GSK Волтарен форте 2%, 50 г

GSK Voltaren Forte 2% Gel 50 g
GSK Волтарен форте 2%, 50 г
723,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
033646C
favorite_border

Опис на производот

GlaxoSmithKline Волтарен форте 2%.

  • Voltaren Forte содржи активна супстанција диклофенак-диетиламин кој припаѓа на групата на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ)
  • Специјално е формулиран за втријување во кожата и има својство на подобро продирање во кожата
  • Активната супстанција делува на длабоките воспалени ткива
  • Се употребува за ослободување од болка и намалување на воспаление и оток при многубројни болни состојби кои влијаат на зглобовите и мускулите

Пакување: 50 г.

Содржина

Состав: Активна супстанција на Voltaren Forte е диклофенак диетиламин. Еден грам гел содржи 23.2 мг диклофенак диетиламин.

Помошни супстанции: бутилхидрокситолуен, карбомер, кокоил каприлокапрат, диетиламин, изопропил алкохол, течен парафин, макрогол цетостеарил етер, олеаил алкохол, пропилен гликол, мирис на еукалиптус и прочистена вода.

Употреба: 

Возрасни и адолесценти на 14 години и постари:

  • Повреди на мускули и зглобови (прекумерно свиткување, истегнувања, модринки, болка во грбот, спортски повреди), каде брзо ја ублажува болката, вклучувајќи умерена до силна болка и ја подобрува подвижноста на пациентот и придонесува за враќање на нормалната функција
  • Тендинитис (пр. лакoт на тенисер), отоци околу лактот или коленото

Возрасни (18 годишни и постари):

  • Умерена форма на воспаление на зглобовите (артритис) на колено или прсти

Секогаш употребувајте го овој лек како што е објаснето во ова упатство и следете ги инструкциите на Вашиот лекар кога употребувате Voltaren Forte. 

  • Возрасни и адолесценти на возраст од 14 години и постари: нанесете Voltaren Forte два пати на ден (наутро и навечер) на болното подрачје со што ќе се ублажи болката и до 12 часа

Како се нанесува Voltaren Forte:

  1. Внимателно истиснете мала количина гел од тубата и нанесете ја на болното или отечено место, бавно втријувајќи ја во кожата. Количината на гел што треба да се нанесе зависи од големината на болното или отечено место, но најчесто доволна количина што треба да се истисне е од големина на цреша до орев. При втријувањето во кожата може да почувствувате ефект на ладење
  2. Измијте ги рацете по втријување на Voltaren Forte за да се избегне случаен контакт со устата или очите, освен ако рацете не се предмет на третман

Немојте да употребувате Voltaren Forte подолго од:

  • Возрасни и адолесценти на возраст од 14 години и постари: 2 недели за повреди на мускули и зглобови (пр. шинувања, исчашување, модрици) или тендинитис
  • Возрасни (18 годишни и постари): 3 недели за болка при воспаление на зглобови (артритис)

Подолг период може да се употребува само по препорака од лекар.

Доколку болката и отокот не се подобрат во период од 7 дена, или доколку се влошат, консултирајте го Вашиот лекар.

Voltaren Forte е наменет само за употреба на кожа.

Предупредување: не го употребувајте Voltaren Forte: ако сте алергични (пречувствителни) на диклофенак или на било која помошна супстанција на Voltaren Forte, доколку сте алергични на други лекови кои се користат за третман на болка, треска или воспалување, како ибупрофен или ацетилсалицилна киселина (супстанција која се употребува и против згрутчување на крвта), доколку сте во последните 3 месеци од бременоста, кај деца и адолесценти помлади од 14 години.

Не го нанесувајте гелот на оштетена кожа, како на пр. кожа со исеченици, отворени рани, или на кожа со осип или егзема. Избегнувајте нанесување на големи површини од кожата и во тек на подолг временски период, освен ако не е по лекарска препорака. Гелот е само за надворешна употреба. Не се нанесува во уста. Да не се голта. Измијте ги рацете после употреба. Бидете внимателни Voltaren Forte да не дојде во допир со очи или со слузниците. Доколку тоа се случи, измијте ги очите со чиста вода. Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт доколку чувствувате нелагодност подолго време. 

Voltaren Forte може да се употребува под ортози или преврски при повреди како шинувања, но не смее да се употребува под непропустливи (пластични) завои. Доколку адолесценти на возраст од 14 години и постари го користат овој производ подолго од 7 дена за олеснување на болка или доколку симптомите се влошат, пациентот/родителите треба да консултираат лекар. Информирајте го Вашиот доктор или фармацевт ако употребувате или ако неодамна сте употребувале други лекови, вклучувајќи и лекови што се земаат без рецепт. 

Voltaren Forte содржи: пропилен гликол, кој кај одредени луѓе може да предизвика блага локализирана иритација на кожата и бутилхидрокситолуен кој може да предизвика локални кожни реакции (пр. контактен дерматитис) или надразнетост на очите и слузниците. Доколку сте нанеле повеќе од потребно гел, избришете го вишокот со марамче. Во случај Вие или Вашето дете ненадејно да проголта Voltaren Forte, веднаш контактирајте го Вашиот лекар. Доколку пропуштите апликација на Voltaren Forte во одреденото време, нанесете веднаш штом се сетите, а потоа продолжете според вообичаениот распоред. Не нанесувајте двојна количина од гелот за да ја надоместите пропуштената доза.

Доколку сте бремена или доите, мислите дека сте можеби бремена или планирате бременост, консултирајте се кај својот лекар за совет пред да почнете со употреба на лек. Voltaren Forte не смее да се употребува во последните 3 месеци од бременоста, бидејќи може да му наштети на плодот или да предизвика проблеми при породувањето. Voltaren Forte би можел да се користи само со медицинска препорака во тек на првите 6 месеци од бременоста, дозата треба да се одржува што пониска и времетраењето на третманот колку што е можно пократок. Voltaren Forte може да се користи само по медицинска препорака за време на доење бидејќи диклофенак поминува во мајчиното млеко во мали количини. Како и да e, Voltaren Forte не би требало да се нанесува на дојките од доилка ниту пак на големи површини на кожата или во продолжен временски период. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт за понатамошни информации, доколку сте бремена или доите.

Начин на чување: да се чува на температура до 30°C. Да се чува надвор од дофат и вид на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се