MEDITRINA Наватак гино, 30 таблети
Опис на производот
Meditrina Navatac Gyno® е граничен производ.
- Може да се употребува за справување со мачнина, повраќање, горушица и киселински рефлукс
- Navatac Gyno® е граничен производ кој содржи витамин Б6 (пиридоксин), екстракт од ѓумбир, екстракт од артичока, алгинска киселина, калциум карбонат и калиум бикарбонат
Пакување: 30 таблети.
Прочитај повеќе
- Мачнина и повраќање се јавуваат кај голем број жени во раната бременост. До 85% од жените може да имаат мачнина и повраќање во првиот триместар од бременоста(1). Најчесто симптомите се повлекуваат пред петтиот гестациски месец. Вистинската причина за мачнината и повраќањето останува необјаснета и веројатно се должи на повеќе фактори(2). Мачнината и повраќањето во бременост можат ефикасно да се третираат со лекови познати како антиеметици(2). Сепак, многу жени внимаваат во врска со употребата на лекови, плашејќи се да не го оштетат фетусот, особено поради тоа што мачнината и повраќањето најчесто се појавуваат во текот на чувствителниот период од органогенезата на ембрионот. Поради тоа, употребата на не-медицински лекови и билни екстракти за време на бременоста е многу распространета(3) (4).
- Администрацијата на витамин Б6 е ефикасен првичен третман при мачнина предизвикана од бременост. Испитувањата покажуваат дека употребата на витамин Б6 при мачнина и повраќање предизвикани од бременост значително ги намалува симптомите(5) (6) (7) (8) (9) (10) (11) (12) (13). Во клиничките испитувања нема појавено оштетување кај мајката или фетусот при употреба на витамин Б6(14) (15). Во упатствата од 2015 издадени од Американскиот колеџ за акушери и гинеколози се препорачува употреба на витамин Б6 како првична терапија против мачнина и повраќање при бременост. Препораката се базира на научни докази (ниво А)(16). Дозата на витамин Б6 против мачнина и повраќање во бременост е од 10-75 мг дневно(17).
- Ѓумбир (Ginger, Zingiber officinale) Уште од старите времиња ѓумбирот се користел како билен лек за третман на повеќето примарни гастроинтестинални заболувања како на пример мачнина, повраќање, дијареја и диспепсија. Дејството на ѓумбирот при мачнина и повраќање во бременост се должи на активните состојки наречени џинџероли. Концентрацијата на џинџероли во даден екстракт од ѓумбир е клучна за неговата ефикасност. Како пример, условот на Американската Фармакопеа за џинџеролите на ѓумбиро е не помалку од 0.8%(18). Влијанието на употребата на ѓумбир при мачнина и повраќање во бременост е испитувано во клинички студии во последните 30 години(7) (8) (9) (10) (11) (13) (20) (21) (22) (23) (24). Како дополнение на антиеметските карактеристики, ѓумбирот делува на гастроинтестиналниот тракт со зголемување на гастричниот тонус, подвижност и празнење(25) (26) (27) (28). Неодамна се објавени две мета-анализи на рандомизирани клинички студии. Првата ревидирала шест студии извршени помеѓу 1991 и 2009. 508 бремени жени биле одредени да земаат ѓумбир или плацебо(29). Втората ревидирала дванаесет студии од 1991 до 2011. 1278 бремени жени биле одредени да земаат ѓумбир или плацебо(30) Авторите и на двете мета-анализи заклучиле дека ѓумбирот е ефикасна не-фармаколошка опција против мачнина и повраќање во бременост. Во извештајот од 2011 година на Европската Медицинска Агенција (ЕМЕА), при описот на употребата на ѓумбирот во превенција на мачнина и повраќање се вели: „Согласно отштите упатства на клиничката документација се препорачува добро воспоставена употреба на корен од ѓумбир при превенција на мачнина и повраќање предизвикани од бременост "(31). Употребата на ѓумбир при третман на мачнина и повраќање предизвикани од бременост се смета безбедна и за мајката и за фетусот(31) (32) (33). Во поглавјето, „Безбедност при бременост“ од извештајот на Европската Медицинска Агенција (EMEA) пишува дека: „Планираните испитувања на ѓумбирот не пронајдоа повисока инциденца на несакани резултати во бременост"(31). Американската агенција за храна и лекови го вклучува ѓумбирот во листата на храна општо признаена како безбедна (ГРАС) за човечко консумирање(32).
- Артичока (Artichoke, Cynara scolymus) Екстрактот од артичока се употребувал во традиционалната европска медицина уште од античко време за третман на гастроинтестинални нарушувања како варење, горушица, гадење, надуеност и гасови. Екстрактот од артичока исто така се користи за поттикнување на лачење на жолчката и следствено на тоа варење на масти(34). Дејството на артичоката врз дигестивниот систем се должи на активните компоненти наречени хлорогени киселини(35). Концентрацијата на хлорогени киселини во даден екстракт од артичока е клучна за неговата ефикасност. Ефектите на екстрактот од артичока врз диспепсија и гастроинтестинални проблеми се испитувани во многу клинички испитувањa. Повеќе од 2000 испитаници биле испитувани во овие студии(36) (37) (38) (39) (40) (41) (42) (43) (44). Артичоката се смета како безбедна билка за консумација. Во извештајот од испитувањето од 2011 на Европската Медицинска Агенција (ЕМЕА), при описот на употребата на артичока при диспепсија и гастроинтестинални проблеми се забележува дека: „Само мали несакани дејствија беа пријавени во сите клинички испитувања. Затоа, 60 однос на клиничката безбедност, фармацевтските форми се прифатливи"(35).
- Горушица и киселински рефлукс се вообичаени нарушувања кај бремени жени. Се проценува дека преваленцата на горушица и киселински рефлукс во бременост е од 40% до 85%(45) (46) (47) (48) (49). Се смета дека комбинација од наследни фактори играат важна улога за започнување на гастроезофагеален рефлукс во бременост: намален притисок на долниот езофагеален сфинктер, промена во гастроинтестиналниот транзит поради хормонални промени и зголемен интра-гастричен и интра-абдоминален притисок како дополнение на зголемената матка. Почетокот на горушицата и киселински рефлукс може да се случи во било кое време во текот на бременоста и се влошува како што бременоста напредува. Во една студија на 510 бремени жени, преваленцата на симптоми на гастроезофагеален рефлукс се зголемила од 26,1% во првиот триместар до 36,1% во вториот и 51,2% во третиот триместар од бременоста. Преваленцата на истите симптоми кај жени од истата група кои не биле бремени била 9,3%(49). Во друга студија на 82 бремени жени, 76% имале горушица и 71% регургитација во третиот семестар од бременоста, додека 70% биле асимптоматски пред бременоста(50). Неодамнешни податоци посочуваат дека бремени жени со горушица и киселински рефлукс може да имаат посериозна мачнина и повраќање(51). При студија на 194 бремени жени, сериозноста на мачнината и повраќањето беа значително поврзани со симптоми на горушица и киселински рефлукс. Горушица и рефлукс беа пријавени кај 75% од жените со сериозна мачнина и повраќање во споредба со 48% од жените со блага мачнина и повраќање. Разликата беше статистички значајна (р<0,0001)(52). При студија на 710 бремени жени, сериозноста на мачнината и повраќањето беа значително поврзани со симптоми на горушица и киселински рефлукс. Горушица и рефлукс беа пријавени кај 71,9% од жените со сериозна мачнина и повраќање во споредба со 58,1% од жените со блага мачнина и повраќање. Разликата беше статистички значајна (p <0,02)(33). Во друга студија на 60 бремени жени со мачнина и повраќање, третманот со антациди против горушица и киселински рефлукс ја намали сериозноста на мачнината и повраќањето за 33% и ја зголеми генералната благосостојба за 70%. И двата резултати беа статистички значајни (р<0,0001)(54). Зголемен број докази посочуваат дека горушица и киселински рефлукс за време на бременост може да создадат предиспозиција за појава на гастроезофагеална рефлуксна болест (GERD) по бременоста(55) (56). При студија на 1180 бремени жени, преваленцата на GERD се зголемила од 6,4% при првата бременост со горушица на 36,1% при повеќе од две бремености со горушица и од 5,3% при првата бременост со киселински рефлукс на 29,3% при повеќе од две бремености со киселински рефлукс. И двата резултати беа статистички значајни (р<0,001)(56).
- Алгинска киселина (Alginic acid)/ Калциум карбонат (Calcium carbonate)/ Калиум бикарбонат (Potassium bicarbonate): Алгинската киселина е добиена од екстракт од морски алги. Алгинската киселина е 100% природен производ, нетоксична и безбедна за човечка употреба. Широко се користи за подобрување на карактеристиките на храната. Алгинска киселина ги апсорбира гастричните течности со кои доаѓаат во контакт и брзо набабрува создавајќи гел- кој лебди на содржината на желудникот. Алкализирачките компоненти (калциум карбонат и калиум бикарбонат) остануваат заробени во алгинскиот слој и имаат само мал ефект врз киселоста на желудечниот сок на желудникот. Слојот од гел помага во спречување на рефлукс на гастричните сокови во хранопроводот. Алгинскиот слој-гел влегува во хранопроводот пред гастричните сокови. Гелот го премачкува и штити хранопроводот, неутрализирајќи го иритирачкиот ефект на течностите на гастричниот рефлукс(57) (58). Апсорпцијата на алгинска киселина е незначителна. Не влегува во системската циркулација. Нејзиното дејство е локално за желудникот и хранопроводот. Поради физичкиот начин на дејствување и долгорочното искуство, алгинската киселина се смета безбедна за употреба во бременост. Американската агенција за храна и лекови ја класифицира алгинската киселина во листата на храна општо признаена како безбедна (ГРАС) за човечко консумирање(59).
1Тестирање на Хиперемесис Гравидарум и мачнина и повраќање за време на бременост: Систематски преглед. JAMA 2016, 316, 1392-1401.
2Мачнина и повраќање во бременост. Gastr Clin North Am 2011, 40, 309-334.
3Интервенции за мачнина и повраќање во рана бременост. Cochrane Syst Rev 2014, 3, CD007575
4Употреба на болни лекови во бременост: резултати од мултинационално испитување. BMC Complement Altern Med 2013, 13, 355-365.
5. Витаминот Б6 е ефикасна терапија против мачнина и повраќање во бременост: Рандомизирана, двојно-слепа, плацебо-контролирана студија. Obstet Gynecol 1991, 78, 33-36.
6. Пиридоксин против мачнина и повраќање во бременост: Рандомизирано, двојно-слепо, плацебо-контролирана студија. Аm J Obstet Gynecol 1995, 173, 881-884.
7Ефектите на екстракт од ѓумбир при мачнина предизвикана од бременост: Рандомизирана, контролирана студија. Aust NZ J Obstet Gynaecol 2003, 43, 139-144.
8Рандомизирана споредба на ѓумбир и витамин Б6 при третман на мачнина и повраќање во бременост. ЈМАТ 2003, 86, 846-853.
9Рандомизирано, контролорано испитување за третман на мачнина и повраќање во бременост со ѓумбир. Obst Gyn 2004, 103, 639-645.
10Споредба на ефикасноста на ѓумбирот и витаминот Б6 за третман на мачнина и повраќање во рана бременост: Рандомизирано, двојно-слепо, контролирано испитување. ЈМАТ 2007, 90, 15-20.
11Споредба на ѓумбир и витамин Б6 за третман на мачнина и повраќање во бременост: Рандомизирано, контролирано испитување. Midwif 2009, 25, 649-653.
12Плацебо-контролирано испитување на орален пиридоксин при хиперемесис гравидарум. Gynecol Obstet Invest 2009, 67, 151-157.
13Споредба на ефикасноста на витамин Б6 и ѓумбир во третман на мачнина и повракање предизвикани од бременост Obst Gyn Int 2013, 2013:927834.
14Преглед базиран на докази за безбедноста и ефикасност на фармаколошката терапија против мачнина и повраќање во бременост. Аm J Obstet Gynecol 2002, 186, S256-261.
15Мачнина и повраќање во рана бременост BMJ Clin Evid 2014, 03:1405.
16Достапно на: www.acog.org
17Третман против хиперемесис гравидарум и мачнина и повраќање во бременост: Систематски преглед и економско испитување. Health Technol Assess 2016, 20, 1-268.
18Фармакопеа на Соединетите Држави. Компендиум на додатоци во исхраната 2015 стр. 1146-1153.
19Третман на хиперемесис гравидарум со ѓумбир. Eur J Obstet Gynecol Reprod Biol 1991, 38, 19-24.
20Ѓумбир против мачнина и повраќање во бременост: Рандомизирано, двојно-маскирано, плацебо-контролирано испитување. Obstet Gynecol 2001, 97, 577-82.
21Сируп од ѓумбир како антиеметик во рана бременост. Altern Ther Health Med 2002, 8, 89-91.
22Ефикасност и безбедност на ѓумбирот при третман на мачнина и повраќање предизвикани од бременост. Obstet Gynecol 2005, 105, 849-856.
23Рандомизирана споредба на ѓумбир и дименхиндринат при третман на мачнина и повраќање во бременост. ЈМАТ 2007, 90, 1703-1709.
24Ефикасност на ѓумбирот во превенција на мачнина и повраќање за време на бременост и хемотерапија. Integ Med Ins 2016, 11, 11-17.
25Ефикасност на ѓумбирот врз подвижноста и симптомите на функционална диспепсија. World J Gastroenterol, 2011, 17, 106-110.
26Влијание на составните делови на ѓумбирот врз гастроинтестиналниот тракт: Улогата на холинергичните М3 и серотонергичните 5-НТ3 и 5-НТ4 рецептори. Planta Med. 2011, 77, 973-978.
27Ѓумбирот и неговите лути состојки безконкурентно го инхибираат активирањето на човечките рекомбинантни и вродени 5- НТЗ рецептори на цревни неврони. Neurogastroenterol Motil. 2013, 25, 439-447.
28Ѓумбирот и неговите лути состојки безконкурентно ги инхибираат струите на серотонин врз висцералните аферентни неврони. Kor J Physiol Pharmacol. 2014, 18, 149–53.
29Системски преглед и мета-анализа на ефектите и безбедноста на ѓумбирот при третман на мачнина и повраќање поврзани со бременост. Nutr J. 2014,13, 20-34.
30Ефектите на ѓумбирот при мачнина и повраќање во рана бременост: Мета-анализа. J Am Board Fam Med. 2014, 27, 115-122.
31Извештај од испитување за Zingiber officinale. EMEA, 2011, 49 (Достапен на: www.ema.europa.eu/ema/).
32Достапен на: www.accessdata.fda.gov/scripts/cdrh/cfdocs/cfcfr/CFRSearch.cfm?fr=182
33Ефикасност и безбедност на ѓумбир при мачнина и повраќање предизвикани од бременост: Систематски преглед. Women Birth 2013, 26, е26-30.
34Зголемување на лачењето на жолчката преку екстракт од артичока. Phytomed 1994, 1, 107-115.
35Извештај од испитување на Супагa scolymus EMEA 2011, 41 (Достапен на: www.ema.europa.eu/ema/).
36Artischockenblätterextrakt-aktuelle erkenntnis zur wirkung als lipidsenker und antidyspeptium. Dtsch Apoth Ztg 1996, 136, 1405-1414.
37Неодамнешни откритија укажуваат на ефекти на екстрактот од лист од артичока врз метаболизмот на липидите, црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт. Phytomed 1997, 4, 369-378.
38Долгорочна администрација на екстракт од артичока против симптоми на диспепсија. Резултати добиени преку испитување со набљудување. Natura Med 1998, 13, 17-26.
39При отворено испитување, екстрактот од лист од артичока ја намалува благата диспепсија. Phytomed 2002, 9, 694-699.
40Подобрување на симптомите на диспепсија и квалитетот на живот кај здрави поединци по администрација на екстракт од лист од артичока. Gut 2003, 52, А81.
41Ефикасноста на екстрактот од лист од артичока при третман на пациенти со функционална диспепсија: Шест неделно, плацебо- контролирано, двојно-слепо, мулти-централно испитување. Aliment Pharmacol Ther 2003, 18, 1099-1105.
42Функционална диспепсија и синдром на раздразнето црево: Ефекти на третман со екстракт од лист од артичока; плацебо- контролирано, рандомизирано, мулти-централно испитување. Gastroenterol 2003, 124, A182.
43Екстрактот од лист од артичока ги намалува симптомите на синдромот на раздразнето црево и го подобрува квалитетот на живот кај здрави волонтери кои патат од конкоминантна диспепсија: Анализа на подгрупа. J Alternat Complement Med 2004, 10, 667-669.
44Ефектот на додатоци од ѓумбир и артичока врз функционалната диспепсија: Рандомизирано, двојно-слепо и плацебо-контролирано клиничко испитување. Evid Based Complement Alternat Med 2015 915087.
45Пореметувања на гастроинтестиналната подвижност во бременост. Аnn Int Med 1993, 118, 366-75.
46Третман на гастроезофагеален рефлукс за време на бременост и лактација: Кои се најбезбедните терапевтски опции? Drug Saf 1994, 19 325-337.
47Управување со горушица во бременост. Aliment Pharmacol Ther 2005, 22, 749-757.
48Гастроезофагеална рефлуксна болест во бременост. Best Prac Res Clin Gastroenterol 2007, 21, 793-806.
49Планирана лонгитудинална кохорт-студија: Развој на симптоми на гастроезофагеален рефлукс за време на бременост. ВМС Gastroenterol 2012, 12, 2-7.
50Квалитетот на живот поврзан со здравјето кај бремени жени со жиговина и регургитација. Arq Gastr 2015, 52, 100-104.
51Мачнина и повраќање во бременост. Am Fam Physician 2014, 89, 965-970.
52Влијанието на горушица и киселински рефлукс врз сериозноста на мачнината и повраќањето во бременост. Can J Gastroenterol 2009, 23, 270-272.
53Тешкотијата од мачнина и повраќање за време на бременост. Резултати од попречно испитување. BMC Pregnancy and Childbirth 2017, 17:75.
54Влијанијата на фармако-терапија за намалување на киселини врз сериозноста на мачнината и повраќањето во бременост. Obstet Gynecol Int 2009, 2009:585269.
55Симптоми на гастроезофагеален рефлукс за време и по бременост: лонгитудинално испитување. Am J Gastroenterol 2007, 102, 2395-2400.
56Поврзаност на горушица во текот на бременост со ризик од гастроезофагеална рефлуксна болест. Clin Gastr Hepatol 2007, 5, 1035-1039.
57Преглед статија: Формулација на алгинат слој при третман на жиговина и киселински рефлукс. Aliment Pharmacol Ther 2000, 14, 660-690.
58Рандомизирана клиничка студија: ослободување од горни гастроинтестинални симптоми преку алгинска киселина која ја таргетира преградата/антацид А-двојно слепа, плацебо-контролирана, пилот студија за гастроезофагеална рефлуксна болест.
59Достапно на www.accessdata.fda.gov/scripts/cdrh/cfdocs/cfcfr/CFRSearch.cfm?fr=184.1724
Содржина
Состав: Супстанции со физиолошко дејство: секоја таблета Наватак гино® содржи 10 мг витамин Б6 (пиридоксин, 714% RDA), 20 мг екстракт од ѓумбир (титриран на >25% џинџероли), 150 мг екстракт од артичока (титриран на >20% хлорогени киселини), 250 мг алгинска киселина, 50 мг калциум карбонат и 50 мг калиум бикарбонат.
Ексципиенси: микрокристална целулоза, аморфен силициум диоксид, магнезиум стеарат.
Обвивка: хидроксипропил метил целулоза (Е464), талк (Е553Б), титаниум диоксид (Е171), полиетилен гликол (Е1521).
Дозирање: земајте една таблета после оброк. Употребувајте најмногу 2 таблети на ден.
Мерки на претпазливост: Не го употребувајте NAVATAC Gyno доколку сте алергични или не толерирате некоја од помошните состојки на граничниот производ. NAVATAC gyno® треба да се употребува заедно со правилна или соодветно балансирана исхрана. Не ја надминувајте максималната дневна доза. Доколку употребувате лекови со рецепта или без рецепта, консултирајте се со Вашиот доктор пред да го земете NAVATAC Gyno®. Доколку сте бремена или доите, консултирајте се со Вашиот доктор во врска со овој граничен производ пред да го употребите. Чувајте го подалеку од дофат на деца. Чувајте го на ладно и суво место.