол или на било кој друг составен дел од овој лек, ако на детето му давате било кој друг лек кој содржи парацетамол, ако Вашето дете има ретка наследна болест на интолеранција на одредени шеќери. Разговарајте со Вашиот лекар пред да го дадете овој лек на Вашето дете: ако има заболување на црниот дроб или бубрезите, има недоволна тежина или недоволна исхранетост, предвремено е родено или помладо од 3 месеци, ако има тешка инфекција, бидејќи тоа може да го зголеми ризикот од метаболна ацидоза. Знаци на метаболна ацидоза се: длабоко, забрзано, отежнато дишење, гадење или повраќање, губење на апетитот. Во случај на интолеранција на детето кон одредени шеќери, консултирајте се со Вашиот лекар пред да го употребувате овој лек, затоа што содржи сахароза и сорбитол течен, некристализирачки. Ако сте бремени, посоветувајте се со Вашиот доктор пред да го употребувате лекот. Овој лек може да се употребува во периодот на доење. Paracetamol/ Парацетамол сирупот содржи боја Allura Red AC (E129), може да предизвика алергиски реакции. Сирупот содржи метилпарахидроксибензоат, може да предизвика алергиски реакции, дури и одложени. Земање/ употребување на други лекови: ве молиме да имате во вид дека овие укажувања можат да се однесуваат и на оние производи што сте ги земале во минатото или ќе ги земате во иднина. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.
Пред да му го дадете лекот на Вашето дете, Ве молиме контактирајте лекар, ако детето е на терапија со било кoj од следниве лекови: домперидон или метоклопрамид (се употребуваат за ублажување на мачнина и повраќање), холестирамин (се употребува за намалување на покачен холестерол во крвта), варфарин или други лекови за спречување на згрутчување на крвта, било кои други лекови кои се издаваат на рецепт или ако детето е под лекарски надзор. Немојте да ја надминете наведената доза. Ако нема подобрување и олеснување  на симптомите за 24 часа, побарајте совет од лекар. Долгорочна употреба на лекот, освен под медицински надзор, може да биде штетна. Овој производ треба да се користи само ако тоа е навистина неопходно. Ако имате впечаток дека лекот Paracetamol/ Парацетамол премногу слабо или премногу јако делува на Вас, разговарајте со својот лекар или фармацевт. Ако сте земале /употребиле поголема доза од Paracetamol /Парацетамол отколку што треба: веднаш побарајте медицинска помош во случај на предозирање, бидејќи постои ризик од трајно оштетување на функцијата на црниот дроб. Ако сте заборавиле да го земете лекот не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза. Секогаш користете го лекот онака како што е пропишано. Да се чува на температура до 25°C, во оргиналното пакување, поради заштита од светлина, најмногу 28 дена.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се