JM SOLUTION Heartleaf Пена за длабинско чистење на кожата, 150 мл
Опис на производот
JM Solution Heartleaf Deep Cleansing Foam Пена за длабинско чистење на кожата.
- Пена за чистење на лице збогатена со houttuynia cordata за отстранување на мртвите клетки од кожата,црнките и прочистување на порите
- Создава деликатна лесна пена, што ја прави доволно нежна за сите типови кожа, особено погодна за длабинско чистење на масна, комбинирана кожа
- Помага нежно да се исчисти длабоко во порите, да се ексфолираат мртвите клетки на кожата и ефикасно да се исчистат сите нечистотии
Клучни состојки:
- Houttuynia Cordata - Обезбедува исклучителна хидратација и има смирувачки ефекти.Оваа формулација обезбедува троен хербален смирувачки ефект
- Glycolic Acid (AHA) - Гликолна киселина со мала молекуларна големина, за отстранување на тврдоглавите мртви клетки и одржуваат здрав циклус на обновување на кожата без иритација
- 6 plant-based oils - Macadamia Seed, Sunflower Seed, Grape Seed, Apricot Seed, GreenTea Seed and Jojoba Seed Oil - Формира природна навлажнувачка бариера, обезбедувајќи освежувачка сензација на хидратација
Тип на кожа: чуствителна, проблематична кожа и кожа склона кон акни.
Пакување: 150 мл.
JMsolution комбинира корејска традиција и современа технологија за кожа која ќе зрачи.
Прочитај повеќе
Брендот JM Solution е лансиран во 2016 година од група експерти за естетика, дерматологија и естетска хирургија. Од своето основање, брендот се посветува на нудење комплетна рутина за нега на кожата, обезбедувајќи решенија кои ја прават кожата совршена, еластична и витална.
JM Solution размислува подлабоко од едно општо решение за сите – брендот нуди различни приспособени решенија според состојбата на кожата и специфичните проблеми, засновани на јасна дијагноза и индивидуален одговор за основните потреби на кожата. За решавање на стотици илјади проблеми со кожата, брендот постојано открива скапоцени состојки од целиот свет, комбинирајќи ги со напредна технологија за максимална ефективност.
Секој производ од JM Solution е создаден со внимателно избрани, ефективни состојки и иновативна технологија, за да обезбеди видливи резултати и здрава, сјајна и хидрирана кожа. Како водечки бренд во Корејската козметика (K-Beauty / К-Бјути), JM Solution е доверлив избор за сите кои сакаат професионална и научно поткрепена нега на кожата.
Содржина
Состојки: вода, глицерин, миристичка киселина, стеаринска киселина, лауринска киселина, калиум хидроксид, глицерил стеарат, салицилна киселина, феноксиетанол, сорбитан оливат, парфем, поликватерниум-7, динатриум ЕДТА, ПЕГ-14М, вода од лист на Houttuynia cordata (107.8РРМ), токоферил ацетат, натриум бензоат, калиум кокоил глицинат, трехалоза, цинк РСА, силика, 1.2-хексанедиол, бутилен гликол, екстракт од Sedum Sarmentosum, ВНТ, екстракт од Anastatica Hierochuntica, екстракт од азиска центела, екстракт од лист на чајно дрво, екстракт од чајно дрво, екстракт од лист на бело чајно дрво, линалол.
Употреба: Нанесете соодветна количина, направете пена и нежно масирајте го целото лице, потоа исплакнете темелно со млака вода.
Мерки на претпазливост: При употреба или по употреба на овој производ, ако се јават абнормални симптоми или несакани ефекти како црвенило, оток или чешање поради директна сончева светлина, консултирајте се со специјалист или здравствен работник. Да не се употребува на оштетена или иритирана кожа. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од директна сончева светлина.
Доколку производот дојде во контакт со очи, темелно исплакнете со вода, и консултирајте се со специјалист доколку има некои абнормалности. Да не се користи кај новороденчиња под 3 години. Кога се користи поголема количина на поширока област на кожата или ако се користи во подолг временски период, може да дојде до несакани ефекти. Да се користи внимателно.
Лицата со следниве состојби на кожата не треба да го користат овој производ, бидејќи може да дојде со влошување на нивната состојба, хиперчувствителност, едем, воспаление и многу други несакани ефекти: хиперчувствителност на салицилна киселина, дијабетес, нарушувања на циркулацијата, проблеми со бубрезите, инфекции, црвенило на кожата, бременост (потенцијална бременост).
После првото отварање да се користи до 12 месеци.
