PARODONTAX Extra Fresh Паста за заби, 75 мл
Опис на производот
Parodontax Improved Taste Extra Fresh Toothpaste Паста за заби со флуорид.
- За секојднена употреба
- Kлинички докажано помага во запирање и спречување на крварење на непцата
- Содржи натриум-флуорид 0.31% w/w (1400 ppm флуорид)
- Има ефект на ладење и ви овозможува чувство на свежина во устата
- Да не се користи за деца под 12 годишна возраст
Здравите заби започнуваат со здрави непца. Здравите непца не крварат. Појава на траги од крв при четкање на забите или користење конец за заби може да биде знак за заболување на непцата. Доколку ова не се третира, може да доведе до појава на непријатен здив, црвени и отечени непца, по некое време повлекување на непцата, расклатување на забите и на крај нивно губење. Користете ја пастата за заби редовно, двапати на ден со цел да помогнете во запирање и спречување на крварење на непцата.
Пакување: 75 мл.
Содржина
Состав: Sodium Bicarbonate, Aqua, Glycerin, Cocamidopropyl Betaine, Aroma, Xanthan Gum, Sodium Fluoride, Sodium Saccharin, Steviol Glycosides, Limonene, Cl77491
Упатство: Четкајте ги забите двапати дневно, но не повеќе од трипати на ден, минимизирајќи го голтањето и исплукајте.
Консултирајте се со стоматолог доколку симптомите продолжат или доколку се појави крварење на непцата. При појава на иритација, престанете со употреба. Доколку се појави oток на устата или лицето обратете се кај својот стоматолог или лекар во најкраток можен рок.
Краевите на картонската кутија се залепени. Не ја употребувајте пастата за заби доколку се отворени.
Да се чува на суво место. Чувајте го производот подалеку од дофат на деца.