LO.LI. PHARMA Pervistop, 30 таблети
Опис на производот
Lo.Li. Pharma Pervistop е граничен производ.
- PervistopTM е производ на база на епигалокатехин галат (EGCG), хијалуронска киселина, витамин Б12 и фолна киселина
- Епигалокатехин галат (EGCG) е супстанција добиена од листовите на зелен чај
- Научните студии in vitro покажале дека EGCG е способен да го инхибира растот на клетките инфицирани со ХПВ и да го поттикне нивното елиминирање
- Неодамнешна клиничка студија ја истакнала ефикасноста на EGCG кај пациенти позитивни на ХПВ со лезии на грлото на матката
- Понатамошни студии покажале дека EGCG помага во обновувањето на физиологијата на ткивото со реконституирање на нормалната структура на епителот. Затоа, суплементацијата со EGCG е користена за заштита на телото во случај на ХПВ инфекција, спречување на бенигни лезии и поттикнување на обновувањето на физиолошката состојба на епителот, кај мажи и жени
- Хијалуронската киселина е природен полимер кој припаѓа на групата на гликозаминогликани (GAGs), полимери кои се состојат од дисахаридни единици кои се повторуваат, неопходни за структурниот интегритет на сврзното ткиво
- Хијалуронската киселина е најчестиот GAG во телото и нејзините физиолошки дејства се широко документирани во научната литература
- Суплементацијата со хијалуронска киселина придонесува за регенерација и опоравување на ткивата, всушност, недостатокот на интегритет на цервикалниот епител овозможува ХПВ инфекцијата да навлезе во клетката
- Фолната киселина, односно фолатите и витамин Б12 се микронутриенти кои се наоѓаат во неколку видови храна, кои можат да помогнат за заштита од ХПВ инфекција кај мажите и жените
- Клиничките студии покажале зголемена веројатност за перзистентна ХПВ инфекција кога нивоата на фолати и витамин Б12 се ниски
- Обновувањето на физиолошките нивоа на овие микронутриенти, според тоа, овозможува да се спречи формирање на лезии предизвикани од вирусот
- Во двегодишна студија за следење, било забележано дека мажите и жените со високи нивоа на фолати имале значително помала шанса да бидат позитивни на вирусот. Затоа, правилното надополнување со фолна киселина и витамин Б12 помага да се намали способноста на ХПВ вирусот да се зацврсти за клетката домаќин и да се спречи перзистентноста на инфекцијата
- PervistopTM се употребува за да се обезбеди дополнителна количина од овие состојки во случај на намален внес преку исхраната или при зголемена потреба од нив
- Витамин Б12 и фолна киселина учествуваат во процесот на клеточна делба и придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем
- Производ кој помага при ХПВ инфекција
- ХПВ (хуман папилома вирус) инфекцијата е најраспространета инфекција која се јавува кај мажи и жени
- Иако во повеќето случаи е минлива и без очигледни знаци, може да доведе до бенигни лезии на кожата (на пр. брадавици) и мукозните мембрани (на пр. брадавици и папиломи), поради хроничноста на инфекцијата
- Всушност, перзистентноста на вирусот може да претставува поволна состојба за еволуција на патолошки клеточни промени на грлото на матката: првите знаци можат да се појават веќе во раните години, додека појавата на патолошки компликации може да се случи подоцна
- Патолошката прогресија на инфекцијата може да биде поткрепена и од фактори како што се: пушење цигари, изложеност на УВ зраци, употреба на орални контрацептиви, имунодепресија, бременост и недостаток на фолна киселина
- Научните студии покажале дека лезиите предизвикани од ХПВ може да се спречат со суплементација со одредени микронутриенти
- Производот не е наменет за деца под 18 години
Пакување: 30 таблети.
Содржина
Состав:
| Клучни состојки | 1 таблета | *ПДВ% |
|
Зелен чај титриран на 45% епигалокатехин галат (EGCG) |
444.5 мг 200 мг |
/ / |
| Хијалуронска киселина | 50 мг | / |
| Витамин Б12 | 1 мг | 40000 |
| Фолна киселина | 400 мкг | 200 |
*препорачано дневно внесување
Состојки: зелен чај (Camellia sinensis L.Kundze) сув екстракт од лист титриран на 45% епигалокатехин галат (EGCG), средство за зголемување на волуменот: микрокристална целулоза, натриум хијалуронат, средство против стврднување: силициум диоксид, магнезиумови соли на масни киселини, хидроксипропил целулоза, витамин Б12 (цијанокобаламин), фолна киселина (калциум Л метил фолат).
Употреба: 1 таблета на ден после јадење. Да не се зема на празен стомак.
Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза. Немојте да го земате граничниот производ во случај на пречувствителност на било која состојка во составот на производот. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на било кој производ. Производот не е наменет за бремени жени и доилки. Да не се зема истовремено со други производи кои содржат зелен чај. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не зимајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Да не се зема EGCG во доза од 800 мг или повеќе во тек на еден ден. Производот не треба да се користи како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Да се чува на ладно и суво место заштитено од светлина. Да се чува на места недостапни за деца.