LIBYTEC Синостео, 30 кесички
Опис на производот
Libytec SYNosteo е граничен производ.
- Содржи калциум (во форма на калциум цитрат), витамин Д3 и витамин К2 (Menaquinone MK7), за потреби кај состојби со намалена густина на коските. Допринесува за одржување на нормални коски
-
Калциумот е есенцијален елемент одговорен за нормален метаболизам на коските. Адекватен внес на калциум е важен за превенција на остеопороза и за одржување на здрав коскен систем во сите возрасти. За апсорпција на калциум цитрат не е неопходна кисела средина, па може да се зема независно од внесот на храна
-
Витаминот Д игра важна улога во апсорпција на калциумот и здрави коски
-
Витаминот К2 помага во подобрување на здравјето на коските и го намалува ризикот од остеопороза
Пакување: 30 кесички.
Содржина
Состав:
| Активни состојки | 1 кесичка (дневна доза) |
%НРВ* |
| Калциум цитрат | 800 мг | 100 |
| Витамин Д3 (Cholecalciferol) | 0.020 мг (800 ие) | 400 |
| Витамин К2 (Menaquinone MK7) | 0.045 мг | 60 |
*НРВ-нутритивнa референтнa вредност
Други состојки: натриум хидроген карбонат, регулатори на киселост: лимонска киселина,
малтодекстрин, сахароза, арома на портокал, силициум диоксид; ß-каротен 10%, засладувач: сукралоза.
Начин на употреба: 1 кесичка дневно. Во пола чаша вода (околу 125 мл) растворете ја содржината на кесичката, добро промешајте со лажица додека прашокот не се раствори и потоа веднаш испијте ја течноста.
Предупредување: препорачаната дневна доза не смее да се надмине. Граничните производи не се замена за разновидна и урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Не го користете производот ако пакувањето е оштетено. Производот не смее да го користат лица преосетливи на било која од неговите состојки. Со оглед на природата на состојките, изгледот на производот може да биде различен, тоа не влијае на неговиот квалитет. Овој производ не е наменет за превенција, третман или лекување на болести. Доколку сте бремени, доите или земате било какви лекови, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба.
Да се чува на температура помеѓу 5°С и 25°С на суво место. Чувајте го овој производ подалеку од видното поле и дофат на деца.