NOVALAC AR Digest + Храна за посебна медицинска намена за доенчиња и мали деца (0-36 месеци), 400 г
Опис на производот
Medis Novalac AR Digest + Храна за посебна медицинска намена за диететска исхрана кај доенчиња и мали деца со регургитација и дигестивни тегоби.
- За доенчиња и мали деца (0-36 месеци)
- Содржи единствена смеса за згуснување која комбинира скроб и диететски влакна за да ја намали регургитацијата
Бљуцкање или регургитација е чест гастроинтестинален проблем кај доенчињата во првата година од животот, кој се манифестира како ненамерно враќање на мајчиното млеко, односно млечна храна од желудникот во хранопроводот, а оттаму во устата. Обично се јавува веднаш или кратко по оброкот (при подригнување), а поретко за време на спиење.
- Содржи иновативен трокомпонентен згуснувач кој овозможува оптимално згуснување на храната во желудникот, извор е на влакна и поради зголемената вискозност при неутрална pH-вредност, покажува подобри својства во споредба со другите класични згуснувачи
- Резултатот од дејството на трокомпонентниот згуснувач е намалување на бљуцкањето кај доенчињата и избалансирано варење на храната, а со тоа и нормално зголемување на телесната тежина
- Ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња до 6 месеци и може да се користи како единствена храна. По 6-месечна возраст може да се дава како дел од разновидна исхрана
- Novalac AR Digest + е дел од големата група производи на Novalac млечни формули кои се специјално прилагодени за доенчиња со внимателно одбрани состојки и контролиран квалитет
Пакување: 400 г.
Содржина
Состав:
| 100 г | 100 мл | |
| Енергетска вредност | 2097 kJ/ 501 kcal | 273 kJ/ 65 kcal |
|
Масти од кои: -заситени масни киселини -линолна киселина -алфа линоленска киселина -ДХА (докозахексаенска киселина) -АРА (арахидонска киселина) |
25.1 г 11.2 г 4.5 г 405 мг 120 мг 30 мг |
3.3 г 1.5 г 0.6 г 53 мг 16 мг 4 мг |
|
Јаглехидрати од кои: -шеќери -скроб |
57.2 г 30.3 г 1 г |
7.4 г 3.9 г 0.1 г |
| Влакна | 1.9 г | 0.2 г |
| Протеини | 10.4 г | 1.4 г |
| Сол | 0.475 г | 0.06 г |
| Витамини | ||
| Витамин А | 425 мкг | 55 мкг |
| Витамин Д3 | 11.5 мкг | 1.5 мкг |
| Витамин Е | 8.7 мг | 1.1 мг |
| Витамин К1 | 60 мкг | 7.8 мкг |
| Витамин Ц | 65 мг | 8.5 мг |
| Тиамин (Б1) | 0.8 мг | 0.10 мг |
| Рибофлавин (Б2) | 1.2 мг | 0.2 мг |
| Ниацин (Б3) | 4.5 мг | 0.6 мг |
| Витамин Б6 | 0.5 мг | 0.07 мг |
| Фолна киселина | 85 мкг | 11 мкг |
| Фолати | 155 мкг-DFE | 20 мкг-DFE |
| Витамин Б12 | 1.5 мкг | 0.2 мкг |
| Биотин | 18 мкг | 2.3 мкг |
| Пантотенска киселина | 4.9 мг | 0.6 мг |
| Минерали | ||
| Натриум | 190 мг | 25 мг |
| Калиум | 590 мг | 77 мг |
| Хлориди | 445 мг | 58 мг |
| Калциум | 525 мг | 68 мг |
| Фосфор | 335 мг | 44 мг |
| Магнезиум | 53 мг | 6.9 мг |
| Железо | 5.3 мг | 0.7 мг |
| Цинк | 4 мг | 0.5 мг |
| Бакар | 0.38 мг | 0.05 мг |
| Манган | 0.041 мг | 0.005 мг |
| Флуорид | <0.45 мг | <0.06 мг |
| Селен | 22 мкг | 2.9 мкг |
| Хром | <45 мкг | <5.9 мкг |
| Молибден | <45 мкг | <5.9 мкг |
| Јод | 95 мкг | 12 мкг |
| Холин | 170 мг | 22 мг |
| Инозитол | 80 мг | 10.4 мг |
| Таурин | 40 мг | 5.2 мг |
| Л-карнитин | 20 мг | 2.6 мг |
Состојки: обезмастено млеко, малтодекстрин, растителни масла (палмино, соино, кокосово), лактоза (млеко), згуснувачи (пектин, гума од рогач), тапиока скроб, рибино масло (ДХА) (млеко), емулгатор (соја лецини), трикалиум цитрат, холин битартрат, калциум хлорид, магнезиум хлорид, витамини [аскорбинска киселина (витамин Ц), натриум аскорбат (витамин Ц), ДЛ-алфа-токоферил ацетат (витамин Е), никотинамид (ниацин), калциум Д-пантотенат, тиамин хидрохлорид, рибофлавин, ретинил-ацетат (витамин А), пиридоксин хидрохлорид (витамин Б6), фолна киселина, фитоменадион (витамин К), Д-биотин, холекалциферол (витамин Д), цијанокобаламин (витамин Б12)], Л-цистин, инозитол, масло од Mortierella alpina (ARA) (млеко), дикалиум фосфат, Л-триптофан, таурин, тринатриум цитрат, динатриум фосфат, железо сулфат, Л-карнитин, цинк сулфат, тримагнезиум цитрат, антиоксиданси [екстракт богат со токофероли], натриум селенит, бакар сулфат, калиум јодид, манган сулфат.
Употреба:
| Возраст (месеци) | 0-1 | 1-2 | 2-4 | 4-6 | 6-12 | 12-36 |
| Број на оброци на ден | 6 | 5 | 5 | 4 | 3* | 2-3* |
| Број на дозерки за подготвување на еден оброк | 3 | 4 | 5 | 7 | 7 | 8 |
| Количина на вода (мл) | 90 | 120 | 150 | 210 | 210 | 240 |
*Како дел од разновидна исхрана
До врв наполнета и до раб израмнета дозерка содржи 4.3 г.
Пред подготовка на секој оброк, измијте ги рацете.
- Шишенцето и цуцлата со капачето превријте ги во вода. Нека вријат најмалку 5 минути
- Водата за подготовка на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие најмалку 5 минути
- Водата во садот оладете ја до 40°C и ставете ја во шишенцето
- Ставете го пропишаниот број на дозерки во шишенцето со помош на приложената дозерка
- Затворете го шишето и добро протресете за прашокот целосно да се раствори
- Подготвениот оброк оладете го до млако (37°C), односно додека на кожата не почувствувате ни ладно ни топло
Предупредување: мајчиното млеко е најдобра храна за доенчињата. Novalac AR Digest + треба да се зема под надзор на лекар и да се дава само на доенчиња кои покажуваат симптоми за кои е наменет производот. Производот не е наменет како единствен извор на прехрана после 6 месечна возраст. Особено внимание е потребно кај доенчиња со намален имунитет, недоносени или новороденчиња со мала родилна тежина и кај алергиски реакции на млечни протеини. Неправилната подготовка или чување можат да претставуваат ризик по здравјето. Производот не е наменет за парентерална употреба или за хранење со сонда.