GSK Волтарен емулгел 1%, 50 г

GSK Voltaren Emugel 1% Gel 50 g
GSK Волтарен емулгел 1%, 50 г
494,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
000585C
favorite_border

Опис на производот

GlaxoSmithKline Волтарен емулгел 1%.

  • Содржи активна супстанција диклофенак кој припаѓа на групата на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ)
  • Специјално е формулиран за втријување во кожата и се употребува за ослободување од болка и намалување на воспаление и оток при болни состојби кои ги зафаќаат зглобовите и мускулите
  • Може да се употребува за третман на: повреди на мускули и зглобови (пр. прекумерно свиткување, истегнувања, модринки, болка во грбот, спортски повреди), тендинитис (пр. лакoт на тенисер), остеоартритис

Пакување: 50 г.

Содржина

Состав: активна супстанца е диклофенак диетиламин, 1 г гел содржи 11.6 мг диклофенак диетиламин.

Помошни супстанции: карбомер, макрогол цетостеарил етер, кокоил каприлокапрат, диетиламин, изопропил алкохол, пропилен гликол, течен парафин, мирисна крема 45, прочистена вода.

Употреба: секогаш користете го Voltaren Emulgel точно како што Ви кажал Вашиот доктор. Гелот е наменет само за надворешна употреба. Не го нанесувајте во Вашата уста. Веднаш информирајте го Вашиот доктор доколку несакајќи проголтате од содржината. Не нанесувајте од Voltaren Emulgel во Вашите очи. Доколку тоа се случи, исплакнете ги Вашите очи со чиста вода. Посетете го Вашиот доктор или фармацевт доколку почувствувате пречки во функционирањето на очите. 

Како се нанесува Voltaren Emulgel:

1. Внимателно истиснете мала количина гел од тубата, нанесете ја на кожата каде имате болка или оток, 3 до 4 пати на ден, и нежно втријте. Количината на гел што треба да се нанесе зависи од големината на болното или отечено место, но најчесто доволна количина што треба да се истисне е од големина на цреша до орев. При втријувањето во кожата може да почувствувате ефект на ладење.

2. Не нанесувајте гел на посекотини, отворени рани или на друга површина каде кожата е оштетена. По нанесување на гелот на кожата, не преврзувајте со завој или самолепливи гази.

3. Внимавајте да не нанесете гел во очите. Доколку тоа се случи, исплакнете темелно со чиста вода и информирајте го Вашиот лекар.

4. Измијте ги рацете по нанесувањето на Voltaren Emulgel освен ако тие не се предмет на третман. Затворете ја тубата со капачето.

5. Помеѓу две нанесувања треба да има временски период од најмалку 4 часа. Не нанесувајте повеќе од 4 пати во период од 24 часа.

Овој лек не се препорачува за употреба кај деца помали од 14 години.

Предупредување: не употребувајте Voltaren Emulgel: доколку сте во последните 3 месеци од бременоста,  ако сте алергични (пречувствителни) на било која составна компонента на Voltaren Emulgel, доколку сте имале алергиска реакција на диклофенак или на други лекови кои се користат за третман на болка, треска или воспалување, како ибупрофен или ацетилсалицилна киселина. Не го нанесувајте гелот на оштетена кожа, како на пр. кожа со исеченици, отворени рани, или на кожа со осип или егзема. Избегнувајте нанесување на големи површини на кожата и во тек на подолг временски период, освен ако не е по лекарска препорака. Гелот е само за надворешна употреба. Не се нанесува во уста. Да не се голта. Измијте ги рацете после употреба. Бидете внимателни Voltaren Emulgel да не дојде во допир со очи или со слузниците. Доколку тоа се случи, измијте ги очите со чиста вода. Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт доколку чувствувате нелагодност подолго време. Бидете претпазливи доколку сте се сончале или сте користеле сончеви лампи, вашата кожа може да биде чувствителна на сончева светлина.

Ако имате чир на желудник или на дванаесетпалечно црево (или таква историја), информирајте го Вашиот лекар или фармацевт пред употреба на овој гел. Доколку адолесценти на возраст од 14 години и постари го користат овој производ подолго од 7 дена за олеснување на болка или доколку симптомите се влошат, пациентот/родителите треба да консултираат лекар. Информирајте го Вашиот доктор или фармацевт ако употребувате или ако неодамна сте употребувале други лекови, вклучувајќи и лекови што се земаат без рецепт.

Voltaren Emulgel содржи: пропилен гликол, кој кај одредени луѓе може да предизвика блага локализирана иритација на кожата и бутилхидрокситолуен кој може да предизвика локални кожни реакции (пр. контактен дерматитис) или надразнетост на очите и слузниците. Доколку сте нанеле повеќе од потребно гел, избришете го вишокот со марамче. Во случај Вие или Вашето дете ненадејно да проголта Voltaren Emulgel, веднаш контактирајте го Вашиот лекар. Доколку пропуштите апликација на Voltaren Emulgel во одреденото време, нанесете веднаш штом се сетите, а потоа продолжете според вообичаениот распоред. Не нанесувајте двојна количина од гелот за да ја надоместите пропуштената доза.

Доколку сте бремена или доите, мислите дека сте можеби бремена или планирате бременост, консултирајте се кај својот лекар за совет пред да почнете со употреба на лек. Voltaren Emulgel не смее да се употребува во последните 3 месеци од бременоста, бидејќи може да му наштети на плодот или да предизвика проблеми при породувањето. Voltaren Emulgel би можел да се користи само со медицинска препорака во тек на првите 6 месеци од бременоста, дозата треба да се одржува што пониска и времетраењето на третманот колку што е можно пократок. Voltaren Emulgel може да се користи само по медицинска препорака за време на доење бидејќи диклофенак поминува во мајчиното млеко во мали количини. Како и да e, Voltaren Emulgel не би требало да се нанесува на дојките од доилка ниту пак на големи површини на кожата или во продолжен временски период. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт за понатамошни информации, доколку сте бремена или доите.

Начин на чување: да се чува на температура до 30°C. Да се чува надвор од дофат и вид на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се