GREY FIX For Men Dark Brown 3 во 1 Фарба за мажи за коса, брада и мустаќи, темно кафеава нијанса

Grey Fix For Men 3 in 1 Hair-Beard Moustache Color Cream Dark Brown farba za mazi za kosa i brada, temno kafena
GREY FIX For Men Dark Brown 3 во 1 Фарба за мажи за коса, брада и мустаќи, темно кафеава нијанса
226,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
042175C
favorite_border

Опис на производот

Grey Fix For Men 3 in 1 Hair-Beard Moustache Color Cream Dark Brown Крем боја за мажи.

  • За коса, брада и мустаќи
  • Темно кафеава нијанса
  • Без амонијак
  • Ефект на природна боја
  • Брзо и лесно
  • Совршено покривање на белата боја
  • Не е наменето за лица помлади од 16 години

Пакување: 1 боја за коса 40 мл, развивач (хидроген) 40 мл и ракавици.

Содржина

Состав на фарбата: Aqua, Glycol Stearate, Glycerin, Cocamide Mea, Ethanolamine, Ammonium Chloride, Cocamidopropyl Betaine, Glyceryl Stearate Se, Oleic Acid, Ammonium Lauryl Sulfate, P-Phenylenediamine, M-Aminophenol, Sodium Metabisulfite, P-Aminophenol, 4-Chlororesorcinol, Erythorbic Acid, Tetrasodium EDTA, Parfum, N, N-bis (2 Hydroxyethyl)- P- Phenylenediamine Sulfate, Resorcinol, Cinchona Pubescens Bark Extract.

Состав на развивачот: Aqua, Hydrogen Peroxide, Cetearyl Alcohol, Ceteareth-20, Phosphoric Acid, Disodium Edta, Tetrasodium Pyrophosphate, Sodium Stannate, Salicylic Acid.

Употреба: 

Извршете тест за алергија на кожата 48 часа пред да го нанесете овој производ дури и ако сте користеле боја за коса од овој или било којдруг бренд претходно. Доколку се појават знаци на горење, чешање или осип во текот на примената на боја за коса или потоа, треба веднаш да се иплакнете со млака вода и да прекините со употребата. Пред повторно да ја обоите косата, консултирајте се со лекар.

Тестот е разумна заштитна мерка. Овој тест не може да гарантира, сепак, дека нема да имате алергиска реакција во текот на боењето на косата.

1. Подготовка на смесата за боење:

Облечете ги заштитните ракавици и, доколку е потребно покријте ги рамената со крпа за да ја заштитите облеката

  • Истуретеја содржината од тубата со крем боја во шишето со развивач
  • Затворете го цврсто капачето од шишето и силно протресете додека не се добие хомогена смеса
  • Пред да почнете со фарбање, одвртете го малото капаче на апликаторот

Користете ја мешавината за боење веднаш и не ја чувајте за употреба подоцна.

2. Фарбање на коса, брада или мустаќи:

  • Нанесете ја бојата на косата, брадата или мустаќите, почнувајки од местата каде што е концентрирана најсивата коса - слепоочници, бакенбарди и т.н
  • Исцедете мала количина од смесата, добро измасирајте ја косата брадата или мустаќите за рамномерно да се распореди производот
  • Доколку е потребно користете чешел
  • Оставете да делува 5 минути
  • Исплакнете темелно со многу вода додека не стане чиста
  • Не користете шампон
  • Акот ja нанесувате бојата за коса за прв пат и сакате да избегнете да добиете интензивни резултати на бојата, можете да го оставите производот пократко време на косата, брадата или мустаќите (2-3 минути) пред да го исплакнете
  • Доколку сакате да имате поинтензивен резултат на бојата и оптимално покривање на белата коса, можете да ја оставите бојата подолго време до максимум 10-15 минути пред да ја исплакнете

Безбедносни упатства: Боите за коса може да предизвикаат тешки алергиски реакции. Секогаш читајтеги и следете ги упатствата на приложеното упатство! Секогаш правете тест за чувствителност на кожата 48 часа пред употреба на производот! Игнорирањето на тестот за чувствителност може да биде опасно за вашето здравје. Привремените тетоважи со црна к'на може да го зголемат ризикот од алергија.

Не го користете производот ако: имате осип налицето или чувствителен, иритиран и оштетен скалп, веќе сте реагирале на боја за коса, веќе сте реагирале на привремена тетоважа со црна к'на.

Избегнувајте контакт со очи! Исплакнете веднаш ако производот дојде во контакт со нив. Не го користете за боење веѓи или трепки! Кремот за боја и развивач мора да се мешаат заедно секогаш во сооднос 1:1. Не користете метални чинии или други метални алатки за нанесување. Користете ги дадените ракавици. Добро исплакнете ја косата, брадата и мустаќите по нанесувањето! Не го изложувајте развивачот на топлина и сончева светлина! Свежо подготвената смеса треба да се употреби веднаш и само еднаш. Не ја чувајте смесата за подоцнежна употреба! Не ја оставајте смесата во затворено шише! Се чува вон дофатна деца!

Внимание: Кремот за боја содржи фенилендиамини и резорцинол. Развивачот содржи водород пероксид. 

Корисни совети пред боење:

  • Изберете нијанса што е што е можно поблиску до вашата природна боја на коса. Ако се двоумите помеѓу две нијанси, одберете ја посветлата
  • Нанесете ја бојата само на чиста и сува коса, брада или мустаќи ослободени од производи за обликување
  • Ако го оставите производот на косата подолго време од препорачаното, може да добиете потемни резултати од наведените на пакувањето.
  • Препорачуваме да се изврши тест на поединечен прамен од коса пред првото боење за да се одреди оптималниот тајминг и посакуваниот резултат на бојатa
  • Препорачуваме да ги извадите контактните леќи пред бојадисување. Ако треба да носите контактни леќи за време на боење и производот ви влезе во очите, прво извадете ги контактните леќи, а потоа исплакнете ги темелно со ладна вода и консултирајте се со лекар
  • Почекајте 24 часа по фарбањето пред да ја измиете косата, брадата или мустаќите со шампон за да избегнете миење на бојата
 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се