HEMOFARM Колдрекс, 12 таблети

Hemofarm Coldrex 12 tablets koldreks
HEMOFARM Колдрекс, 12 таблети
229,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
059109C
favorite_border

Опис на производот

Hemofarm Coldrex Колдрекс е наменет за ублажување на симптомите на настинка и грип.

  • За возрасни и деца постари од 12 години. 

Лекот содржи 5 активни супстанци:

  • Парацетамол - кој ја ублажува болката и ја намалува зголемената телесна температура кога имате треска
  • Фенилефрин хидрохлорид - деконгестив кој го отпушува носот и го олеснува дишењето
  • Кофеин - благ стимулант
  • Терпин монохидрат- експекторанс (го олеснува искашлувањето)
  • Аскорбинска киселина (витамин Ц) – се додава да го надополни витаминот Ц, кој вообичаено се губи во почетните фази на грип и настинка.

Пакување: 12 таблети.

Содржина

Состав: Активни состојки: 500 мг парацетамол, 25 мг кофеин, 5 мг фенилефрин-хидрохлорид, 20 мг терпин монохидрат, 30 мг аскорбинска киселина.

Помошни состојки: пченкарен скроб, прежелатинизиран скроб, талк, стеаринска киселина, повидон, калиум сорбат, натриум лаурил сулфат, Eurocol Sunset Yellow Е110.

Колдрекс ја содржи помошната состојка (боја) Eurocol Sunset Yellow (Е110), која може да предизвика алергиски реакции.
Лекот содржи кофеин. Избегнувајте претерана употреба на пијалоци кои содржат кофеин (на пример кафе, чај, газирани пијалоци кои содржат кофеин).

Употреба: Секогаш земајте го овој лек како што е наведено во упатството или како што Ви појаснил Вашиот доктор или фармацевт. Доколку не сте сигурни проверете со Вашиот лекар или фармацевт.

  • Возрасни  и деца постари од 12 години: 1 – 2 таблети може да се земат најмногу 4 пати дневно

Не смее да се земат повеќе од 8 таблети во тек на 24 саати. Не смее да се земат во интервал пократок од 4 саати. Да не се надминува препорачаната доза.

Лекот не смее да се зема подолго од 7 дена, без претходен медицински совет.

  • Деца под 12 годишна возраст: Не се препорачува употреба кај деца под 12 годишна возраст.

Ако симптомите на болеста продолжат и по земање на терапија, обратете се кај Вашиот лекар. 

Мерки на претпазливост: 

Колдрекс не смее да се користи доколку: сте алергични (пречувствителни) на парацетамол, фенилефрин хидрохлорид, кофеин, терпин монохидрат, витамин Ц или на некоја од другите помошни состојки кои се составен дел од лекот, имате заболување на црниот дроб или сериозни нарушувања на функцијата на бубрезите, имате зголемена активност на тироидната жлезда, дијабет или имате висок крвен притисок или доколку имате срцеви заболувања, глауком на зтворениот агол или феохромацитом (тумор на надбубрежната жлезда), земате трициклични антидепресиви (на пример имипрамин или амитриптилин), бета-блокатори (лекови кои се користат за лекување на срцеви заболувања или висок крвен притисок) или ако користите или сте користеле антидепресиви од групата инхибитори на моноаминооксидаза во тек на минатите две недели.

Колдрекс таблетите не се наменети за долготрајна употреба. Консултирајте го Вашиот лекар пред употреба на овој лек доколку: имате заболување на крвните садови, познато под името Рејнов феномен (може да се манифестира како болка во прстите на рацете или нозете како реакција на ладно или стрес), имате проблем со простата или мокрењето, имате заболување со срцето и крвните садови, имате проблем со неухранетост или потхранетост или ако хронично консумирате алкохол, имате сериозна инфекција (сепса) со оглед на тоа дека ова може да го зголеми ризикот за метаболна ацидоза.

Лекот Колдрекс содржи деконгестив, не употребувајте Колдрекс истовремено со други лекови за третман на настинка и грип, деконгестиви (лекови кое се користат за намалување на назална конгестија и запушеност на носот), средства за смалување на аптетит или психостимуланси на база на амфетамин, лекови кои содржат антихипертензиви. Колдрекс содржи парацетамол. Не го користете овој лек доколку земате било кој друг лек кој содржи парацетамол (вклучувајќи и оние кои се издаваат на лекарски рецепт или без лекарски рецепт). Земање на парацетамол во дози повисоки од препорачаните може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб.
Не треба да се зема поголема доза од препорачаната.
Ризикот од предозирање е поголем кај пациенти кои имаат алкохолна болест на црниот дроб без цироза. 

Известете го Вашиот доктор или фармацевт доколку земате, или до неодамна сте земале некои други лекови. Пред да започнете со употреба на овој лек, разговарајте со Вашиот доктор или фармацевт доколку земате метоклопрамид или домперидон (кои се користат за третман на мачнина или повраќање), холестирамин (кој се користи за намалување на нивото на холестерол во крвта), лекови за зголемување или намалување на апетит, ергот алкалоиди (на пример ерготамин или метилсергид), дигоксин (или други лекови кои се користат во терапија на срцеви заболувања), или земате лекови за разредување на крвта, на пример варфарин и треба долго време секојдневно да земате лекови против болка, консултирајте лекар заради можен ризик од крварење. Можна е повремена примена на лекот Колдрекс истовремено со антикоагуланти. Не смеете да го земате лекот Колдрекс доколку земате лекови за терапија на депресија (на пример трицикличните анти-депресиви како што е амитриптилин), бета-блокатори или сте користеле антидепресиви од групата на инхибитори на моноаминооксидаза во тек на изминатите две недели. 

Не се препорачува примена на лекот во тек на бременост, поради зголемување ризик за спонтан абортус заради присуството на кофеин. Лекот не треба да се применува во период на доење без претходна консултација со лекар.

Во случај на предозирање, дури и ако се чувствувате добро, потребно е да побарате итен медицински совет. Доколку сте заборавиле да земете Колдрекс земете таблета веднаш штом се сетите. Возрасни и деца постари од 12 години не смеат да земаат повеќе од 8 таблети во тек на 24 часа.

Начин на чување: Да се чува на температура до 25°С, во оригиналното пакување, заштитено од влага. Да се чува вон дофат на деца. Да не се употребува по датата на истекување на рокот означена на пакувањето. Датумот на истекот на рокот се однесува на последниот ден од наведениот месец.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се