LACALUT Fix Mint Екстра силен крем за забни протези, 40 г
Опис на производот
Lacalut Fix Adhesive Cream Extra Strong, Mint Екстра силен крем за забни протези.
- Медицинско средство
- Адхезивен крем за апликација на забни протези. Ги прилепува/зацврстува забните протези на гингивата
- Без парабени
- Без цинк
- Содржи витамин Е
- Заштита од трошки
- Заштита на непцата
- За целосни и делумни протези
Пакување: 40 г.
Содржина
Состав: калциум/натриум РѴМ/МА кополимер, течен парафин, петролатум, целулозна гума, силициум диоксид, арома, токоферилацетат, СІ 14720.
Инструкции за дозирање, вид и времетраење на апликација: темелно исчистете ја и исушете ја забната протеза и нанесете Лакалут Фикс адхезивен крем екстра силен на рамномерно распоредени интервали. Откако ќе го ставете адхезивниот крем во шуплината на горната/долната протеза, вметнете ја. Цврсто притиснете ја протезата кон вилицата неколку секунди. Почекајте приближно 5 минути пред да јадете или пиете. Дозата може индивидуално да се прилагоди. По употреба внимателно затворете ја тубата. Кремот може да се нанесе и на суви и на влажни протези. Не нанесувајте од адхезивниот крем директно на слузницата во устата.
Предупредување: да се употребува само на здрави (неоштетени) орални мукозни мембрани. Не употребувајте при преосетливост на која било од состојките. Во изолирани случаи, можни се реакции на преосетливост на мукозните мембрани. Ако забележите несакани дејства, информирајте го Вашиот лекар или фармацевт. Да се чува подалеку од дофат на деца!
Начин на чување: да се чува на температура од 5°C до 25°C.