MED-EQ Мемобиол, 30 капсули
Опис на производот
MED-EQ Мемобиол е граничен производ специјално формулиран со вклучена балансирана мешавина за одржување на меморијата, концентрацијата и ментална функција за: луѓе со брз начин на живот, студенти, пациенти кои сакаат да ја одржат мозочната функција подоцна во животот и е идеален за мажи и жени од било која возраст.
- Гинко билоба и гинсенг придонесуваат во одржување на меморијата и подобрување на концентрацијата. Исто така придонесуваат за нормална циркулација на крвта асоцирана со менталната функција
- Омега масло (рибино масло)-DХА придонесува за одржување на нормалната функција на мозокот. Посакуваниот ефект се постигнува со дневен внес на 250 мг DHA (50%) и ЕПА 50 мг (10%)
- Железо (феро фумарат 32.9%) и цинк (цинк оксид 80.3%) придонесуваат за нормална когнитивна функција
- Ниацинот придонесува за нормалната функција на нервниот систем
- Пантотенската киселина придонесува за нормална ментална функција
- Л-глутамин, во мозокот се конвертира во глутаминска киселина, која е есенцијална за церебрална функција. Таа исто така ја зголемува количината на ГАБА (гама-амино-бутерна киселина) која е невротрансмитер во мозокот
- Соја лецитин обезбедува обезбедува фосфатидилсерин (10%) и фосфатидилхолин (20%) кои придонесуваат за структурен интегритет и сигнализирање на функцијата на клеточната мембрана. Фосфатидилсерин е важна компонента на фосфолипидите кои се наоѓаат во клеточните мембрани, концентрирани во мозочните функции и имаат тенденција да опаѓаат со возраста
- Пиридоксин придонесува за нормална мозочна функција и работи во синергија со витамин Б12 и фолацин (фолна киселина 95%) за да го помогне одржувањето на ниски нивоа на амино киселината хомоцистеин-независен фактор за здравјето на срцето
- Витамин Ц е антиоксидант, кој придонесува за неутрализација на слободните радикали и помага во апсорпцијата на железо и има главна улога во одржување на јак имун систем
- Л-аргинин игра важна улога во делбата на клетките, заздравување на раните, отстранување на амонијакот од телото, функција на имуниот систем и ослободување на хормоните
- Витамин Е (Д-а-токоферол 87%) липосолубилен антиоксиданс кој придонесува во одбрана на слободните радикали на кој невроните се особено осетливи
- Гуарана придонесува за губење на телесната тежина, ја подобрува атлетската функција како стимуланс, и го намалува психичкиот и физичкиот замор. Исто така се употребува за подобрување на сексуалната желба, го зголемува протокот на урина и како адстрингенс
- 5-ХТП е ефикасен во третман на депресија
- Селен е многу важен антиоксидативен ензим кој придонесува за неутрализација така што потенцијално ги оштетува слободните радикали во телото и игра важна улога во репродуктивното здравје кај мажите
- Л-глутатионин е еден од најважните елементи кој се бори против слободните радикали
- Тиамин е есенцијален за разградување на јаглехидратите, за создавање на крвта, за соодветна дигестија и за трансмисија на нервните сигнали. Бидејќи тиаминот е важен за трансмисија на пораките од и до мозокот, игра есенцијална улога во когнитивната активност и одредени мозочни функции
- Рибофлавин е есенцијален за формирањето на црвените крвни клетки и две супстанции познати како ФАД (флавин аденин динуклеотид) и ФМН (флавин мононуклеотид). И двете се неопходни за разградување на јаглехидратите, мастите и протеините, со што се обезбедува енергија во телото
- Бакарот е одговорен за производство на енергија и одржување на здрави нерви
- Природно масло од бета каротен (30%) помага за одржување на здрав имун систем, особено клеточниот имунитет каде слободните радикали може да ја сменат клеточната ДНК, предизвикувајќи промена во клетките
Пакување: 30 капсули.
Содржина
Состав:
| Активни супстанции | 1 капсула | ПДВ* |
| Нутрацевтски препарати | ||
| Омега 3 | 500 мг | / |
| Oбезбедува: | ||
| ДХА (докозахексаноична киселина како рибино масло) | 250 мг | / |
| ЕПА (еикосапентаноична киселина) како рибино масло | 50 мг | / |
| Гинко билоба екстракт (ginkgo biloba) | 120 мг | / |
| Екстракт од женшен (ginseng) | 25 мг | / |
| Гуарана | 25 мг | / |
| 5-ХТП | 20 мг | / |
| Л-аргинин | 40 мг | / |
| Глутамин | 10 мг | / |
| Глутатионин | 5 мг | / |
| Фосфатидилсерин | 10 мг | / |
| Фосфатидилхолин | 20 мг | / |
| Природни мешани каротеноиди | 2 мг | / |
| Витамини | ||
| Витамин Д3 (како холекалциферол) | 5 мкг | 100% |
| Витамин Е (д-алфа токоферол) | 30 мг α-TE | 250% |
| Витамин Ц (аскорбинска киселина) | 80 мг | 100% |
| Тиамин (витамин Б1 како тиамин хидрохлорид) | 2.4 мг | 218% |
| Рибофлавин (витамин Б2) | 2.8 мг | 200% |
| Ниацин (витамин Б3-како никотинамид) | 16 мг НЕ | 100% |
| Пиридоксин (витамин Б6 како пиридоксин хидрохлорид) | 4 мг | 286% |
| Витамин Б12 (како цијанокобаламин) | 9 мкг | 360% |
| Фолацин (витамин Б9 како фолна киселина) | 200 мкг | 100% |
| Пантотенска киселина (витамин Б5 како калциум пантотенат) | 12 мг | 200% |
| Елементи во трагови | ||
| Цинк (како цинк оксид) | 15 мг | 150% |
| Селен (како Л-селенометионин) | 100 мкг | 182% |
| Железо (како феро фумарат) | 10 мг | 71% |
| Бакар (како бакар сулфат анхидрат) | 1000 мкг | 100% |
*препорачано дневно внесување
Помошни супстанции: масло од соја (пелнан), пчелин восок (стабилизатор), глицерол (стабилизатор), карамела (боја), титаниум диоксид (боја), железо оксид (боја), прочистена вода, желатин (обвивка на капсула).
Употреба: земете една капсула дневно со главниот оброк. Не ја прекорачувате препорачаната доза. Капсулите се земаат на полн стомак. Се продолжува со земање на MEMObiol се додека е потребно.
Ако имате впечаток дека ефектот на МЕMObiol меките капсули е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со вашиот лекар или фармацевт.
Предупредување: немојте да ги употребувате MEMObiol капсулите доколку имате алергии на некоја од инградиентите, имате некоја медицинска состојба. Консултирајте се со доктор. Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да ги земете МЕMObiol меките капсули доколку сте бремени или доите. Ве молиме да го информирате вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек или граничен производ. Ако сте земале поголема доза од МЕMObiol капсулите отколку што треба веднаш треба да се посоветувате со вашиот доктор или фармацевт. Ако сте заборавиле да ги земете МЕMObiol капсулите земете ги веднаш штом ќе сте во можност. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.
МЕMObiol меките капсули чувајте ги во оригинално пакување, на суви места недостапни за деца, на температура под 25°С.