OMRON i-Q142 Intellisence Апарат за мерење крвен притисок, за надлактица

Omron i-q142 SpotArm Digital Automatic Blood Pressure Monitor Celosno avtomatski aparat za merenje krven pritisok
OMRON i-Q142 Intellisence Апарат за мерење крвен притисок, за надлактица
11.800,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
017218C
favorite_border

Опис на производот

Omron i-q142 SpotArm Digital Automatic Blood Pressure Monitor Целосно автоматски апарат за мерење крвен притисок.

  • За надлактица
  • Со LCD дигитален екран
  • Осцилометриски метод на мерење
  • Автоматски меморира до 84 поединечни измерени вредности со датум и со време за секој корисник
  • Едноставно и брзо ги мери вашиот крвен притисок и пулс
  • Ја користи напредната технологија Intellisense за удобно и контролирано пумпање на манжетната без потреба од претходно приспособување на притисокот или од дополнително пумпање
  • Аголот на манжетната може да се приспособува за да се избегне навалена положба на телото
  • Потпирачот за лакотот помага раката да остане во стабилна положба и под најповолен агол за мерење
  • Со едноставно ставање на раката во манжетна, таа автоматски се витка околу вашата рака, со соодветна големина, и започнува мерењето на крвниот притисок и пулс
  • Апаратот ги чува резултатите од мерењето за две лица, како и утринските и вечерните просечни вредности
  • Гаранција 5 години

Софтверот за следење резултати од мерењето и печатачот на Omron се достапни како дополнителна опрема. Софтверот овозможува преглед, контрола и печатење на резултатите добиени со мерењето на крвниот притисок со помош на апаратот OMRON i-Q142 Intellisense. Софтверот е само на англиски јазик.

Напомена: Печатачот спаѓа во дополнителна опрема и не доаѓа во пакет со апаратот.

Пакување: 1 апарат за мерење притисок + адаптер.

Содржина

Мерки на претпазливост:

Не го изложувајте апаратот на силни удари и вибрации или не го испуштајте апаратот.

Не вршете мерења по бањање, консумирање алкохол, пушење, вежбање или по јадење.

Кога апаратот не се употребува или кога го преместувате и сл., не ставајте предмети (прибор за пишување, нотеси, АС-адаптер итн.) во манжетната за рака. Тоа може да предизвика оштетување на поставата на манжетната или на апаратот и да даде погрешни резултати од мерењето.

Не ја пумпајте манжетната кога не е обвиткана околу Вашата рака.

Не вршете мерење ако вашата рака не е правилно поставена (наопаку или од обратната страна на апаратот).

Не го преместувајте апаратот ако манжетната не е прицврстена.

Не го држете апаратот за манжетната. 

Користете само оригинален АС-адаптер наменет за овој апарат.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се