THE ORDINARY AHA 30% +BHA 2% Раствор за пилинг, 30 мл

The Ordinary AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution 30ml rastvor za piling so kiselini
THE ORDINARY AHA 30% +BHA 2% Раствор за пилинг, 30 мл
821,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
057450C
favorite_border

Опис на производот

The Ordinary AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution Раствор за пилинг.

  • Aлфа хидрокси киселините (АХА - гликолна/млечна/винска/овошна) вршат ефективен пилинг на површинскиот слој на кожата за мазен и изедначен тен
  • Бета хидрокси киселините (БХА -салицилна) продираат подлабоко и на тој начин ја чистат мастнотијата во порите

Комбинираниот 32% АХА/БХА раствор врши длабинска ексфолијација и ги намалува неправилностите, давајќи посјаен и рамномерен тен. Со редовна употреба, производот ја подобрува текстурата на кожата и ја намалува видливоста на фините линии.

Формулацијата содржи:

  • Дериват на бобинки од тасмански бибер (Таsmania Pepperberry) чија функција е да спречи иритација поради употребата на киселини
  • Хијалуронска киселина со смирувачки вкрстен полимер
  • Витамин Б5 кој помага при регенерација на кожата
  • Црн морков како антиоксидант

Пакување: 30 мл.

 

Содржина

Состав: гликолна киселина, млечна киселина, винска киселина, лимонска киселина, салицилна киселина, вкрстен полимер на натриум хијалуронат, екстракт од лист од тасманија ланцеолата*.    
*целосниот состав е означен на амбалажата. 

Употреба: користете 1-2 пати неделно на целосно чиста и сува кожа. Не користете на влажна, чувствителна и иритирана кожа. Избегнувајте контакт со очите за време на нанесувањето и плакнењето. Оставете го производот да делува најмногу 10 минути. Исплакнете темелно со млака вода. При употреба на производот да се користи крем со заштитен фактор.

Во случај на иритација добро исплакнете со вода, прекинете ја употребата и консултирајте се со лекар.

Пред употреба се препорачува тестирање на мала површина на кожата. Нанесувајте заштитен фактор додека го користите производот. 

Таsmania Pepperberry е од растително потекло и сезонски бојата му се менува што значи дека оваа варијација на боја е лесно видлива во формулацијата. 

Рок на употреба после прво отварање: 12 месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се