HIPP Organic Combiotic 1 Почетна формула за доенчиња, од раѓање, 800 г
Опис на производот
Hipp Organic Combiotic Organic Infant Milk 1 Почетна формула за доенчиња, во прав, од раѓање.
- Производот е соодветен за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата од денот на раѓање доколку тие не се дојат
- Хип Органик Комбиотик со природни млечно-киселински култури, инспирирани од природата, L.fermentum
- Природни млечно киселински култури (L. fermentum), првично добиени од мајчино млеко
- Мајчиното млеко содржи голем број на природни млечно-киселински култури кои може да варираат од мајка до мајка
- Само со лактоза
- Содржи само лактоза и можете да го храните Вашето бебе по потреба, колку често и во количина во која Вашето бебе сака да пие
- Строга контрола на квалитетот
- Најголема можна безбедност за Вас и Вашето бебе од суровината до финалниот производ
- Метафолин
- Извор на фолна киселина, инспириран од природата
- L.fermentum CECT5716 и ГОС се клинички докажани
- Идеална за надополнување на доењето
- Кога се префрлате на Хип 1 Органик Комбиотик® галактоолигосахаридите (ГОС) во Хип 1 Органик Комбиотик® може да доведат до помеки столици. Хип 1 Органик Комбиотик® е прилагодена да ги задоволи посебните нутритивни потреби на доенчињата и нивните чувствителни стомачиња
Пакување: 800 г.
Содржина
Состав:
| вредности на 100 мл производ* | |
| Енергија | 276 kJ/ 66 kcal |
|
Масти од кои: заситени мононезаситени полинезаситени од кои: алфа-линоленска киселина (омега-3) докозахексаеноична киселина ДХА линолна киселина арахидонска киселина |
3.6 г 1.5 г 1.6 г 0.5 г 0.06 г 13.2 мг 0.40 г 13.2 мг
|
|
Јаглехидрати од кои: шеќери лактоза инозитол влакна од кои: галакто-олигосахариди |
7 г 7 г 6.9 г 4.2 мг 0.3 г 0.3 г |
|
Протеини од кои: Л-карнитин |
1.28 г 1.8 г |
| Минерални супстанции | |
| Натриум | 20 мг |
| Калиум | 76 мг |
| Хлорид | 51 мг |
| Калциум | 51 мг |
| Фосфор | 30 мг |
| Магнезиум | 4.5 мг |
| Елементи во трагови | |
| Железо | 0.50 мг |
| Цинк | 0.50 мг |
| Бакар | 0.053 мг |
| Манган | 0.0050 мг |
| Флуорид | <0.0050 мг |
| Селен | 3.8 мкг |
| Јод | 15 мкг |
| Витамини | |
| Витамин А | 54 мкг |
| Витамин Д | 1.5 мкг |
| Витамин Е | 0.70 мг |
| Витамин К | 5.1 мкг |
| Витамин Ц | 8.9 мг |
| Витамин Б1 (тиамин) | 0.050 мг |
| Витамин Б2 (рибофлавин) | 0.14 мг |
| Ниацин | 0.34 мг |
| Витамин Б6 | 0.029 мг |
| Фолна киселина | 10 мкг |
| Витамин Б12 | 0.12 мкг |
| Биотин | 1.5 мкг |
| Пантотенска киселина | 0.34 мг |
| Дополнителни хранливи вредности | |
| Холин | 25 мг |
*Стандарден раствор: 12.9 г HiPP 1 Combiotic®+ 90 мл вода = 100 мл производ готов за пиење
1 рамна мерица = 4.3 г HiPP 1 Combiotic®
Состојки: обезмастено млеко*, производ од сурутка*, растителни масла* (палмино масло, масло од репка*, сончогледово масло*), лактоза*, галакто-олигосахариди* од лактоза*, рибино масло, калиум хлорид, масло од Mortierella alpina, холин, натриум цитрат, L-фенилаланин, калциумови соли на ортофосфорна киселина, натриум селенит, цинк сулфат, калциум карбонат, магнезиум карбонат, L-триптофан, L-хистидин, железо сулфат, калиум јодат, витамин Ц, природна култура на млечна киселина1, витамин Е, ниацин, пантотенска киселина, манган сулфат, бакар сулфат, витамин А, витамин Б1, витамин Б6, калциум-L-метилфолат2, витамин К, витамин Д, D-биотин, витамин Б12.
*од органско производство
1L.fermentum CECT5716
2Metafolin е регистрирана трговска марка на Merck KGaA, Darmstadt, Germany
Употреба: од раѓање па натаму како ексклузивна исхрана или за надополнување на доењето после доење или после било која друга почетна формула за доенчиња. Ве молиме обратете внимание на инструкциите при подготовка на формулата. Неправилна подготовка или чување на веќе подготвен оброк на подолг временски период може да биде штетна по здравјето на Вашето бебе на пр. развој на несакани бактерии. Поради ова, секогаш подготвувајте ја формулата непосредно пред употреба, користете ја веднаш и исфрлете ги остатоците. Исчистете го шишето цуцлата и прстенот темелно. Затворете ја цврсто отворената кесичка по секое користење, чувајте на суво место на собна температура и употребете до 3 недели од отворањето. Ве молиме не ја загревајте млечната формула во микробранова печка (опасност од изгореници).
- Провријте свежа вода за пиење и оладете до околу 40-50°С
- Истурете ја потребната количина од подготвената вода (видете го водичот за хранење) во шишето
- Додадете ја потребната количина на прав (видете го водичот за хранење) во водата, со лабаво полнење и израмнување на мерната лажичка
- Затворете го шишето и силно промешајте
- Оладете до температура за пиење (37°С) проверете ја температурата "за да не се оштетат природните млечно-киселински култури (lactobacilli)
| Возраст | Шишиња на ден | Готова припремена храна мл | Зовриена вода мл | Мерни лажици |
| прва до втора недела | 7-8 | 70 | 60 | 2 |
| трета до четврта недела | 5-7 | 100 | 90 | 3 |
| петта до осма недела | 5-6 | 135 | 120 | 4 |
| трети до четврти месец | 5 | 170 | 150 | 5 |
| од петти месец | 4-5 | 200 | 180 | 6 |
| од шести месец | 4 | 235 | 210 | 7 |
Предупредување: ве молиме да не ја припремате формулата со претопла вода. Вашето бебе не мора задолжително да го испие целото шише. Ве молиме употребувајте го само приложеното мерно лажиче. "Доколку не е поинаку препорачано од педијатар "од петти месец понатаму, по консултација со Вашиот педијатар може да воведете кашички и житарки. Секој нов воведен оброк (готова кашичка или житарки) треба да замени по еден млечен оброк. Доењето е најдобро за Вашето бебе Ве молиме консултирајте се со Вашето родилиште или педијатар доколку сакате да користите млечна формула. Сите млечни формули содржат јаглехидрати. Тие се важен дел од исхраната на Вашето бебе. Честиот или продолжен контакт помеѓу забите на Вашето бебе и течностите што содржат јаглехидрати може да доведе до сериозно расипување на забите и слични негативни ефекти врз здравјето. Не го оставајте Вашето бебе постојано да цица со шише и научете го да пие од чаша што порано. Ве молиме проверете дека пакувањето не е оштетено пред да започнете со употреба на производот. Кесичката од фолија гарантира оптимална свежина и заштита на аромата. Да се чува на собна температура на суво место и да се избегнат температурни промени. Фолијата и картонот треба да се рециклираат одделно. Доколку се чува правилно, кесичката која не е отворена најдобро е да се употреби до рокот втиснат на пакувањето.