GARNIER Color Sensation Dark Blond Фарба за коса, број 6.0
Опис на производот
Garnier Color Sensation Permanent Color Cream Precious Dark Blond Интензивна долготрајна боја за коса, темно руса.
- Постојаност на бојата 6 до 8 миења или 6 до 8 недели
- Нова Fade -Resist технологија отпорна на избледување за сензационална боја
- До 100% покривање на седите влакна
- Отсјај со ефект на огледало
- Луксузна, оплеменувачка нега за после боење на косата, збогатена со есенција од дива роза за мека и сјајна коса
- Не е наменето за лица помлади од 16 години
Пакување: 1 боја за коса 40 мл, развивач (хидроген) 60 мл, балсам за нега на косата после фарбање 12 мл и ракавици.
Содржина
Употреба:
Извршете тест за алергија на кожата 48 часа пред да го нанесете овој производ дури и ако сте користеле боја за коса од овој или било којдруг бренд претходно. Доколку се појават знаци на горење, чешање или осип во текот на примената на боја за коса или потоа, треба веднаш да се иплакнете со млака вода и да прекините со употребата. Пред повторно да ја обоите косата, консултирајте се со лекар.
Тестот е разумна заштитна мерка. Овој тест не може да гарантира, сепак, дека нема да имате алергиска реакција во текот на боењето на косата.
Упатство за употреба: Одберете нанесување на бојата на цела коса или делумно само на коренот. За делумно нанесување ставете половина од развивачот и кремата за боење. Фарбата може да се употребува повеќе пати но секогаш приготвена непосредно пред употрбата. Ставете ги ракавиците. Во неметален сад истурете ги развивачот на боја и кремот за боење во туба. Мешајте со четка за боење на коса се додека не добиете компактна смеса. Нанесете веднаш на сува и неизмиена коса. Почнете со нанесување од коренот разделувајќи ја косата прамен по прамен. Останатата смеса веднаш нанесете ја по должината на цела коса. Оставете да делува 30 до 35 минути. Темелно измијте ја косата со млака вода се додека водата не стане чиста. Нанесете ја содржината од кесичката за нега на косата после боење. Оставете да делува 2 минути. Потоа исплакнете ја повторно косата.
Безбедносни упатства: Боите за коса може да предизвикаат тешки алергиски реакции. Секогаш читајтеги и следете ги упатствата на приложеното упатство! Секогаш правете тест за чувствителност на кожата 48 часа пред употреба на производот! Игнорирањето на тестот за чувствителност може да биде опасно за вашето здравје. Привремените тетоважи со црна к'на може да го зголемат ризикот од алергија.
Не го користете производот ако: имате осип налицето или чувствителен, иритиран и оштетен скалп, веќе сте реагирале на боја за коса, веќе сте реагирале на привремена тетоважа со црна к'на.
Посебни мерки на претпазливост: Доколку во текот на нанесување на бојата се појави интензивно пецкање, иритација, мозолчиња или чувство како да Ви "гори" скалпот веднаш измијте ја косата и прекинете со нанесување. Во случај на отежнато дишење, веднаш побарајте помош од лекар. Пред повторно нанесување, советувејте се со вашиот лекар. Ако после неколку дена од нанесувањето се појави чешање, црвенило, пликови, отекување на очите или лицето исто побарајте совет од лекар.
Внимание: Да се чува вон дофат на деца. Избегнувајте контакт на производот со очите. Не го користете за боење на трепките и веѓите. Во случај да дојде до контакт со очите веднаш измијте ги со вода. Ако носите контактни леќи првин извадете ги па темелно измијте ги очите. Носете ги соодветните ракавици кои се наоѓаат во кутијата. Не користете на брада, бркови или за било каква друга намена освен за боење на коса. Смесата за боење припремете ја и нанесувајте ја по можност во добро проветрена просторија. Производот не го вдишувајте или јадете. Почекајте 15 дена доколку сте ја ваделе бојата на косата, сте ја исправувале или сте правеле трајна. Не користете доколку косата сте ја обоиле со кна или друга прогресивна боја.