PHARMACTIVE Нимокаин гел, 50 г

Pharmactive Nimokain Gel 50 g
PHARMACTIVE Нимокаин гел, 50 г
370,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Шифра
055046C
favorite_border

Опис на производот

Pharmactive Нимокаин гел.

  • Содржи нимесулид и лидокаин како активи супстанции и спаѓа во групата на лекови наречени нестероидни анти-инфламаторни лекови кои се користат надворешно (се нанесуваат на кожата)
  • Нимокаин е препарат во форма на течен гел и една туба содржи 1% нимесулид и 5% лидокаин

  • Ефикасен за лекување на следните болести:

    • Лумбална болка (лумбаго)

    • Артритис на зглобови (остеоартритис)

    • Воспаление на мекото ткиво околу зглобовите (периартритис)

    • Воспаление на тетивите (тендинитис)

    • Воспаление и трауматски, дегенеративни и ревматски заболувања на меките ткива и зглобови, придружени со истегнување и модринки како резултат на спортски повреди

  • Нимокаин не треба да се употребува кај деца на возраст под 12 години

Пакување: 50 г.

Содржина

Состав: 1 г гел содржи 10 мг нимесулид (1%) и 50 мг лидокаин (5%).

Помошни супстанции: глицерол, етанол (96%), полиетилен гликол (PEG 400), карбопол 980 NF, ортофосфорна киселина, динатриум едетат, прочистена вода.

Употреба: нанесувајте Нимокаин на заболениот предел 3 или 4 пати на ден, освен ако не Ви препорачал Вашиот лекар поинаку. Посоветувајте се со Вашиот лекар за времетраењето на терапијата.

Нимокаин е наменет само за надворешна употреба. Нежно нанесете Нимокаин на заболениот предел. Не нанесувајте завој или оклузија за време на лекувањето. Не нанесувајте Нимокаин на заболениот предел со силно триење. Не нанесувајте Нимокаин под пазувите.

Предупредување: немојте да употребувате нимокаин во следните случаи: ако сте алергични на некоја од активните супстанции и/или помошни состојки кои ги содржи Нимокаин, ако лековите кои содржат ацетилсалицилна киселина (аспирин, итн.), или други лекови кои спаѓаат во групата на лекови наречени не-стероидни анти-инфламаторни лекови (NSAID) ви предизвикуваат астма, алергиско назално течење (ринитис), црвенило на кожата или чешање (уртикарија), оток на меките ткива како што се: очните капаци, надворешни генитални органи, уста и јазик (ангиоедем) и израсток во носот (назален полип), ако сте во прв или последен триместар од бременоста, Нимокаин не смее да се употребува кај деца. 

Не нанесувајте Нимокаин на очи, слузокожа (ткива) која ги покрива внатрешните површини на некои органи како устата и носот, инфицирани предели на кожата, под пазуви или отворени рани на кожата, ако дојде до случаен контакт, веднаш измијте го пределот со големо количество вода, ако дојде до иритација, црвенило или чешање заради употреба на Нимокаин, престанете да го употребувате лекот и обратете се кај Вашиот лекар или отидете во болница. Не нанесувајте Нимокаин на поголеми предели и долготрајно, спречете го контактот на Нимокаин со облеката додека го нанесувате, инаку, облеката може да се извалка, овие дамки се отстрануваат со перење на облеката. Не го прекривајте пределот на кој е нанесен гелот со завој или кој било друг материјал по нанесување на гелот, не употребувајте Нимокаин истовремено со други лекови за надворешна употреба кои се нанесуваат на кожата. Лидокаин може да предизвика аритмија на срцето, респираторен дистрес, кома или дури и смрт ако се нанесува на особено големи површини на кожата и особено под оклузија.

Строго придржувајте се кон дозирањето и периодот на лекување препорачан од лекарот. Ако овие предупредувања се однесуваат на Вас дури и во кој било период во минатото, посоветувајте се со Вашиот лекар. Посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да го земете лекот.

Ако сте во прв или последен триместар од бременоста, не употребувајте Нимокаин. Само Вашиот лекар може да одлучи дали можете да употребувате Нимокаин за време на други периоди од бременоста. Ако забележите дека сте бремена за време на терапијата, веднаш посоветувајте се со Вашиот лекар. Лидокаин, една од активните супстанции на Нимокаин, се пренесува во мајчиното млеко сосема малку. Не е познато дали другата активна супстанција нимесулид се пренесува во мајчиното млеко или не. Затоа, не се препорачува употреба на лекот за време на лактација. Посоветувајте се со Вашиот лекар за употребата на Нимокаин за време на лактација. Не го нанесувајте Нимокаин во пределот на дојките пред доењето. Ако земате особено некој од лековите наведени во продолжение, задолжително информирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Не употребувајте Нимокаин истовремено со други лекови за надворешна употреба. Лекови кои се користат во лекување на хипертензија и срцево заболување и кои содржат пропанолол како активна супстанција, лекови кои се користат во лекување на гастритичен чир и дуоденален чир и содржат циметидин како активна супстанција, лекови кои се користат во лекување на срцева аритмија (антиаритмиски лекови), лекови кои се користат во лекување на епилепсија и содржат фенитоин како активна супстанција, лекови кои се користат како седативи и спаѓаат во групата лекови наречени барбитурати. Ако моментално употребувате или неодамна сте употребувале кои било лекови на рецепт или лекови кои се издаваат без рецепт, информирајте го Вашиот лекар или фармацевт. 

Специфични услови: Ако имате сериозна бубрежна или хепатална инсуфициенција, употребувајте Нимокаин со претпазливост и под надзор на Вашиот лекар. 

Ако сметате дека дејството на Нимокаин е премногу силно или премногу слабо, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Ако сте употребиле поголема доза од лекот отколку што треба, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Не нанесувајте двојна доза за да ги надоместите пропушените дози. 

Чувајте го Нимокаин во неговото пакување и подалеку од вид и дофат на деца. Да се чува на собна температура под 25°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се