INTERMED Eva Intima Вагитории за инхибиција на дејството на габичките, 10 парчиња
Опис на производот
Intermed Eva Intima Mycosis Ovules Disorders Вагитории за инхибиција на дејството на габичките.
- Го инхибираат дејството на габичките во рок од 48 часа и ја балансира вагиналната рН вредност
- Eva Mycosis Ovules придонесуваат за ефикасно третирање на перзистентен габичен вагинитис
- Поради својот зајакнат состав, го балансираат и обновуваат вагиналниот екосистем и придонесуваат за ослободување од симптомите на габичен вагинитис
- Борна киселина: го блокира дејството на габите Candida до 90% во рок од 48 часа
- Млечна киселина: ја балансира киселата вагинална средина, ја подобрува ацидофилната корисна флора на вагината и создава неповолна средина за понатамошен развој на габите
- Polycarbophil (РСР): имајќи зголемено биоадхезивно дејство, ги подобрува очекуваните резултати додека придонесува за киселинско- базната рамнотежа
Терапевтски индикации:
- За вагинални инфекции предизвикани од Candida Albicans
- За вагинални инфекции предизвикани од Candida non-Albicans соеви
- За рекурентен (повторувачки) вагинитис (перзистентен вагинитис)
- Како монотерапија, во случаи на повторувачки вагинални габични инфекции поради било кој тип на габичка (Candida Albicans соеви, Candida non-Albicans соеви)
- Како дополнителен третман заедно со медикаметозниот трерман, за максимизирање на терапевтскиот ефект
Габичниот вулвовагинитис се јавува кај 3 до 4 жени ширум светот барем еднаш во животот. Повеќе од 50% од овие жени ќе продолжат да страдаат од повторени рецидиви на вагинитис со фреквенција од 4 или повеќе пати годишно, што значително го намалува квалитетот на нивниот живот и ги зголемува трошоците за лекување. Вообичаени причини за повторување на габичен вагинитис вклучуваат појава на отпорност на соеви на Candida albicans на вообичаени антифунгални производи после долготрајна употреба, како и инфекции со соеви Candida кои не припаѓаат на видовите albicans (Candida glabrata, Candida krusei, Candida tropicalis) и затоа не се чувствителни на најчесто користените формулации.
Пакување: 10 вагитории.
Содржина
Состав: борна киселина, млечна киселина, Polycarbophil (РСР), масло од чајно дрво, екстракт од камилица, бисаболол, пантенол (провитамин Б5).
Начин на администрација: извадете 1 вагиторија од нејзиното пакување од блистерот откинувајќи ја по должината на перфорираната линија. Отворете го пакувањето и извадете ја вагиторијата со повлекување на двете клапи на дното во спротивна насока. Вметнете ја вагиторијата длабоко во вагината.
Мерки на претпазливост и начин на чување: само за вагинална употреба. Во случај на менструален циклус, почекајте циклусот да заврши пред да го аплицирате производот. За време на бременост или доење или кај млади девојки пред употреба консултирајте се со Вашиот лекар. Во случај на постојана непријатност или иритација, се препорачува да прекинете со употреба на производот и да се консултирате со Вашиот лекар.
Да се чува на темно место и температура не поголема од 25°С. Да се чува подалеку од извор на топлина. За време на летните месеци производот чувајте го во фрижидер. Да се чува вон дофат на деца.