HEALTH AID BabyVit Mултивитамински капки, 25 мл

Health Aid BabyVit Multivitamin Liquid Drops 25 ml multivitaminski kapki za deca
HEALTH AID BabyVit Mултивитамински капки, 25 мл
960,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
059878C
favorite_border

Опис на производот

Health Aid BabyVit Multivitamin Liquid Drops БејбиВит мултивитамински капки се граничен производ.

  • Специјално формулирани за да обезбедат широк спектар на витамини за да го заштитат режимот на исхрана на доенчињата
  • Течен додаток со вкус на портокал, кој не содржи јатки и остатоци од јаткасти производи
  • Идеален за капнување во сок, млеко или вода
  • Дизајниран за доенчиња и мали деца
  • Идеален додаток за да обезбеди вашите бебиња и мали деца да ги добиваат потребните нутриенти за здрав раст и развој

На доенчињата во раст им е потребна целата помош што можат да ја добијат за да растат силни и здрави. Правилната исхрана и добро избалансирана диета се клучни за нивниот развој.

Некои од состојките во граничниот производ БејбиВит мултавитамински капки ги нудат следните придобивки:

  • Витамин А: придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и одржување на нормален вид, кожа и слузокожи
  • Витамин Д: придонесува за одржување на нормални нивоа на калциум во крвта, нормални коски и мускулна функција
  • Витамин Ц: придонесува за нормална формација на колаген, што е есенцијално за нормална функција на крвни садови, коски, р'скавици, заби, непца и кожа
  • Тиамин (витамин Б1): придонесува за нормална функција на нервниот систем и срцето
  • Рибофлавин (витамин Б2): придонесува за одржување на нормални црвени крвни клетки, кожа и вид. Исто така, придонесува за нормален метаболизам на железо и заштита на клетките од оксидативен стрес
  • Фолна киселина: е важна за клеточна репликација и раст, помагајќи во градењето на протеинска синтеза

БебиВит мултивитамински капки може да бидат корисни за:

  • Бебиња и мали деца кои не добиваат доволно нутриенти од својата исхрана
  • Бебиња и мали деца кои имаат недостаток на енергија поради слаб ритам на спиење
  • Бебиња и мали деца кои се под терапија или кои се опоравуваат од болест
  • За подобрување на имунитетот кај бебиња и мали деца
  • Оние кои имаат потешкотии со голтање на таблети

Пакување: 25 мл.

Содржина

Состав: Содржина во 1 мл течност: 

Активна супстанција: витамин Ц (аскорбинска киселина) 50 мг, витамин Б3 (никотинамид) 8 мг, витамин Е (ди-алфа токоферол ацетат) 5 мг, витамин Б1 (тиамин хидрохлорид) 1.07 мг, витамин Б2 (рибофлавин) 0.4 мг, витамин Б6 (пиридоксин HCL) 0.4 мг, витамин А (ацетат препарат) 300 мкг, фолна киселина 55 мкг, витамин Д3 (холекалциферол препарат) 10 мкг, витамин Б12 (цијанокобаламин) 2 мкг, згуснувач глицерин 700 мг.

Помошни супстанции: засладувач (сахароза), стабилизатор (полиетилен гликол 40 (ПЕГ40)), засилувач на вкус (портокалово масло), конзерванс (натриум бензоат), вода.

Дозирање и начин на употреба: Секогаш употребувајте го граничниот производ БејбиВит мултавитамински капки според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Земете BabyVit капки секојдневно со храна. Добро протресете пред употреба.

  • Доенчиња до 4 месеци: 1/2 мл (приближно 12 капки)
  • Од 4 до 12 месеци: 1 мл (приближно 25 капки)
  • Над 12 месеци до 4 години: 1-2 мл (приближно 50 капки)

Не ја надминувајте препорачаната дневна доза освен ако не е советувано од соодветно квалификувано лице. 

Не содржи: квасец, глутен, сол, пченица, лактоза, јаткасти плодови, млечни производи, вештачки бои и ароми.

Мерки на претпазливост: Немојте да употребувате БејбиВит мултавитамински капки ако имате преосетливост (алергија) на било која составна компонента на БејбиВит мултавитамински капки. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, или пак сте алергични на нешто. Производот не е наменет за лекување или превенција на болест. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

Начин на чување: на суво место, на собна температура. Да се чува подалеку од дофат на деца! 

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се