NICORETTE Freshmint Лековита гума за џвакање за откажување од пушење 2 мг, 30 гуми за џвакање

Nicorette Freshmint Nicotine Gum 2 mg 30 pcs guma za gvakanje za otkazuvanje od pusenje
NICORETTE Freshmint Лековита гума за џвакање за откажување од пушење 2 мг, 30 гуми за џвакање
564,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
057760C
favorite_border

Опис на производот

Nicorette Freshmint Лековита гума за џвакање за откажување од пушење.

  • Гума за џвакање која припаѓа на групата лекови наречени никотинска супституциона терапија, која Ви помага да се откажете од пушењето
  • Се користат за ублажување на потребата од никотин и за ублажување на симптомите што може да ги добиете доколку се обидете да се откажете од пушењето или доколку го намалите бројот на цигари, но не можете или не сакате да се откажете од пушењето. Доколку сте одлучиле да се откажете од пушењето, или сте го намалиле бројот на цигари кои ги пушите, на Вашето тело ќе му недостига никотин кој сте го внесувале преку чадот на цигарите
  • Кога џвакате гума за џвакање Nicorette Freshmint, ќе се ослободи мала количина на никотин, што е доволно за да Ве ослободи од непријатните симптоми кои се појавуваат при обидот да се откажете од пушењето
  • При џвакање на лекот Nicorette Freshmint, никотинот полека се ослободува и се ресорбира во усната шуплина
  • За разлика од цигарите, Nicorette Freshmint не содржи штетни смоли или јаглерод моноксид
  • Nicorette Freshmint, лекот за џвакање, треба да се комбинира со програма за откажување од пушење. Советите и поддршката во рамките на оваа програма обично jа зголемуваат веројатноста за успешно откажување од пушењето
  • Nicorette Freshmint лековитите гуми за џвакање не треба да се употребуваат кај деца помали од 12 години

Пакување: 30 гуми за џвакање.

 

Содржина

Состав: една лековита гума за џвакање содржи 2 мг никотин во форма на никотин-смола комплекс 20%. Содржи ексципиент ксилитол 608 мг.

Ексципиенси:

Јадрото на лековита гума за џвакање: основна маса на лековита гума за џвакање (содржи бутилхидрокситолуен) ксилитол, масло од питомо нане, безводен натриум карбонат, натриум хидрогенкарбонат, ацесулфам-калиум, левоментол, лесен магнезиум оксид, талк.

Облога за лековита гума за џвакање: ксилитол, масло од питомо нане, арапска гума сушена со распрскувач, титаниум диоксид (Е171), карнауба восок.

Nicorette Freshmint содржат ксилитол и бутилхидрокситолуен, супстанции со докажано дејство.

  • Ксилитол може да има лаксативно дејство. Калорична вредност: 2.4 kcal/ ксилитол, или 1.5 kcal по лековита гума за џвакање, 2 мг
  • Основата на лековитата гума за џвакање содржи бутилхидрокситолуен (Е321), антиоксиданс кој може да предизвика локални кожни реакции (на пример контактен дерматитис) или иритација на очите и слузницата

Овој лек содржи помалку од 1 mmol (23 мг) натриум во една лековита гума за џвакање т.е занемарливи количини на натриум.

Употреба: секогаш употребувајте го овој лек како што е наведено во ова упатство или како што ви кажал Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра. Консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра доколку не сте сигурни.

Nicorette Freshmint, гума за џвакање, 2 мг може да се користи самостојно или во комбинација со трансдермален фластер Nicorette Inivsipatch.

Важно е да се користи правилната техника за џвакање на лековитата гума. Nikorette Freshmint, гума за џвакање, треба да се џвака полека, со паузи, при што треба да се прекине џвакањето и да се стави гумата за џвакање во просторот помеѓу образите и непцата. Доколку не го сторите тоа, може да дојде до појава на киселини или икање. Ефектот на никотинот се јавува по неколку минути. Оттука, не може да се очекува потребата од никотин да се задоволува на ист начин како при пушење цигари. Опасноста од труење е мала дури и доколку случајно се проголта гумата за џвакање, бидејќи никотинот се ослободува бавно и нецелосно.

Јачината на лековитата гума за џвакање треба да се избере врз основа на степенот на зависност од никотин. Доколку сте пушеле повеќе од 20 цигари на ден или доколку не сте биле во можност да се откажете од пушењето пред да користите гума за џвакање од 2 мг, можете да користите гума за џвакање од 4 мг. Во други случаи, треба да се користи лековита гума за џвакање од 2 мг. Nicorette Freshmint треба да се користи кога вообичаено земате цигара или во ситуации кога треба да пушите. На почетокот на терапијата со Nісorette Freshimint со медикаментозна гума за џвакање, може да се зема по една гума за џвакање на секои два часа. Секој ден треба да се зема доволно гума за џвакање. Дозата зависи од степенот на вашата зависност од никотин. Во повеќето случаи. Доволни се 8-12 лековити гуми за Џвакање со соодветна јачина на дневна база. За да се зголемат шансите за успешно откажување од пушење, важно е да не се предозирате. Не треба да земате повеќе од 15 лековити гуми за џвакање дневно.

Престанок со пушење:
Должината на третманот е индивидуална, се препорачува да се користи најмалку 3 месеци. Потоа постепено се намалува дозата на никотин. Третманот треба да се прекине кога дозата ќе се намали на 1-2 лековити гуми за џвакање дневно. Редовната употреба на Nicorette Freshimint повеќе од една година генерално не се препорачува. Сепак, на некои поранешни пушачи можеби ќе им треба подолг третман со лековити гуми за џвакање за да се избегне повторното пушење. Секоја неискористена гума за џвакање треба да се зачува, бидејќи може одеднаш да се појави потреба за пушење.

Намалување на бројот на испушени цигари:
Лекот Nicorette Freshmint, лековитата гума за џвакање, се користи за намалување на потребата од пушење помеѓу две цигари, за продолжување на интервалот без цигари, со намера да се намали пушењето на минимум. Доколку намалувањето на бројот на испушени цигари дневно не се постигне и по 6 недели, потребно е да се побара лекарска помош.

Може да се обидете да се откажете од пушењето кога ќе се чувствувате подготвени да го сторите тоа, но во рок од 6 месеци од почетокот на третманот, а не подоцна. Доколку не е возможно да се направи сериозен обид за да се откажете од пушењето во рок од 9 месеци од почетокот на третманот, побарајте лекарска помош.

Доколку сте многу зависни, чувствувате потреба за никотин и покрај тоа што земате лекови базирани на никотин или не сте биле во можност да се откажете од пушењето со еден лек на база на никотин, лекот Nicorette Freshmint, лековитата гума за џвакање 2 мг, може да се користи во комбинација со Nicorette Invisipatch во облик на трансдермален фластер.

Предупредување: доколку земете повеќе отколку што треба, веднаш разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт! Дозите на никотин што возрасните пушачи ги толерираат за време на терапијата кај децата може да доведат до сериозни симптоми на труење, па дури и да бидат со фатален исход.  Доколку имате дополнителни прашања во врска со употребата на Nicorette Freshrmint, консултирајте се со Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра. Бремените жени кои не можат сами да престанат да пушат, треба да се консултираат со совојот лекар пред да земат Nicorette Freshmint. Доколку доите, не треба да користите Nicorette Freshmint, бидејќи никотинот преминува во мајчиното млеко и може да има дејство врз вашето бебе. 

Предупредете го Вашиот лекар доколку земате други лекови, или имате хронично заболување, нарушување на метаболизмот, преосетливи сте на лекови или доколку сте имале алергиски реакции на некои од нив. Доколку имате некоја од следните состојби, треба да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт: доколку неодамна (во последните 3 месеци) сте доживеале срцев удар или мозочен удар, болка во градите (нестабилна ангина пекторис) или ангина пекторис во мирување, болести на срцето кои влијаат на отчукувањата на срцето или ритамот на срцето, висок крвен притисок којшто не е соодветно контролиран со лекови, умерено или тешко заболување на црниот дроб, тешка бубрежна болест, дијабетес мелитус (Почесто проверувајте го нивото на шеќер во крвта кога ќе започнете со третман со гума за џвакање Nicorette Freshmint, бидејќи можеби ќе треба да ја прилагодите дозата на инсулин или други лекови што ги земате), хиперактивна тироидна жлезда, тумор на надбубрежната жлезда (феохромоцитом), чир на желудникот или дуоденален улкус, воспаление на хранопроводникот (тубуларен орган, кој ја поврзува усната шуплина со желудникот). Сепак, продолжувањето со пушењето претставува многу поголема опасност од употребата на гума за џвакање Nicorette Freshmint. Треба да се избегнуваат храна и пијалоци додека џвакате гума за џвакање Nicorette Freshmint. Пијалоците кои ја намалуваат pH вредноста на устата, како кафе, сок од портокал или овошни пијалоци, може да ја намалат апсорпцијата на никотин. За максимален ефект, овие пијалоци треба да се избегнуваат најмалку 15 минути пред џвакање на гумата. 

Лековитата гума за џвакање може да се заглави во забните протези и забните мостови и понекогаш може да доведе до нивно оштетување. Не смее да се зема гума за џвакање Nicorette Freshmint: доколку сте преосетливи на никотин или на некоја од состојките на Nicorette Freshmint. Доколку сте помлади од 12 години. Доколку не сте пушач. Адолесценти од 12 до 17 години треба да употребуваат Nicorette само ако е препорачано за употреба од здравствени професионалци.

Чувајте го лекот подалеку од дофат и видокруг на деца. Никотинот во големи дози може да биде многу опасен, а понекогаш и фатален доколку го земаат мали деца. Да се чува на темпертаура од 25ºC. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се