MEDITRINA Лактиферон плус, 20 таблети
Опис на производот
Meditrina Lactiferon® Plus е граничен производ.
- Содржи лактоферин, витамин Ц (аскорбинска киселина), железо бис-глицинат (Ferrochel®), Л-метилтетрахидрофолна киселина (Quatrefolic®), витамин А (бета-каротен) и витамин Б12 (метилкобаламин)
- Витаминот Ц помага во одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем и ја зголемува апсорпцијата на железо
- Витаминот Б12 придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем и нормално формирање на црвените крвни зрнца
- Фолната киселина придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем, за развој на мајчиното ткиво за време на бременоста и за нормална хематопоеза
- Таблетите Lactiferon® Plus ce гастрорезистентни со цел сите состојки да се ослободат во цревата
Пакување: 20 таблети.
Содржина
Состав: секоја таблета Lactiferon® plus содржи: Витамин Ц (L-аскорбинска киселина, стабилизатор: етил целулоза). Средства за зголемување на волуменот: целулоза, хидроксипропил целулоза и вкрстено поврзана карбоксиметилцелулоза, железо бис-глицинат, лактоферин (содржи млеко и производи на база на млеко, вклучително и лактоза), средства за глазирање: шелак, хидроксипропил метилцелулоза, талк, полиетилен гликол, витамин А (бета-каротен), средства против стврднување: соли на масни киселини со магнезиум, силициум диоксид., супстанци за боење: оксиди и хидроксиди на железо, фолат ((6S)-5-метилтетрахидрофолна киселина, сол на глукозамин), витамин Б12 (метилкобаламин).
Употреба: дозата на Lactiferon® Plus е една таблета на ден. Lactiferon® Plus треба да се зема непосредно по главниот оброк во денот (на пр. во рок од 15 минути), со цел да се зголеми апсорпцијата на железото.
Предупредување: Lactiferon® Plus содржи лактоферин, протеин изолиран од кравјото млеко. Не треба да се употребува во случај на алергија или нетолеранција кон кравјо млеко. Треба да се употребува во комбинација со соодветна и урамнотежена исхрана. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза. Консултирајте се со Вашиот лекар доколку примате терапија со лекови или имате здравствени проблеми. Консултирајте се со Вашиот лекар доколку сте бремени или доите, пред да го употребите граничниот производ Lactiferon® Plus. Доколку употребувате лекови со рецепта или без рецепта, консултирајте се со Вашиот доктор пред да го употребите граничниот производ. Доколку забележите било какви несакани реакции косултирајте се со Вашиот лекар. Да се чува на ладно и суво место. Да се чува подалеку од дофат на деца.