HEALTH AID Metcobin Methylcobalamin B12 1000 мкг, 60 таблети

Health Aid Metcobin Methylcobalamin B12 1000 µg, 60 tablets Vitamin B12
HEALTH AID Metcobin Methylcobalamin B12 1000 мкг, 60 таблети
1.080,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
059903C
favorite_border

Опис на производот

Health Aid Metcobin Methylcobalamin B12 1000 µg Меткобин Метилкобаламин Б12 1000 мкг е граничен производ.

  • Метилкобаламинот се смета за најдостапна био-форма на витамин Б12 (кобаламин) и кога се раствора под јазикот, тој не се губи во дигестивниот процес, туку директно стигнува во крвотокот, со што значително се зголемува неговата апсорпција и ефективност

Витаминот Б12 е значаен за:

  • Одржување и заштита на нервните клетки
  • Правилен метаболизам на масти, јаглехидрати и протеини
  • Намалување на знаци на анемија предизвикана од недостаток на витамин Б12
  • Потпомагање на производството на нови крвни клетки
  • Потпомагање на зголемувањето на енергијата и подобрување на функциите на мозокот, вклучително помнењето и фокусирањето
  • Поддршка на имунолошкиот систем
  • Можно намалување на зачестеноста на повторени чирови на устата
  • Поддршка на срцето, непцата и варењето
  • Развивање на здрав фетус во текот на бременоста
  • Поддршка на плодноста

Граничниот производ Меткобин Метилкобаламин Б12 1000 мкг таблети може да биде корисен за:

  • Оние кои често чувствуваат замор или исцрпеност и сакаат да ја зголемат енергијта
  • Вегани, вегетаријанци и сите оние кои што не користат извори на витамин Б12 во својата исхрана
  • Луѓе над 50 годишна возраст и особено повозрасните (како резултат од зголемувањето на недостатокот од гликопротеин заради стареењето)
  • Поединци со високи нивоа на хомоцистеин кои што сакаат да го подобрат здавјето на кардиоваскуларниот систем
  • Повозрасните лица и сите оние на кои што им треба подобрување на помнењето, концентрацијата и менталната бистрина
  • Поединците на кои што им треба помош за намалување на зачестеноста на повторени инфекции
  • Луѓето кои што имаат пониска желудочна киселина како резултат на редовна употреба на антациди или други фактори
  • Оние кои што земаат терапија за намалување на холестеролот како што се статини
  • Паровите кои што планираат бременост и бремените жени кои што имаат недостаток од витамин Б12
  • Луѓе кои што консумираат големи количини алкохол
  • Секој што сака да обезбеди правилни серумски нивоа на витаминот Б12

Пакување: 60 таблети.

Содржина

Состав: 1 таблета содржи: метилкобаламин (витамин Б12) 1000 мкг.

Помошни супстанции: засладувач (ксилитол), средство за зголемување на маса (микрокристална целулоза), природен вкус на црна рибизла, средство против згрутчување (вег. стеаринска киселина, вег. магнезиум стеарат). 

Не содржи квасец, глутен, пченица, соја, млечни состојки, лактоза, шеќер, желатин, сол, вештачки бои, конзерванси и ароми.

Препорачана дневна доза:

  • Деца на возраст од 3 до 12 години: по една таблета дневно со појадок
  • Возрасни и деца постари од 12 години: по една таблета дневно со појадок (по потреба дозата може да се зголеми на две таблети

Таблетата се става под јазикот и се остава да се раствори најмалку неколку минути или се додека потполно не се раствори, бидејќи ако ја голтнете значително ќе се намали нејзината апсорпција и ефективност. Да не се пречекорува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.

Предупредување: немојте да го употребувате граничниот производ Меткобин Метилкобаламин Б12 1000 мкг доколку сте преосетливи (алергија) на било која составна компонента. Овој производ користете го според упатството кое е наведено на пакувањето. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Секогаш употребувајте го граничниот производ Меткобин Метилкобаламин Б12 1000 мкг според препораките дадени во упатството или како што Ви препорачал Вашиот лекар. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто. Не го користете овој производ по истек на рокот за употреба. Советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост. Не е забележано влијание на граничниот производ Меткобин Метилкобаламин Б12 1000 мкг врз способноста за возење или ракување со машини. Да се чува на ладно суво место. Граничниот производ да се чува на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се