LOREAL Paris Excellence Pure Blond Ultra Light Blonde Фарба за коса, број 01

L'oreal Paris Excellence Pure Blond Coloring Cream Ultra Light Blonde 01 farba za kosa
LOREAL Paris Excellence Pure Blond Ultra Light Blonde Фарба за коса, број 01
476,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
059117C
favorite_border

Опис на производот

L'oreal Paris Lifts Excellence Pure Blond Triple Care Color Ultra Light Blonde 01 Боја за коса, светло руса.

  • Со хијалуронска киселина
  • Ритуал на боење на коса со тројна нега: ја негува вашата боја, вашиот скалп и вашата коса
  • Заштитна крема за боење, збогатена со хранливи состојки за заштита на косата во текот на боењето
  • Обезбедува до 4 нивоа посветла нијанса
  • Ги неутрализира несаканите жолти и портокалови нијанси, за долготрајна светло руса боја на косата
  • Интензивно хидрира и дава богата боја
  • Шампон со блага рН вредност за после боење. Збогатен со хијалуронска киселина, го хидрира и нежно го чисти скалпот и косата од преостанатата боја. Открива богата, природна боја
  • Хранлива маска за сјај на косата. Благодарение на хијалуронската киселина, ја затвора кутикулата на влакната со 10х повеќе хидратација, за негувана коса и долготрајна сјајна боја
  • Доколку не можете да се одлучите помеѓу две нијанси, секогаш одберете ја посветлата
  • Овој производ не е наменет за употреба на лица помлади од 16 години

Не само што вашата коса ќе биде убаво обоена, туку и ќе биде негувана и мека на допир. Бојата на косата Excellence е како спа третман кој и дава на вашата коса сè што и е потребно за здрав изглед и сјај.

Одлучете се за бојата на косата Excellence и доживејте трансформација која никогаш не престанува да воодушевува. Косата ќе ви се заблагодари, а вие ќе уживате да изгледате и да се чувствувате одлично.

Пакување: 1 боја за коса 48 мл, развивач (хидроген) 72 мл, нежен шампон со блага pH вредност 12 мл, маска за нега на коса 60 мл, чешел апликатор и ракавици.

Содржина

Употреба: 

Извршете тест за алергија на кожата 48 часа пред да го нанесете овој производ дури и ако сте користеле боја за коса од овој или било којдруг бренд претходно. Доколку се појават знаци на горење, чешање или осип во текот на примената на боја за коса или потоа, треба веднаш да се иплакнете со млака вода и да прекините со употребата. Пред повторно да ја обоите косата, консултирајте се со лекар.

Тестот е разумна заштитна мерка. Овој тест не може да гарантира, сепак, дека нема да имате алергиска реакција во текот на боењето на косата.

Упатство за употреба: Ставете ги ракавиците, истурете го кремот за боење од тубата во шишето со развивач на боја, убаво затворете и силно протресете, отворете го врвот веднаш да не дојде до пукање на шишето. Доколку сакате може да го ставите чешел апликаторот за нанесување на бојата.

1. Боење на косата

  • Ако редовно ја боите косата (на секои 4-6 недели) и сакате да ги покриете седите влакна или сакате боја слична на постоечката - Нанесете ја бојата на коренот на сува и неизмиена коса, измасирајте со кружни движења и оставете да делува 20 мин. Потоа нанесете го остатокот од бојата на цела должина на косата и на врвовите и оставете да делува уште 10 мин
  • Ако ја боите косата прв пат или ако вашата коса не е боена изминатите 3 месеци или драстично ја менувате бојата на косата - Нанесете ја бојата на сува и неизмиена коса, почнувајќи од коренот и по цела должина на косата се до врвовите и оставете да делува 30 мин

2. Измијте и нежно исчистете -Прво намокрете ја косата со малку вода и измасирајте со кружни движења. Потоа плакнете ја косата се додека водата не биде чиста. Извадете ги ракавиците, нанесете го шампонот со блага pH вредност, масирајте се додека пената не стане обемна и густа и потоа исплакнете

3. Нанесете ја маската за нега - Нанесете од маската за нега една капка со големина како лешник, оставете да делува 3 минути и исплакнете. Чувајте ја маската како би можеле да ја користите еднаш неделно се до следното боење за мека, сјајна и бујна коса. 

Безбедносни упатства: Боите за коса може да предизвикаат сериозни алергиски реакции. Прочитајте ги и следете ги упатствата. Привремени тетоважи со "црна кна" може да го зголемат ризикот од алергија. Не фарбајте ја косата ако имате осип на лицето или имате осетлив, иритиран и оштетен скалп, ако сте имале било каква реакција после фарбање на косата, порано сте имале реакција на привремена тетоважа со црна кна. Игнорирањето на алергиите може да биде опасно по живот. Задолжително направете тест на претпазливост на алергија 48 часа пред секое бојадисување иако порано сте ги користеле производите за боење на коса. Не заборавете да го купите производот 48 часа порано. Следете го упатството за употреба. Имајте во предвид дека е можно алергиска реакција да се појави и во текот на боењето на коста, иако претходно сте направиле тест. Во слкучај на било каква реакција или кога се сомневате консултирајте се со доктор. Ако приметите било каква промена на кожата како чешање, црвенило, оток во текот на процесот или во следните 48 часа, веднаш исплакнете, не го користете производот и советувајте се со лекар.

Посебни мерки на претпазливост: Доколку во текот на нанесување на бојата се појави интензивно пецкање, иритација, мозолчиња или чувство како да Ви "гори" скалпот веднаш измијте ја косата и прекинете со нанесување. Во случај на отежнато дишење, веднаш побарајте помош од лекар. Пред повторно нанесување, советувејте се со вашиот лекар. Ако после неколку дена од нанесувањето се појави чешање, црвенило, пликови, отекување на очите или лицето, пликови на кожата, исто побарајте совет од лекар. Чувајте го празното пакување или листата со упатства неколку дена во случај да дојде до некаква реакција.

Внимание: Да се чува вон дофат на деца. Избегнувајте контакт на производот со очите. Не ја користете за боење на трепките и веѓите. Во случај да дојде до контакт со очите веднаш измијте ги со вода. Ако носите контактни леќи првин извадете ги па темелно измијте ги очите. Носете ги соодветните ракавици кои се наоѓаат во кутијата. Добро исплакнете ја косата после нанесување на бојата. Причекајте најмалку 2 недели после бланширање, трајно исправување или виткање на косата пред да го употребите овој производ. Немој да го употребувате овој производ ако сте ја бојадисувале косата со кна или со прогресивна боја за коса. Не го чувајте и оставајте вишокот на боја во шишето (шишето може да се рашири и да пукне).

Растворувачот на бојата содржи хидроген пероксид. Бојата за коса содржи фенилендиамид, амонијак.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се