GARNIER Color Naturals Icy Blondes Фарба за коса, број 102+
Опис на производот
Garnier Color Naturals Icy Blondes Фарба за коса, број 102+.
- Интензивна, долготрајна плава боја
- Негувана коса, подобра боја
- Веган без состојки од животинско потекло
- Долготраен ефект на боење
- Негувачката формула ја осветлува косата до 4 нијанси при боењето и ја прави бојата трајна
- Косата ќе биде светла и сјајна во еден чекор
- Обновувачки балсам од 97% природно потекло
- Збогатен со 5 хранливи масла (авокадо, маслинка, кокос, арган и шеа) интензивно ја храни и обновува косата, ја задржува бојата и штити од исушување
- Косата е 3х понахранета и 5х посилна*
* Инструментален тест
Пакување: 1 пар ракавици, упатство за употреба, 1 шише со развивач на боја 60 мл, 1 туба со крема за боење 40 мл, 1 кесичка со балсам за нега после боење со 5 масла 12 мл.
Содржина
Употреба: одберете нанесување на бојата на цела коса или делумно само на коренот.
- Ставете ги ракавиците. Во неметален сад истурете ги развивачот на боја и кремот за боење во туба. Мешајте со четка за боење на коса се додека не добиете компактна смеса.
- Почнете со нанесување од коренот разделувајќи ја косата прамен по прамен. Останатата смеса веднаш нанесете ја по должината на цела коса. Соберете ја косата на темето. Оставете да делува 25-30 минути
- Темелно измијте ја косата се додека водата не стане чиста. Нанесете ја содржината од кесичката за нега на косата после боење. Оставете да делува 2-3 минути. Темелно исплакнете.
За делумно нанесување ставете половина од развивачот и кремата. Фарбата може да се употребува повеќе пати но секогаш приготвена непосредно пред употрбата.
Предупредување: бојата за коса може да предизвика сериозна алергиска реакција. Прочитајте и следете го упатството. Производот не е наменет за лица помлади од 16 години. Привремените тетоважи со „црна кна" може да го зголемат ризикот од алергии. Не ја фарбајте косата ако имате осип на лицето или чувствителен, иритиран или оштетен скалп или ако веќе сте имале некоја реакција по фарбање на косата или сте имале реакција на привремена тетоважа од црна кна. Занемарувањето на алергиите може да биде опасно по живот. Обавезно направете тест за алергија 48 часа пред секое користење на производот, и ако бојата за коса веќе сте ја користеле и порано. Не заборавајте да го купите производот 48 часа порано. Во случај на било каква реакција или ако се сомневате посоветувајте се со својот лекар при користење на било која боја за коса. Тест на осетливост (алергија): Припремете мала смеса за боење при тоа не користете метални материјали. Со помош на стапче за уши нанесете мала количина колку зрно грашак од смесата за боење на мал дел (2x2 цм) на внатрешната страна од вашата подлактица. Оставете ја смесата на кожата околу 45 минути, без покривање или допирање, внимавајте да не дојде во допир со облеката. После 45 минути исплакнетеја кожата со вода и избришете. Ако приметите било каква промена на кожата како чешање, црвенило, оток во текот на процесот или во следните 48 часа, веднаш исплакнете, не го користете производот и советувајте се со лекар.
Посебни мерки на претпазливост: доколку во текот на нанесување на бојата се појави: боцкање, иритација, осип или пецкање на скалпот, веднаш измијте ја косата и прекинете со нанесување. Во случај на отежнато дишење, веднаш побарајте помош од лекар. Пред повторно нанесување, советувејте се со вашиот лекар. Ако во деновите после боење на косата дојде до чешање, црвенило или дамка на скалпот или кожата, отекување на очите или лицето, пликови или течност на скалпот или кожата, одма побарајте медицинска помош (приложете го пакувањето) и обратете се на произведувачот.
Внимание: развивачот на боја содржи водород пероксид. Бојата за коса содржи: фенилендиамин (толуендиамине), амонијак. Носете ги соодветните ракавици кои се наоѓаат во кутијата. Отстранете ги сите метални предмети од косата пред бојадисување и не ги враќајте во текот на бојадисувањето. Смесата за боење припремете ја и нанесувајте ја во добро проветрена просторија. Избегнувајте контакт со очите, ушите и лицето. Не го користете за боење на трепките и веѓите ниту за брада или бркови. Доколку не се придржувате до ова може да доведе до ослепување. Во случај да дојде до контакт со очите веднаш измијте ги со вода. Ако носите контактни леќи првин извадете ги па темелно измијте ги очите. Добро исплакнете ја косата после нанесување на бојата. Почекајте најмалку 2 недели доколку сте ја ваделе бојата на косата, сте ја исправувале или сте правеле трајна. Не го употребувајте производот доколку косата сте ја обоиле со кна или друга прогресивна боја. Развивачот да се чува подалеку од топлина и светлина. Производот да не се меша со други производи. Останатата смеса фрлете ја (да не се чува во пластчното шише, може да пукне). Да се чува вон дофат на деца.