NIMO Инхалациска комора (спејсер) – додаток за инхалатор (5+ години), 175 мл
Опис на производот
Hunkar Nimo Spacer for Aerosol Violet Инхалациска комора (спејсер) – додаток за инхалатор.
- Медицинско средство за полесно вдишување на лекот од инхалаторот
- За деца на возраст од 5+ години
- Спејсерот е инхалациска комора, односно додаток за инхалатор што се користи заедно со лекови во вид на спреј или „инхалатори со мерена доза“ во третманот на заболувања на дишните патишта
- Идеално решение при третман со лекови за астма и респираторна терапија
- Спејсерот е наменет за пациенти кои користат инхалатори со мерена доза како дел од третманот на хронична опструктивна белодробна болест и астма
- Спејсерот треба да се користи заедно со „инхалатори со мерена доза“ во третманот на заболувања на дишните патишта. Стандардната големина на приклучокот е правоаголен што одговара на инхалатори со приближни димензии: 23±2 mm (должина) × 16,5±2 mm (ширина)
- Спејсерот помага да се: минимизираат грешките во координацијата при употреба на инхалатори со мерена доза; да се избегне таложење на големи количини на лек во орофарингеалната област со што се минимизираат несаканите ефекти. Благодарение на флексибилниот адаптер за поврзување, уредот е компатибилен со сите стандардни инхалатори со мерена доза
- Мека силиконска маска
- Систем на вентили што го олеснуваат дишењето
- Рок на траење на спејсерот е 3 години. Се препорачува производот да се замени по 12 месеци од првата употреба или по 1460 употреби
- BPA Free (без бисфенол А)
Пакување: маска, капаче за заштита од прашина, надворешен дел за уста, комора, заден дел, вентили и аларм.
Содржина
Употреба:
Ве молиме внимателно и целосно прочитајте го упатството за употреба. Чувајте го упатството, можеби ќе треба повторно да го прочитате. Следете ги инструкциите од упатствата за употреба, за да не дојде до негово оштетување.
Пред употреба на спејсерот, проверете дали проодноста низ вентилот преку делот за уста е непречена. Ако вентилот е блокиран, спејсерот не смее да се користи.
Позиција на вентилот:
- Пред секоја употреба, проверете дали вентилот е во правилна положба во делот наменет за уста на спејсерот
- Проверете дали вентилот е во положбата прикажана во внатрешниот дел наменет за уста
- Доколку е потребно, користете млаз вода за да ја поправите неговата положба
- Исушете го спејсерот целосно пред повторно да го употребите
Бидејќи инхалациската комора на спејсерот не е целосно затворена, мали честички можат да влезат и да се вдишат за време на инхалацијата (опасност од задушување). Затоа, пред секоја употреба, осигурајте се дека во спејсерот нема туѓи предмети.
Проверете ги сите составни делови на производот и додатоците пред секоја употреба. Заменете ги сите скршени, деформирани или променети делови. Ве молиме, следете ги и упатствата за правилно склопување дадени подолу. Оштетените составни делови и неправилно склопената инхалациска комора може да ја нарушат функцијата на спејсерот, а со тоа и третманот.
Доколку користите маска, проверете дали обвивката на вентилот при издишување е притисната надвор. Ако обвивката на вентилот е наклонета навнатре, дозата на лекот може да биде недоволна при вдишување.
Извршување на инхалацијата:
1. Внимателно проверете го производот за оштетувања, делови што недостасуваат или присуство на туѓи предмети. Отстранете ги сите туѓи тела пред употреба
2. Отстранете го капачето од комората (доколку е применливо) и поставете го конекторот за маска врз надворешниот дел за уста на комората додека не се намести безбедно (доколку е применливо)
Пред пациентот да почне да вдишува, проверете дали сите делови се цврсто поврзани едни со други. Во спротивно, може да се вдиши недоволна доза од лекот.
3. Отстранете го капачето од MDI (инхалаторот со мерна доза), протресете го MDI веднаш пред употреба и вметнете го MDI во задниот дел од комората
4. Издишете, ставете ја маската на лицето, притиснете го MDI и вдишувајте полека. Држете ја маската цврсто и вдишувајте и издишувајте низ комората 5-6 пати. Ако нема маска, ставете ги усните околу надворешниот дел наменет за уста, притиснете MDI и вдишувајте полека. Ако слушнете звучен сигнал при вдишување, забавете го ритамот. Задржете го здивот 5-10 секунди
Доколку користите маска, осигурајте се дека маската целосно ги покрива устата и носот. Во спротивно, третманот може да биде помалку ефикасен поради истекување на аеросол, на пример, поради недоволно дозирање. За можни несакани ефекти од истекување на аеросол, прочитајте ги упатствата за употреба на лекот кој го употребувате.
Децата помали од 18 месеци треба да вдишат четири до шест пати; децата постари од 18 месеци треба да вдишат длабоко два до четири пати. Во спротивно, може да се вдиши недоволна доза. За возрасни, едно вдишување е доволно за целосна апликација на лекот преку спејсерот.
5. Доколку лекарот препорача да го земате лекот повеќе од едно прскање, почекајте една минута, а потоа повторете ги чекорите 3 и 4
Одржување на хигиената на производот:
Како додаток за инхалатор при инхалациска терапија секогаш користете спејсер и додатоци кои се чисти и суви. Контаминацијата и преостанатата влага го поттикнуваат растот на бактериите, со што се зголемува ризикот од инфекција.
Затоа, ве молиме почитувајте ги следните препораки за одржување на хигиената на производот:
- Секој спејсер треба да се употребува само од еден пациент од хигиенски причини. Задолжително треба да се исчисти и исуши производот пред првата употреба
- За чистење и дезинфекција, секогаш користете свежа вода од чешма со квалитет на вода за пиење
- Проверете дали сите компоненти се правилно исушени по секое чистење или дезинфекција
- Не го чувајте спејсерот и додатоците во влажна средина или заедно со влажни предмети
Редовно чистете ги сите составни делови на производот и употребените додатоци, доколку се видливо валкани веднаш по употреба. Комората обично се чисти еднаш неделно.
Подготовка:
- Отстранете го инхалаторот со мерена доза (MDI) од прстенот за поврзување и затворете го со неговото заштитно капаче
- Доколку е применливо, одвојте ја маската од надворешниот дел за уста
Чистење:
- Отстранете го задниот дел и расклопете ги другите делови од спејсерот
- Потопете ги двата дела во млака вода со течен детергент 15 минути. Нежно протресете
- Исплакнете ги деловите со чиста вода
- Истресете го вишокот вода. Не бришете
- Оставете ги деловите да се исушат на воздух во вертикална положба
- Кога сите делови се целосно суви, повторно склопете го производот
- За правилно порамнување на задниот дел, центрирајте ја ознаката/линијата на задниот дел со системот на подвижни вентили. Притиснете цврсто за да го поставите задниот дел
Визуелна проверка:
Проверете ги сите делови на производот по секое чистење и дезинфекција. Заменете ги сите скршени, деформирани или променети делови.
Сушење и чување:
- Целосно исушете ги сите поединечни делови
- Поради антистатичките својства на материјалот на комората за инхалација, не ги сушете и бришете деловите со чиста кујнска крпа
- Поставете го заштитното капаче врз делот за уста
- Инфо: Заштитното капаче го штити делот за уста од оштетување за време на транспорт и чување
- Прикачете го делот за уста на комората за инхалација
- Чувајте го спејсерот и неговите додатоци на суво и чисто место (заштитено од директна сончева светлина)
Предупредување: секој пациент кој има потреба од помош мора да биде постојано надгледуван од возрасно лице за време на инхалациската терапија. Ова е единствениот начин да се обезбеди безбеден и ефикасен третман. Поединците од оваа група често не ги препознаваат опасностите, што резултира со ризик од повреда. Производот содржи мали делови. Малите делови можат да ги блокираат дишните патишта и да доведат до опасност од задушување. Затоа, секогаш бидете сигурни дека сите компоненти на производот ги чувате подалеку од дофат на бебиња и доенчиња. Овој производ е дизајниран само за пациенти кои се свесни и способни самостојно да дишат. Само така може да се обезбеди ефикасен третман и да се избегне опасност од задушување.