HEALTH AID Haemovit Plus, 30 капсули

Health Aid Haemovit Plus 30 capsules hemovit
HEALTH AID Haemovit Plus, 30 капсули
974,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
059879C
favorite_border

Опис на производот

Health Aid Haemovit Plus Хемовит Плус гел капсули.

  • Специјално формулирани за да ги обезбедат виталните материи потребни за формирање на здрави крвни клетки и силен имун систем
  • Богати се со железо, витамин Б12, цинк и бакар со цел да се помогне во создавањето на силна одбрана на телото и да се засили нервниот систем
  • Оптимална нега за луѓе со посебни хранливи потреби
  • Соодветен и за мажи и за жени
  • Може да помогнат да се избегне тежок губиток на крв при анемични ситуации и менструален циклус
  • Може да ги зајакне крвните садови, коските и тетивите
  • Може да ја подобри апсорпцијата на железо во телото
  • Може да помогне при размножување на клетките и формирање на црвени крвни клетки
  • Може да помогне да се одржи здраво срцето

Анемијата која е резултат на недостаток на железо е многу честа насекаде во светот, особено кај жени со тешки менструални крварења и кај луѓе кои имаат лоша исхрана или пак се хранат на вегетаријански начин.

  • Хемовит плус гел капсулите обезбедуваат високо количество на железо во форма на железо фумарат (кој не го надразнува желудникот) заедно со витаминот Ц што помага да се зголеми количеството на железо кое вашето тело го апсобира
  • Витамините Б12 и Б6 се додадени бидејќи тие се неопходни за размножување на клетките и создавање на црвените крвни клетки, помагаат да се ослободи енергијата од храната и играат важна улога во создавањето на ДНА
  • Витаминот Б12 исто така помага да се одржи здравјето на нервниот систем, а фолната киселина штити од создавање на вродени дефекти
  • Кога витамините Б6 и Б12 се земаат со фолната киселина, помагаат во создавањето на хомоцистеин и со тоа можат да помогнат да се намали ризикот од срцеви заболувања и депресија
  • Цинкот и бакарот ја подобруваат состојбата на косата и кожата и го одржуваат растот
  • Бакарот и манганот се есенцијални минерали во траги кои помагаат да се зајакнат крвните садови, коските, тетивите, нервите и имат антиоксидантната активност во телото.

Хемовит Плус гел капсулите може да бидат корисни за:

  • Луѓе со анемија поради недостаток на железо
  • Жени со тешки менструални крварења
  • Вегетаријанци и луѓе со лош начин на исхрана
  • Луѓе кои страдаат од невролошки и кардиоваскуларни нарушувања и луѓе кои страдаат од замор и депресија
  • Бремени жени (само по консултација со лекар)

Пакување: 30 гел капсули.

Содржина

Состав: 1 гел капсула содржи: адитив (масло од соја, растителна маст, жолт пчелин восок, витамин Б12 (калциум фосфат, цијанокобаламин) 100 мкг, железо (ferrous fumarate) 47 мг, обвивка на капсулата (гел (желатин) навлажнувач (глицерин), природни бои (црвен железен оксид)), витамин Ц (аскорбинска киселина) 75 мг, емулгатор (сончогледов лецитин), манган сулфат 2.5 мг, пиридоксин 5 мг, бакар сулфат 2.5 мг, цинк оксид 4 мг, фолна киселина 500 мкг.

Не содржи квасец, глутен, пченица, млечни производи, лактоза, скроб, шеќер и сол, вештачки конзерванси и ароми.

Овој производ содржи железо, кое доколку се зема прекумерно може да биде штетно за многу мали деца. 

Алергени информации: Овој производ содржи соја.

Препорачана дневна доза: Возрасни и деца над 12 години, една капсула на ден со храна. Да не се зема повеќе од препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.

Мерки на претпазливост: Овој производ користете го според упатството кое е наведено на пакувањето. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Пред да го земете овој производ ве молиме посетете го вашиот лекар доколку имате некои здравствени проблеми, доколку сте на некоја препишана терапија, бремени сте или доите или пак страдате од алергии. Производот не е наменет за лекување или превенција на болест. 

Начин на чување: на суво место, на собна температура. Да се чува подалеку од дофат на деца!

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се