PRANAROM Bio PranaBB Сируп за смирување на кашлица и болно грло, 120 мл
Опис на производот
Pranarom Bio PranaBB Syrup Сируп за смирување и брзо олеснување на симптоми кај сува и влажна кашлица и болно грло.
- Сирупот е медицинско средство
- Ја заштитува и хидрира слузницата на грлото
- Специјално формулиран да направи бариера, односно да формира заштитна филм обвивка која се лепи на слузницата на грлото и ја штити од иритација
- Производот има клинички докажана ефикасност
- Содржи есенцијални масла кои му даваат пријатен вкус
- 100% органски есенцијални масла
Пакување: 120 мл + градуирана пипета.
Содржина
Состав: сируп од касава* (57%); глицерин* (26.3%); багремов мед* (10%); пченкарен сируп* (6.6%); есенцијални масла: Thymus vulgaris CT thujanol* (мајчина душица ct thujanol), Citrus limon* (лимон), Pinus sylvestris* (бел бор), Mentha spicata* (нане).
*состојки од органско проиводство
Употреба:
Дозирање:
- Деца од 1 година со телесна тежина од 9 кг до 16 кг - по 2.5 мл 2 пати на ден
- Деца од 4 години со телесна тежина над 16 кг - по 5 мл, 2 пати на ден
Давајте го сирупот со помош на пипетата полека во устата, додека детето е седнато (да не се дава додека детето лежи). Се препорачува сирупот да се деде по оброк. Да не се дава на празен стомак. Се препорачува втората доза да се земе пред спиење. Ако сте заборавиле да дадете доза од сирупот, не давајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Придржувајте се кон инструкциите за дозирање дефинирани според телесната тежина.
Не го давајте сирупот подолго од 5 дена.
Пред употреба:
- Земете ја пипетата за дозирање која е приложена во пакувањето
- Отстранете го капачето од шишето и проверете го редукторот на вратот на шишето
- Внимателно проверете го шишето и пипетата
- Можно е клипот на пипетата да се подигне за време на првата употреба. Затоа, треба да се внимава клипот да се држи во својата положба
Подготовка за употреба:
- Протресете го шишето пред секоја употреба
- Одвртете го капачето од шишето
- Проверете дали клипот е на дното од пипетата
- Внесете ја претходно исчистената пипета во редукторот (без да го вовлекувате редукторот во шишето)
- Свртете го шишето заедно со пипетата наопаку и активирајте ја пипетата со туркање на клипот горе-долу, 1 до 2 пати за да избегнете појава на воздушни меурчиња
- Полека повлечете го клипот за да ја извлечете пропишаната доза. Дозата е градуирана на пипетата
- Свртете го шишето заедно со пипетата во нормална положба
- Извадете ја пипета од шишето
Давање на сируп: наместете го детето да седи. Внимателно внесете го врвот на пипетата приближно 1 цм во устата на детето и поставете го до неговиот образ. Полека и нежно притиснете на клипот на пипетата, така што сирупот ќе дојде кон образот. Внимавајте детето да ја голтне целата доза од сирупот.
Чистење: исчистете ја пипетата со ладна вода и со движење на клипот неколку пати без да ги одвојувате составните делови на пипетата, а потоа избришете со суво марамче. Проверете дали пипетата е чиста пред да ја вратите во кутијата. Пипетата може да се користи до 60 пати.
Начин на чување: да се чува на температура од 15-30°С, во оригинално пакување. По првото отварање да се употребува до 4 недели. Добро затворете го шишето по употреба.
Предупредување: ако ја изгубите пипетата, немојте да користите пипета од друг производ. Немојте да ја користите пипетата ако е оштетна. Пипетата не смее да се загрева бидејќи може да се искриви. Не ја изложувајте пипетата на топлина. Немојте да ја миете пипетата во машина за садови. Немојте да ја стерилизирате пипета со топлина. Немојте да ја ставате пипетата во микробранова печка. Не го оставајте детето само да ја користи пипетата. Немојте да ја виткате пипетата за време на дозирањето. Не му давајте на детето да ја гризе пипетата. Не ја оставајте пипета потопена во сирупот. PranaBB е сируп наменет за деца. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со вашиот лакар или фармацевт пред употрба на било кој производ. Да не се употребува: кај доенчиња со телесна тежина помала од 9 кг или помали од 1 година, во случај на алергија на една или повеќе состојки, во случај на дијагностицирана респираторна инсуфициенција, во случај на историја на конвулзии или епилепсија, во случај на позната алергија на полиетилен или полипропилен немојте да ја користите пипетата за дозирање, при употребата кај деца под 4 години, се препорачува лекарски совет, во случај на нетолеранција на шеќери, консултирајте се со вашиот лекар - доза од 2.5 мл содржи 2.38 г шеќер, доза од 5 мл содржи 4.77 г шеќер, во случај на појава на дополнителни симптоми како што се отежнато дишење, треска што трае повеќе од 3 дена, гадење, повраќање, отежнато голтање или губење на апетит, дијареја, промени во однесувањето, замор или нарушување на спиењето, консултирајте се со вашиот лекар, доколку симптомите продолжат по 5 дена од третманот, консултирајте се со вашиот лекар, да не се користи истовремено со други производи против кашлица, овој производ не е лек и не е наменет за елиминирање на причината за кашлицата, ако истовремено се користат лекови за основната болест (други лекови освен производи против кашлица), истите треба да се земаат во интервал од најмалку 1 час од земањето на PranaBB сирупот, во случај на проблеми со варењето, гастроезофагеален рефлукс или проблеми со голтање, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт, ако ненамерно сирупот ви капне во носот, очите или ушите на детето, исплакнете со физиолошки раствор, ако вкусот на сирупот е непријатен и предизвикува кашлање, исплакнете ја устата со топла вода. Да се чува на места недостапни за деца. Пипетата исто така да се чува на места недостапни за деца.
Се надевам реакцијава ќе стигне до увозникот. Вака не знаеме ниту што ни нудите, ниту пак што им даваме на нашите деца. Ваквите информации не се само потребно за online нарачки