OMISAN Окумил капки за очи, 15 мл

Omisan капки за очи против црвенило, 15 мл. Ocumill eye drops
OMISAN Окумил капки за очи, 15 мл
259,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051074C
favorite_border

Опис на производот

Omisan Ocumill Eye Drops Окумил капки за очи.

  • Медицинско средство
  • Стерилен, изотоничен, заштитен офталмолошки раствор, со течен екстракт од слез и камилица
  • Посебно наменет за симптоми на црвенило на очите
  • Благодарение на неговото тројно дејство смирува, освежува и хидрира, помага во возобновување на природниот физиолошки баланс на окото, при што се добива пријатно чувство на свежина и олеснување
  • Оваа изотонична формулација на база на течен екстракт од слез и камилица, совршено се адаптира на физиолошката состојба на окото и осигурува деликатна и удобна апликација
  • Слез е растение со високата концетрација на слуз, кој му дава заштитни, освежувачки и хидратантни карактеристики, со што помага во треманот на иритација на окото,
  • Камилицата поселува смирувачки и емолијантни карактеристики, со што помага во намалување на црвенилото на очите. 

Индикации:

  • Ги смирува, освежува и навлажнува очите при иритација и црвенило
  • Ослободува од симптоми на чешање, печење, чувство на присуство на туѓо тело и иритација
  • При промени на солзната обвивка на окото од нетрауматска и непатолошка природа
  • Промени на окото настанати како резултат на дејство на надворешни фактори (екстремна изложеност на сонце, ветар, прашина, климатизирани простории (сув и загаден воздух)
  • Визуелен стрес (прекумерна употреба на компјутер, несоодветно осветлување, ноќно возење итн.)
  • Пролонгирана употреба на контактни леќи

Производот може да се користи при истовремена употреба на контактни леќи.

Компатибилно со хомеопатски третман.

Пакување: 15 мл.

Содржина

Состав: Слез (Malva sylvestris) 1%, камилица (Chamomilla recutita) 1% динатриум едетат, и натриум Н-хидроксиметил глицинат, изотоничен бафер раствор рН 7.2.

Не содржи безалкониум хлорид, хлорхексидин, феноксиетанол, парабени, темеросал или состојки од животинско потекло.

Употреба: Капнете по 1-2 капки, во секое око, еднаш или повеќе пати на ден, по потреба или како што е препорачано од лекар. Ако носите контактни леќи капнете 2-3 капки на леќата пред или откако ќе ја ставите во окото. Постаката може да ја повторите неколку пати во тек на денот.

Предупредување: ако дојде до појава на иритација, прекинете ја употребата на производот и веднаш контактирајте го Вашиот очен лекар. Да не се користи во случај на алергија на која било состојка на производот. Да се чува на суво место заштитено од извори на топлина на температура од 5° до 35°С. Да се чува на места недостапни за деца. Производот не е наменет за пиење. Да не се користи по истек на датумот на употреба. Да се употребува до 90 дена по првото отварање. Стерилно до првото отварање. Да не се користи ако е оштетено пакувањето. Не ја допирајте капалката од шишенцето до окото или очниот капак. Добро затворете го шишенцето по секоја употреба. Нанесете го производот најмалку 5 минути пред или после администрација на други локални офталмолошки производи.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се