HEALTH AID Vitamin D3 5000 iu, 30 капсули

Health aid vitamin d3 5000 iu
HEALTH AID Vitamin D3 5000 iu, 30 капсули
1.013,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
063305C
favorite_border

Опис на производот

Health Aid Vitamin D3 5000 iu е граничен производ.

  • Витаминот Д3 е витамин растворлив во масти кој придонесува за нормална функција на имуниот систем, апсорпција/искористување на калциум и фосфор, одржување на нормални коски, нормална функција на мускулите, одржување на нормални заби и исто така придонесува за нормално ниво на калциум во крвта
  • Заедно со калциумот, витаминот Д исто така помага при намалување на загубата на минералите во коските кај жени во пост-менопауза
  • Витаминот Д3 има улога во процесот на поделба на клетките

Витамин Д3 5000 ИЕ капсулите може да бидат корисни за: 

  • Луѓе кои сакаат да ги одржуваат коските и забите здрави и цврсти
  • Оние кои имаат ограничена изложеност на сонце
  • Повозрасни луѓе кои се склони кон слабост на коските
  • Луѓе чиј организам не може да абсорбира соодветна количина на витамин Д3
  • Луѓе со лоша исхрана или на кои им недостасуваат витамини растворливи во масти како што е витаминот Д3

Пакување: 30 капсули.

Содржина

Состав: 1 таблета содржи:

Активна супстанција: витамин Д3 5000 ие (125 мкг) (холекалциферол).

Помошни супстанции: агенс за зголемување на волумен (малтодекстрин), обвивка на капсулата (вег. целулоза).

Не содржи квасец, глутен, пченица, шеќер, соја, млечни состојки, сол, вештачки бои, конзерванси и ароми.

Употреба: возрасни една капсула на ден или како што е советувано од соодветно квалификувано лице. Да не се надминува препорачаната дневна доза освен доколку тоа не е препорачано од соодветно квалификувано лице.

Предупредување: немојте да го употребувате производот доколку сте преосетливи (алергија) на било која составна компонента на граничниот производ. Производот не смее да се користи како замена за разновидна исхрана. Ве молиме пред да го земете овој производ да се консултирате со вашиот лекар доколку боледувате од некоја болест, доколку земате лекови, ако сте бремени или доите или пак сте алергични на нешто.

Начин на чување: да се чува на суво и ладно место. Да се чува на места недостапни за деца.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се