MARNYS Липозомален Витамин Ц 1000 мг, 20 шишенца

Опис на производот
MARNYS® VIT-C 1000 Liposomal Vitamin C е производ наменет за зајакнување на имунолошкиот систем и антиоксидативните активности на организмот.
MARNYS® VIT-C 1000 содржи витамин Ц кој е инкапсулиран во липозоми. Липозомите се шупливи микроскопски сферични везикули составени од двослојна липидна обвивка. Имаат способност многу лесно да се апсорбираат преку цревните ресички во крвта и потоа постепено да го ослободуваат инкапсулираниот витамин Ц, со што се обезбедува висока биорасположливост и одржување на нивото на витаминот Ц во крвната плазма во тек на подолг временски период, споредено со конвенционалните формули.
Витаминот Ц е есенцијален хидросолубилен витамин кој има значителен придонес во одржување нормален енергетски метаболизам и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Бројни научни студии ја потврдуваат неговата ефикасна антиоксидативна активност, посебно во органи како што се мозокот, црниот дроб, срцето и кожата.
За возрасни и деца од 4 годишна возраст (во помали дози).
Пакување: 20 шишенца х 10 мл
Содржина
Состав (во 10 мл):
% ПДВ* | ||
Витамин Ц | 1000 мг | 1250 |
*препорачано дневно внесување
Состојки: вода, натриум аскорбат (витамин Ц), концентрат од сок од портокал, ароми, регулатор на киселост (лимонска киселина), емулгатори (фосфатидилхолин, полисорбат 20), конзерванси (калиум сорбат), згуснувач (гелан гума), засладувач (сукралоза), боја (бета-каротен).
Употреба: 1 шишенце на ден пред појадок.
Добро протресете пред употреба