NYSK HOLDINGS Канабисол CBD 10%, 10 мл
Опис на производот
Nysk Holdings Canabisol CBD 10% масло од канабис (маслен екстракт од растението канабис) е граничен производ.
-
Маслениот екстракт е со докажано отсуство на пестициди и хербициди
-
Екстракцијата се изведува со софистицирана опрема, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт
-
Канабисол CBD 10% маслото од канабис содржи примарно CBD (Cannabidiol) но може да содржи и други канабиноиди како CBN (Cannabinol) и CBG (Cannabigerol) и нивни карбоксилни соединенија
-
Канабиноидите се врзуваат за СВ1 и СВ2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуномодулаторен ефект (го подобруваат имунолошкиот систем)
-
Канабисол CBD 10% маслото од канабис воедно може да содржи и траги од терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е, Ф), пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба
-
Не содржи THC (9-delta tetrahydrocannabinol) и THCA (9-delta tetra hydrocannabinolic acid) или ги содржи во незначителни количини под 0,2 %
-
Канабисол CBD 10% маслото од канабис може да помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст, но не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања
Позитивни ефекти при употреба на КАНАБИСОЛ CBD 10% маслото од канабис се манифестираат и при:
- Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми
- Се користи против гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања, помага во одржување на балансот на цревната флора
- Ублажува состојба на болка од различно потекло, заради неговото противвоспалително дејство
- Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести - помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта, може да помогне во регулирање на покачена концентрација на гликоза во крвта
Пакување: 10 мл.
Содржина
Состав: 10 мл масло содржи:
- CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis) 1000 мг
- МСТ (Medium Chain triglycerides ) масло базирано на кокосово масло до 10 мл
Употреба: Канабисол CBD 10% маслото од канабис се зема со капнување под јазик. Пред употреба треба добро да се протресе.
- Кај возрасни Канабисол CBD 10% маслото од канабис се употребува еднаш дневно, препорачливо наутро
- Кај деца до 14 години Канабисол CBD 10% маслото од канабис се употребува еднаш дневно
- Се капнуваат 3 капки под јазикот и се задржуваат околу 60 секунди пред да се голтне
Не треба да се надминува препорачаната дневна доза.
- Канабисол CBD 10% маслото е погодно и за дијабетичари и популација на вегетаријанска исхрана
Мерки на претпазливост: Овој граничен производ се издава без рецепт за третман (ублажување) на полесни здравствени проблеми за кои не е потребено совет од лекар. Меѓутоа, и покрај тоа треба да го употребувате претпазливо (внимателно) за да Ви биде што повеќе од корист.
Не е замена за стандардната терапија, но може да се користи како комплеметарна терапија. Чувајте го упатството. Можеби ќе треба да го прочитате повторно. Секогаш земајте го овој граничен производ точно како што е опишано во ова упатство или советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт ако Ви се потребни дополнителни информации.
Немојте да го земате/употребувате Канабисол CBD 10% маслото од канабис:
- Ако сте пречувствителни на која било состојка на маслото
- Ако сте бремени или доите
- Ако сте земале алкохол или недозволени супстанции
- Наместо стандардната терапија која е препишана од вашиот лекар
Канабисол CBD 10% маслото од канабис нема психотропна дејство и не се очекува да има влијание врз способноста за управување со превозно средство, ракувањето со машини или извршување на тешки и небезбедни работни задачи. И покрај тоа, поради тоа што нема доволно податоци, не се препорачува вршење на овие активности за време на употреба на Канабисол CBD 10% маслото од канабис. Не смее да се зема истовремено со алкохол и недозволени супстанции.
Чувајте го на места недостапни за деца, заштитено од светлина, топлина и влага! Рокот на употреба е 18 месеци. По отворањето да се чува во ладилник. Да не се замрзнува!