ORJENA Micellar Cleansing Water Pore Care Мицеларна вода за чистење на лицето, 300 мл
Опис на производот
Orjena Pore Care Micellar Cleansing Water Мицеларна вода за чистење на лицето (за освежување).
- Нежната мицеларна вода, што содржи екстракт од Houttuynia cordata и АХА состојки ги отстранува мртвите клетки од кожата
- Како магнет, мицелите ја заробуваат и отстрануваат нечистотијата, вишокот себум и шминката, без грубо триење и сушење на кожата на лицето
- По употреба кожата е перфектно чиста
- Хипоалергична вода за чистење за сите типови на кожа
- Микро-мицеларните честички лесно се мешаат со вода и масло, така што ја отстрануваат шминката, нечистотијата и создаваат бариера за влажност за да ја одржуваат кожата хидрирана за време на чистењето
- Водата со pH од 5.5 помага во одржување на здрава кожа
Клучни состојки:
- AHA - Ефикасно ја чисти кожата од мртвите клетки и нечистотии. Комплексот Аха ја прави чувствителната кожа посветла, посвежа, ја храни и заштитува
- BHA Acid (Betaine Salycilate) - Ја подобрува состојбaта на кожата и има антимикробни својства и ексфолирачка, навлажнувачка функција. BHA киселините се ефикасни во отстранување на мртвите клетки од кожата, намалување на акните и омекнување на кожата
- Houttuynia Cordata - Обезбедува исклучителна хидратација и има смирувачки ефекти. Оваа формулација обезбедува троен хербален смирувачки ефект
- Green tea - Ja чисти и смирува кожата додека го подобрува балансот на влажноста на кожата
Тип на кожа: комбинирана, нормална, чуствителна, сува, мaсна кожа.
Пакување: 300 мл.
Содржина
Состојки: вода, ПЕГ-6 каприлик/каприк глицериди, 1,2-хексанедиол, дипропилен гликол, С12-14 алкет-12, етилхексилглицерин, динатриум ЕДТА, екстракт од Houttuynia cordata, екстракт од лист на чајна билка, бутилен гликол, лимонска киселина, натриум цитрат, бетаин салицилат.
Употреба: Нанесете неколку капки од мицеларната вода на памучна вата и нежно избришете ги нечистотиите и шминката од лицето. Нежно поминете со памучната вата над очите, усните и лицето, фокусирајќи се на областите со најмногу шминка. Внимавајте да не ја триете кожата.
Мерки на претпазливост: При употреба на овој производ, доколку забележите некои од следниве симптоми, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог: осип, чешање, иритација или други алергиски реакции. Да не се употребува на кожа со рани. По употреба добро затворете го пакувањето. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од топлина, ниски температури и директна сончева светлина.
После првото отварање да се користи до 12 месеци.
