PJ PHARMA Caregyn емулгел, 100 мл
Опис на производот
Farmaimpresa Caregyn Emulgel е медицинско средство кое заедно со соодветни перинеални вежби помага во одржување и опоравување на елестичноста и тонусот на перинеалното ткиво, како и во превенција на создавање на стрии.
Пакување: 100 мл туба.
Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија.
Содржина
Состав: вода, дикаприлил етер, глицерин, глицерил стеарат, цетил палмитат, PEG-100 стеарат, пантенол, токоферол, феноксиетанол, триетаноламин, Quercus robur екстракт, карбомер, Argania spinosa масло, хидрогенизиран етилхексил оливат, хидрогенизирано несапонифицирано маслиново масло, Rosa moschata масло од семе, пропандиол, пропилен гликол дикаприлат/дикапрат, пропилен гликол, Oryza sativa масло, хидролизиран еластин, динатриум EDTA, етилхексилглицерин, киселина од ленено семе, Orobanche rapum екстракт, пентаеритритил тетра-ди-т-тутил хидроксихидроцинамате, натриум хијауронат, токоферил ацетат, полисорбат 20, натриум метабисулфите, церамиде 3, киселина од ленено семе, токотриеноли, лимонска киселина, калиум сорбат, натриум бензоат.
Дозирање и начин на употреба: темелно измијте ги рацете и нанесете околу 5 мл од производот во делот на перинеумот. Нежно масирајте со кружни движења. Употребувајте го производот најмалку еднаш на ден, најдобро навечер пред легнување.
Немојте да плакнете. Се препорачува континуирана употреба почнувајќи од шестиот месец на бременоста. Продолжете со употреба после 1 месец од породување, во тек на следните три месеци.
Мерки на претпазливост: Да не се користи во случај на позната пречувствителност на било која од состојките во состав на производт. Одредена пречувствиленост може да се јави во тек на употребата, посебно при пролонгирана употреба. Во случај на епизиотомија, немојте да го употребувате производот пред оптимално заздравување на засегнатата регија. Немојте да го употребувате производот ако се поминати 30 дена после првото отварање, во спротивно можна е појава на непредвидени несакани дејства. Да се чува на места недостапни за деца. Да не се употребува на отворени рани или на слузокожа. Избегнувајте контакт со очи. Немојте да го користите производот по истек на датумот на рокот на траење; рокот на траење се однесува на неотворено и соодветно чувано пакување. Да не се употребува ако пакувањето е оштетено. Во случај на појава на несакани дејства, иритација или чашање, прекинете ја употребата на производот и консултирајте се со вашиот лекар за да ви ординира соодветна терапија. Следете ги инструкциите наведени во упатството, за да го намалите ризикот од појава на несакани дејства. Важно е да ги пријавите сите несакани дејства на вашиот лакар или фармацевт, посебно оние кои не се наведени во упатството. Истовремена употреба на други производи за локална употреба на истата регија, може да доведе до намалена апсорпција на состојките на производот, до влошување на состојбата и појава на несакани дејства.
Начин на чување: Да се чува на собна температура (5-25°С), во добро затворено пакување, на места заштитени од извори на топлина.