HEALTH AID Hair-vit, 30 капсули
Опис на производот
Health Aid Hair-vit Хер-вит е граничен производ.
- Hair-vit капсулите се специјално формулирани за да обезбедат витални хранливи материи потребни за здрав изглед на косата
- Богати со витамини Б, амино киселини и цинк за збогатување на текстурата, волуменот и бојата на вашата коса
- Со дополнителната придобивка од биотин кој придонесува за одржување на нормална коса
- Морскиот колаген содржан во капсулите Hair-vit се апсорбира поефикасно и помага во зајакнување на фоликулите на косата
- Оптимална нега за цврста, густа и сјајна коса
- Погодни за мажи и жени
- Може да помогнат за хранење на фоликулите на косата, да се згусне косата и да и дадат сјај на косата
- Може да помогнат да се намали опаѓањето на косата кај мажите и жените
- Помагаат и за намалување на опаѓањето на косата по примање лекови, зрачење, кожни болести, стрес и анксиозност
- Може да обезбедат цела палета на минерали за здрав раст на косата
- Граничниот производ Hair-vit капсули може да биде корисен за:
- Луѓе кои имаат оштетена коса поради лоша исхрана
- Луѓе кои доживуваат периоди на екстремен стрес
- Луѓе кои чувствуваат дека им паѓа повеќе коса од нормално на дневна основа
- Жените кои минуваат низ бременост или менопауза и мажи кои доживуваат хормонални промени со возраста
- Луѓе кои се изложени на големи загадувања
- Луѓе кои сакаат да ја негуваат косата
Пакување: 30 капсули.
Содржина
Состав: Содржина во 1 капсула:
Активна супстанција: тиамин (витамин Б1) (како тиамин нитрат) 10 мг, рибофлавин (витамин Б2) 10 мг, ниацин (витамин Б3) (како никотинамид) 20 мг, витамин Б6 (пиридоксин НСI) 5 мг, витамин Б12 (цијанокобаламин) 2 мкг, Д-биотин 20 мкг, пантотенска киселина (калциум пантотенат) 10 мг, железо (железен сулфат) 12 мг, цинк (цинк сулфат монохидрат) 2 мг, холин битартрат 50 мг, инозитол 50 мг, параамино бензоева киселина (РАВА) 10 мг, квасец (Saccharomyces cerevisiae) 100 мг, хидролизиран желатин во прав** 265 мг, лецитин (соја лецитин) 20 мг, Л-цистеин хидрохлорид 30 мг, DL-метионин 30 мг, морски колаген 50 мг, манган (манган сулфат), фолна киселина, бакар (бакар сулфат).
Помошни супстанции: калциум хидроген фосфат, масло од соја, жолт пчелин восок, триглицериди (среден ланец), желатин, глицерол, црн железен оксид, црвен железен оксид.
Не содржи глутен, пченица, млечни производи, лактоза, скроб, вештачки бои, конзерванси и ароми.
Информации за алергени: Овој производ содржи соја и квасец.
Дозирање и начин на употреба: Возрасни и деца над 16 години по една капсула дневно со појадок.
Мерки на претпазливост: Немојте да го употребувате производот доколку сте преосетливи (алергија) на било која компонента на Хер-вит. Производото не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или ако сте алергични на нешто, ве молиме да се консултирате со Вашиот лекар пред употреба на овој производ. Не надминувајте ја препорачаната дневна доза, освен ако поинаку не ве советува соодветно квалификувано лице. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
Начин на чување: да се чува на ладно суво место, подалеку од вид и дофат на деца!