JAZZ Пренослив (ултрасоничен) мрежен небулизатор / инхалатор
Опис на производот
Hunkar Jazz Portable Ultrasonic Mesh Nebulizer Пренослив (ултрасоничен) мрежен небулизатор / инхалатор модел NBM-5B.
- Овој производ главно е составен од пиезоелектрични компоненти. Пиезоелектричните компоненти ја претвораат електричната енергија во механичка енергија и генерираат ултразвучни вибрации. Ударниот бран ја стиска течноста во чашата за лекови, така што течниот лек поминува низ микропорите на листот за атомизирање за да го испрска течниот лек. Прска како магла и се инхалира
- Уредот го претвора течниот лек во аеросол кој се внесува во телото преку дишење. Уредот се користи кај пациенти во свесна состојба, кај деца и возрасни, а може да се користи и во болници (не се применува во оделенија за интензивна нега)
Карактеристики
- Микропорозен дизајн, атомизираната големина на честички (MMAD) е 2.3±25% µm, поефикасна апсорпција
- Пиезоелектрични компоненти, дизајн со низок шум, измерен волумен ≤ 50dB (A)
- Компактен и лесен за носење
- Дизајн со едно копче, едноставен за ракување
- Независни компоненти, лесно за чистење, чашката за лекови може да се мие
- Брза небулизација - стапка на небулизирање >0.2 мл/мин
- Остануваат помалку остатоци од лекот, количина на остаток ≤0.5 мл, економичен уред
- Лесно се користи во домашни услови или за време на патување. Содржи литиумска батерија
Пакување: главна единица, медицинска чашка за лек, УСБ кабел тип Ц, маска и додаток за уста.
Содржина
Инструкции за употреба
Пред употреба деловите на небулизаторот треба да се чисти и суви.
- Додадете лек, во течна форма - Додека го држите надоле копчето на медицинската чашка лоцирано на задната страна од главната единица, притиснете ја медицинската чашка нанапред
- Отворете го капакот на медицинската чашка, истурете го лекот во медицинската чашка и комплетно затворете го капакот. Додадете најмалку 1 мл од лекот - не додавајте лек над линијата од 8 мл (max) назначена на медицинската чашка. Отстранете ја медицинската чашка од главната единица кога ќе го додадете лекот. Зацврстете го капакот на медицинската чашка за да се спречи истекување на течноста. Не го протресувајте небулизаторот енергично кога медицинската чашка е наполнета со лек
- Повторно ставете ја чашката во главната единица и прицврстете ја се додека не слушнете клик. Електродата на главната единица и медицинската чашка треба да се одржуваат чисти, без остатоци од нечистотија или течност а чашката треба да е поставена на своето место. Во спротивно, електродата може да биде неправилно вклучена и небулизаторот може да не работи правилно
Инсталирање на маската или додатокот за уста
- Додатокот за уста, маската за возрасни и маската за деца се мобилни делови. Ве молиме користете го уредот за инхалација во согласност со инструкциите од лекар. Пред првата употреба проверете дали неговите делови се чисти и суви
- Освен додатоците и деловите што се продаваат одделно, користете ги маските и додатокот за уста што се препорачани од производителот
Оперативен небулизатор
- Притиснете го копчето за вклучување за да го стартувате уредот, со вклучен зелен индикатор
- Прилагодување на стапката на небулизирање:
- Притиснете го копчето за вклучување еднаш, уредот работи со побрза стапка на небулизирање, со светло зелен индикатор за работа
- За време на работниот период на уредот, ако корисникот го притисне копчето за вклучување по втор пат, уредот работи со помала стапка на небулизирање, а зелениот индикатор за работа се затемнува
- Во состојба на исклучување, ако корисникот продолжи да го притиска копчето за вклучување 3 секунди, режимот за чистење е активиран, индикаторското светло за работа (зелено) полека се вклучува и исклучува, уредот ќе работи 3 минути, а потоа автоматски ќе се исклучи
- Ако нема лек или има многу слабо спроводлива течност (на пример дестилирана вода) во чашката за лекови, индикаторот за чашката за лекови (сина светлина) ќе трепка, а потоа уредот автоматски ќе се исклучи
- Откако ќе се вклучи напојувањето, небулизаторот ќе помине низ краток период на стартување (во рок од околу 2 секунди) и потоа нормално ќе почне со прскање
- За време на процесот на прскање, може да има бучава предизвикана од вибрации со висока фреквенција. Ве молиме протресете го небулизаторот нежно за да ја намалите веројатноста за звук
- Држете го небулизаторот непречено, опуштете се и почнете да дишете:
- Бидејќи карактеристиките на лековите се различни, кога небулизаторот не може автоматски да се исклучи откако ќе се намали дел од лекот, ве молиме притиснете го копчето за вклучување за веднаш да го исклучите уредот и за да избегнете оштетување на решетката
- Кога течноста почнува да се намалува, се препорачува предната страна на небулизаторот (од страната на насоката на прскање) малку да се навали кон пациентот, што е добро за собирање на преостанатата течност на атомизираниот дел за небулизација
- Не ги покривајте отворите за вентилација на маската и делот за уста со раце или други предмети за време на процесот на атомизација
- За време на користењето на уредот, доколку се забележи некаква неправилност или непријатност, престанете да го користите и веднаш побарајте лекарска помош
- За време на процесот на атомизација на некои течности, голема количина пена ќе се концентрира во близина на мрежата во чашата за лекови, што лесно може да предизвика прекин на прскањето. Во овој случај, веднаш исклучете го небулизаторот, малку протресете го и потоа рестартирајте го
- Уредот автоматски се исклучува по 20 минути континуирано работење
- Кога лекот ќе се потроши, небулизаторот ќе почне да емитува високо-фрекфентен звук и индикаторот на чашката за лекови (сина светлина) ќе трепка и небулизаторот автоматски ќе се исклучи
- За време на употреба, ако треба да престанете да го користите, можете да го притиснете копчето за вклучување за да го исклучите уредот и индикаторот за работа (зелено светло) се гаси
- Кога користите надворешен адаптер за напојување, исклучете го кабелот за напојување откако ќе го исклучите напојувањето
Напојување на уредот
- Уредот има вградена литиумска батерија, што може да се полни
- Батеријата може да се полни со адаптер со карактеристики специфицирани во техничките спецификации
- Се препорачува адаптерот да се поврзе за да се активира батеријата за првата употреба или кога не се користи подолго време
- Не го користете небулизаторот кога се полни
- Се препорачува литиумската батерија да се полни кога уредот не се користел 3 месеци
Чистење, стерилизирање и чување
1. Чистење
Чистење на преостанатата количина на лек
- Отворете го капакот на медицинската чашка и отстранете го вишокот лек
- Ставете малку чиста вода и целосно затворете ја медицинската чашка. Нежно протресете ја за да се раствори остатокот во прочистената вода
- Истурете ја течноста и наполнете со малку чиста вода
- Долго притиснете го копчето за вклучување околу 3 секунди, влезете во „режим на чистење“ и атомизирајте околу 3 минути за да ја исчистите мрежата
- Погрижете се лекот целосно да се исчисти по секоја употреба, во спротивно може да предизвика блокирање на мрежата
- Откако ќе влезете во режимот за чистење, ако небулизаторот е без вода и не прска, веднаш исклучете го
- Ако преостанатата течност не е отстранета, може да се измие со топла вода повеќепати
- Чистата вода вклучува дестилирана вода, чиста вода за пиење и слично
2. Миење
- Од медицинската чашка отстранете ја маската и додатокот за уста
- Со чиста вода исплакнете ја чашката, маската и додатокот за уста или потопете ги во чиста вода околу 15 минути
- Главна единица: исчистете ја површината на главната единица на уредот со влажна, мека, памучна крпа и избришете ја со сува памучна крпа
- Исчистете ги електродите на главната единица и прицврстете го капакот за да се уверите дека чашата е безбедно прицврстена за главната единица и нормално прска
- Избришете ги чистите делови со чиста крпа и исушете ги темелно
- Ставете го заштитниот капак на медицинската чашка, наместете ја на главната единица и складирајте го на чисто место
- Не го бришете небулизаторот со испарливи корозивни течности како што се бензен, бензин или разредувач
- Пред чистење на деловите, ако користите адаптер за напојување, исклучете го адаптерот од штекерот откако ќе го исклучите напојувањето на уредот
- За да спречите остатоци како хартиена прашина или памучни влакна да ја затнат мрежната плоча, не користете памучни ткаенини, салфетки или ткаенини за пилинг кога ја чистите медицинската чашка
- Не ги чистете деловите од уредот во машина за миење садови и не ги сушете во микро печка
3. Стерилизирање
По секоја употреба дезинфицирајте го додатокот за уста и маската. Доколку деловите се сериозно оштетени, заменети ги со нови навреме. Се препорачува да ги следите следниве методи за дезинфицирање:
- Дезинфекција со алкохол: дезинфицирајте ја прскалката и маската со 75% медицински алкохол
- По дезинфицирањето, исплакнете темелно со чиста вода за да се избегне остатаок од средството за дезинфекција
- Не дезинфицирајте со субхлорирано средство. Таквото средство за дезинфекција може да предизвика оштетување на деловите
- Ако средството за дезинфекција случајно навлезе во очите или се залепи за кожата, исплакнете со чиста вода што е можно поскоро или појдете во најблиската медицинска установа
4. Чување
По секоја употреба, чистење и дезинфицирање, исушете ја главната единица и чашката и чувајте ги во кутија. Ставете ја кутијата на суво и ладно место, на места недостапни за деца.
Предупредувања: Користете го уредот под надзор на лекар. За типот, дозата и режимот на дозирање на лекот, придржувајте се кон инструкциите дадени од вашиот лекар. При употреба кај деца и лица со посебни потреби, потребен е надзор на возрасно лице или медицински персонал. Да се чува на места недостапни за деца. Не го користете уредот во присуство на запаливи гасови. Користете го овој уред само како што е опишано во ова упатство и не користете никави додатоци што не се препорачани од производителот. Исклучете го напојувањето кога апаратот работи необично. Не е дозволена модификација на овој уред. Не е погоден за високо суспендирани течности или вискозни течности. Овој уред е наменет за употреба само кај пациенти во свесна состојба. При употреба на овој уред, доколку се забележи некоја нерегуларност или непријатност, престанете со употреба и веднаш побарајте медицинска помош. Овој уред не е наменет за одржување на животните функции. Не го користете овој уред во близина на висока фрекфенција, микро печка и мобилни телефони. Пред првата употреба, или доколку уредот не се користел подолго време, исчистете го и стерилизирајте го како што е опишано во упатството. Овој производ користи литиумска батерија, заштитете го уредот од извор на топлина и влага
Мерки на претпазливост: Користете го и чувајте го уредот во работна средина и во согласност со условите на чување кои се наведени во ова упатство. Не го користете уредот ако во медицинската чашка нема лек. Различни пациенти треба да користат индивидуални чисти медицински чашки и делови за уста, за да се избегне вкрстена инфекција. Не истурајте вода во уредот или врската помеѓу адаптерот за напојување и главната единица. Главната единица, медицинската чашка и додатоците не треба да се ставаат во зовриена вода заради дезинфекција и не треба да се ставаат во микро печка заради сушење. NBM-5B има вградена литиумска батерија, без потреба да се замени батеријата. Ве молиме внимавајте кога го напојувате уредот. Исклучете го уредот од напојување кога ќе се наполни.
Контраиндикации: Овој уред не смее да се користи кај пациенти со сериозен недостиг на кислород или респираторно заболување.