HELP PHARMACEUTICALS Ксалурон вагинални супозитори (вагиналети), 10 вагиналети

Xaluron Vaginal Suppositories, vaginalni supozitori (vaginaleti)
HELP PHARMACEUTICALS Ксалурон вагинални супозитори (вагиналети), 10 вагиналети
640,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
052685C
64,00 ден./парче
favorite_border

Опис на производот

Help Pharmaceuticals Xaluron Вагинални супозитори (вагиналети) од хијалуронска киселина.

  • Помага за брзо обновување и реформација на вагиналната мукоза на природен начин
  • Хијалуронската киселина, главната состојка, е природен составен елемент на човечкото тело. Хијалуронската киселина врзува вода и формира вискоеластична мембрана-матрица во површината на вагиналната мукоза. Така, формира заштитна матрица на мукозата и помага при обновување на природната влажност. На овој начин може многу да влијае на еластичноста на ткивата и да го поддржува природниот процес на заздравување

Индикации:

Вагиналетите од хијалуронска киселина се индицирани за подобрување на сувоста на вагината:

  • Кај жени во менопауза со утврдена вагинална атрофија и симптоми на иритација, чешање и болка при сексуален однос (диспареунија)
  • Кај жени пред менопауза по неодамнешна операција во пределот на гениталиите, предиспонирачки за диспареунија
  • Кај жени со дистрофија на вагиналната мукоза како резултат на јонизирачко зрачење, криоаблација, хемотерапија, кортикостероиди, орални контрацептиви или каква било друга медицинска интервенција

Вагиналетите од хијалуронска киселина се користат како потпорен фактор на процедурите за реставрација на атрофични и дистрофични состојби на вагиналната мукоза. Тие ја олеснуваат негата на раните по раѓањето, при хируршки операции на вагината, по криоаблација, при дистрофии по хемотерапија со јонизирачко зрачење - ласер, при сенилна сувост, при естрогена инсуфициенција поради природна менопауза, но исто така и поради менопауза предизвикана од медицински причини, како на пример хистеректомија, овариектомија, како и долга употреба на кортикостероиди и орални контрацептиви.

Пакување: 10 вагиналети.

Содржина

Состав: секоја вагиналета (2 г) содржи хијалуронска киселина 5 мг (како натриумова сол), екстракт од масло од азиска сентела, екстракт од масло од невен, липосолубилен екстракт од алое, есенцијално масло од мелалеука (масло од чајно дрво), цврсти маснотии (полусинтетички глицериди), пропил парахидроксибензоат, бутилхидрокситолуен, бутил парахидроксибензоат, изобутил парахидроксибензоат.

Примена на производот и времетраење на употреба: времетраењето на употребата е обично 30 дена, но може да се продолжи според состојбата и упатствата на лекарот или фармацевтот. Хијалуронатните супозитории се наменети за локална вагинална апликација, секогаш кога е потребно. Времетраењето на употребата не може лесно да се дефинира.

Кај пациенти подложни на зрачење, употребата ќе продолжи паралелно со радиотерапијата, обично не долго.

Кај жени пред менопауза со неодамнешна операција во пределот на гениталиите, употребата ќе биде привремена, во зависност од напредокот на заздравувањето. Жените во менопауза, со вагинална атрофија и сувост како резултат на ниско ниво на ендогени естрогени, треба да го употребуваат производот систематски, иако дури и во овие случаи употребата може да биде наизменична, во зависност од нивниот сексуален живот. Во двата случаи, хијалуронската киселина е физиолошка состојка на човечкиот организам и не предизвикува сериозна загриженост за токсичност.

Употреба: Вообичаена доза е една вагиналета секоја вечер, инсертирана длабоко интравагинално, или во согласност со упатствата на вашиот лекар или фармацевт.

Контраиндикации: доколку постои позната алергија или преосетливост на која било од состојките. Интеракции со други лекови или вагинални медицински помагала не се познати.

Предупредување: продолжената употреба на производот може да предизвика реакции на хиперсензитивност. Во овој случај, треба да го прекинете третманот и да се консултирате со вашиот лекар или фармацевт. Да не се голта. Да се избегнува контакт со очи. 

Производот се чува добро затворен, подалеку од светлина и топлина и на температура пониска од 25°С. Да се чува подалеку од дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се