HEALTH AID Magnesium Bisglycinate, 60 таблети
Опис на производот
Health Aid Magnesium Bisglycinate Магнезиум Бисглицинат е граничен производ.
- Магнезиум Бисглицинат користи магнезиум врзан за аминокиселината глицин, која ја олеснува интестиналната апсорпција на магнезиумот
- Познато е дека има подобар релаксирачки ефект од другите форми, бидејќи е врзан за аминокиселински глицин познат по неговото смирувачко влијание врз нервниот систем
- Некои експерти тврдат дека Магнезиум бисглицинат хелат се чини дека е најбезбедната и форма на магнезиум која најлесно се апсорбира. Магнезиум бисглицинат, не само што е форма на магнезиум која многу добро се апсорбира, туку и не наметнува лаксативно дејство. Поради оваа причина, тој е посоодветен за луѓе со воспалена и многу чувствитлна обвивка на дебелото црево, на кое сè уште му треба магнезиум, но не и лаксатив
- Магнезиум бисглицинат помага при ублажување на опстипацијата, помагајќи да се зголеми производството на релаксирачкиот и смирувачки хормон Серотонин, познат како регулатор на интестиналната подвижност
- За разлика од многу други производи магнезиум бисглицинат, кои често се состојат од нереактивна и нехелатна мешавина на магнезиумско соединение и 1-глицин, магнезиум бисглицинат на HealthAid е во 100% чиста хелатна и целосно реактивна форма, во просек, се апсорбира до десет пати повеќе од стандардниот магнезиум
- Магнезиум бисглицинат хелат на HealthAid е збогатен со витамин Б6 кој го олеснува клеточното навлегување на магнезиумот, ја зголемува неговата ефикасност и ја ограничува екскрецијата
- Откриено е дека дополнителниот магнезиум во комбинација со витамин Б6 е поефикасен отколку само магнезиумот
- Освен подобрување на апсорпцијата и ефективноста на магнезиумот, витаминот Б6 придонесува за нормална функција на нервниот и имунолошкиот систем, нормална психолошка функција, регулирање на хормоналната рамнотежа и хормоналната активност и кај мажите и жените и намалување на заморот и истоштеноста
- Поради силното исцрпување на почвите, лошите навики во исхраната, употребата на популарни стимуланси и хроничен стрес милиони страдаат од недостиг на магнезиум, дури и без да знаат за тоа
- Се проценува дека 80% посто од нас имаме недостиг на магнезиум. Покрај тоа, недостигот на магнезиум често се дијагностицира погрешно затоа што не се појавува на крвни тестови бидејќи само 1% од магнезиумот во организмот се наоѓа во крвта
- Според д-р Норман Шели, "Секое познато заболување е поврзано со недостиг на магнезиум. Недостигот на магнезиум може да биде одговорен за повеќе болести од која било друга хранлива материја"
- Магнезиумот е неопходен минерал кој придонесува за нормално функционирање на мускулите, мозокот и нервниот систем, одржувањето на здрави коски и заби, намалувањето на заморот и исцрпеноста што дава нормална енергија, рамнотежа на електролити и синтеаза на протеини
- Магнезиумот е важен за поддршка на здрав имунолошки систем и кардиоваскуларни функции
- Како резултат на неговата способност да ги релаксира мускулите, суплементите на магнезиум можат да бидат од голема корист за луѓето кои страдаат од грчеви во мускулите, вклучувајќи ги и оние со спастичен колон, грчеви во стомакот, главоболки, мигрена и жени со прекумерни контракции на матката
- Во човечкото тело магнезиумот е неопходен за активирање на сите ензими кои го претвораат витаминот Д во неговата последна форма. Кај луѓето кои имаат недостаток на магнезиум, витаминот Д не носи не носи никакви придобивки дури и ако се земат многу високи дози на витамин Д на подолг временски период!
Граничниот производ Магнезиум Бисглицинат 375 мг таблети може да биде корисен за:
- Смирувачки ефект врз нервниот систем
- Ако се зема пред спиење им користи на луѓето со проблеми со спиењето
- Помага за релаксирање на мускулите и внатрешните органи
- Се препорачува за луѓе со грчеви во стомакот и спастичен колон
- Корисно е за жени кои имаат предменструален синдром (ПМС) и грчеви во матката
- Ја поддржува функција на срцевиот мускул, ги релаксира крвните садови и го нормализира крвнот
притисок - Помага во одржување на функционалноста на имунолошкиот систем
- Придонесува за производство на енергија и здрав метаболизам
- Го поддржува развојот и здравјето на коските и забите
- Апсолутно клучно за правилно претворање и ефикасност на дополнителниот витамин Д
- Помага во одржување на здраво ниво на гликоза во крвта
- Го поддржува производство на хормонот за добро расположение, серотонин
- Може да ги олесни главоболките од мигрена (функционира уште подобро кога се комбинира со витамин Б2 и 5-ХТП триптофан)
- Помага во зголемување на можноста за контрола на стресот
- Може да помогне во олеснување на констипацијата
Пакување: 60 таблети.
Содржина
Состав: Содржина во 2 таблети:
Активна супстанција: магнезиум бисглицинат (хелат) 750 мг кој обезбедува: елементарен магнезиум 150 мг, витамин Б6 пиридоксин HCL 5 мг.
Помошни супстанции: агенс за зголемување на маса (дикалциум фосфат, микрокристална целулоза), антислепувачки агенс (растителна стеаринска киселина, растителен магнезиум стеарат), обложување (хидрокси пропил метил целулоза (НРМС), глицерол).
Не содржи квасец, глутен, пченица, соја, млечни производи, шеќер и сол.
Не содржи вештачки бои, конзерванси и ароми.
Дозирање и начин на употреба: Возрасни лица и деца над 12 години, две таблети дневно. Возрасните можат да зголемат до 4 таблети дневно доколку е потребно. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.
Мерки на претпазливост: Не го користете производот ако сте преосетливи (алергија) на било која составна компонента на граничниот производ Магнезиум Биглицинат 375 мг таблети. Овој производ користете го според упатството кое е наведено на пакувањето. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто. Не го користете овој производ по истек на рокот за употреба. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.
Начин на чување: да се чува на ладно суво место, подалеку од вид и дофат на деца!