THE ORDINARY Млечна киселина 5% + хијалуронска киселина, 30 мл

The Ordinary Lactic Acid 5% & Hyaluronic Acid Water Based Exfoliating Peeling Solution 30ml serum so mlecna i hijaluronska kiselina
THE ORDINARY Млечна киселина 5% + хијалуронска киселина, 30 мл
709,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
057455C
favorite_border

Опис на производот

The Ordinary Lactic Acid 5% & Hyaluronic Acid Млечна киселина 5% + хијалуронска киселина.

  • Блага млечна киселина која овозможува нежна ексфолијација на кожата. Млечната киселина е алфа-хидрокси киселина која има функција да ја ексфолира кожата. Формулацијата од пет проценти обезбедува нежна ексфолијација
  • Формулацијата содржи дериват на бобинки од тасмански бибер кој ги намалува знаците на воспаление и чувствителност често поврзани со употреба на киселини

Пакување: 30 мл.

Содржина

Состав: млечна киселина, вкрстен полимер на натриум хијалуронат, екстракт од лист од тасманија ланцеолата*.    

*целосниот состав е означен на амбалажата.

Употреба: нанесете еднаш или два пати на ден, најдобро навечер, избегнувајте го пределот околу очите. Може да се разреди со други третмани за да се намали ефектот, додека кожата не постигне толеранција.

Во случај на иритација исплакнете, прекинете со употреба и консултирајте се со лекар.

Користете заштитен фактор, заштитете ја третираната површина со облека и ограничете ја изложеноста на сонце додека го користите овој производ, како и една недела по употреба. Не се препорачува употреба кај чувствителна и иритирана кожа.

Тасманскиот бибер ја менува бојата во зависност од сезоната, така што промените во боја можат да бидат видливи во формулацијата. Ефективноста останува иста.

Рок на употреба после прво отварање: 12 месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се