PROFARMA Fans, 30 кесички
Опис на производот
Profarma Fans Фанс се гранули за перорален раствор.
- Ја содржи активната супстанца кетопрофен лизин
- Кетопрофен (како лизин сол) преставува нестероиден анти-инфламаторен лек (НСАИД)
- Делува, на тој начин што ги блокира супстанциите во телото кои предизвикуваат воспаление
- Fans е индициран за ублажување на отокот, болката, топлината, црвенилото и вкочанетоста во зглобовите и мускулите кај следниве состојби:
- Ревматоиден артритис (воспаление на зглобовите)
- Остеоартритис (состојба при која е оштетена 'рскавицата во зглобовите)
- Болка поради проблем со 'рбетот (како што е анкилозирачки спондилитис)
- Болка во долниот дел на грбот
- Изместување (шинување) и истегнување
- Болна менструација
- Болка и воспаление по оперативни зафати
- Други болни воспалителни состојби на зглобовите, тетивите, нервите или мускулите
- Гихт (болни, црвени, отечени зглобови)
- Употребата на Fans кај деца не се препорачува
Пакување: 30 кесички.
Содржина
Состав: активна супстанца е кетопрофен лизин сол. Секоја кесичка со гранули содржи 80 мг кетопрофен лизин што е еквивалентно на 50 мг кетопрофен.
Помошни супстанции: манитол, повидон, анхидричен колоидален силициум, натриум хлорид, натриум сахарин, амониум глицирхизинат, пеперминт масло.
Употреба: При користењето на Fans строго придржувајте се кон упатствата што Ви ги дал Вашиот лекар. Ако не сте сигурни како треба да го користите овој лек, побарајте совет од својот лекар или фармацевт.
Како да го употребувате лекот: истурете ја содржината на кесичката во чаша вода, промешајте и веднаш испијте ја. Најдобро е лекот да го земате во тек на оброк или по оброк. Дозата на лекот зависи од Вашата телесна тежина и болеста.
Доколку имате впечаток дека ефектот на лекот е премногу слаб или премногу силен, не ја менувајте дозата сами, туку посоветувајте се со Вашиот лекар.
Препорачана доза за возрасни 1 кесичка од 80 мг, 3 пати дневно со оброк. Најдобро е лекот да го земае во тек на оброк или после оброк.
Во случај на постари пациенти - дозата ја одредува доктор. Кај постарите лица е зголемена можноста за појава на несакани дејства. Несаканите дејства може да се минимизираат со користење на најмалата ефикасна доза во најкраток период на користење потребни за да се контролираат симптомите.
Пациенти со оштетувања на црниот дроб треба да ја земаат најмалата препорачана ефикасна доза.
Пациенти со благо до средно оштетување на бубрезите треба да го надгледуваат волуменот на диуреза и бубрежната функција пред да консумираат Fans.
Предупредување: немојте да го употребувате Fans ако сте алергични (пречувствителни) кон: кетопрофен, ацетилсалицилна кислина, било кој друг нестериден антинфламаторен лек (НСАИЛ), како ибупрофен или индометацин, некоја од помошните супстанции на лекот. Немојте да го употребувате Fans ако имате или во минатото сте имале чир или крварење од желудникот или цревата, ако имате тешко заболување на срцето, ако имате тешко заболување на црниот дроб или бубрезите, ако Ви се појавуваат модрици полесно отколку вообичаено и крварите подолго отколку вообичаено, ако сте бремени. Не употребувајте го овој лек ако било што од горенаведеното се однесува на Вас. Доколку не сте сигурни, пред да го употребите лекот, разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт.
Fans 80 мг гранулатот не треба да се користи во следниве случаи: ако имате астма, ако имате улцерозен колитис или Кронова болест, ако имате болест која ги зафаќа кожата, зглобовите или бубрезите наречена системски еритематозен лупус, ако имате повеќе од 65 години, ако планирате да забремените или имате потешкотии со забременувањето (примената на Fans може да го отежне забременувањето), ако имате проблеми со срцето, претходно сте имале мозочен удар или мислите дека сте со ризик за појава на овие состојби (пример имате висок крвен притисок, дијабетес, висок холестерол или сте пушач). Лековите како Fans може да бидат поврзани со мало зголемување на ризикот од срцев удар (миокарден инфаркт) или мозочен удар. Било каков ризик е поверојатен при примена на високи дози и при долготрајна примена. Не ја надминувајте препорачаната доза или времетраење на лекувањето.
Можеби ќе има потреба од почести контроли или пократкотраен третман ако: имате зголемени вредности на холестерол или масти во крвта, имате дијабетес, сте пушач, имате проблеми со бубрезите или црниот дроб, земате диуретици (лекови кои го зголемуваат излачувањето на урина). Доколку не сте сигурни дали нешто од горенаведеното се однесува на Вас, пред да го употребите лекот, разговрајте со Вашиот лекар или фармацевт.
Инхибицијата на простагландинската синтеза може негативно да влијае на бременоста и/или на ембрионалниот/феталниот развој. Резултатите од епидемиолошките студии укажуваат на зголемен ризик од спонтан абортус и срцеви малформации и гастрошиза по употреба на инхибитори на простагландинската синтеза во раната бременост. Апсолутниот ризик за срцеви малформации е зголемен од помалку од 1% до околу 1,5%. Се смета дека ризикот се зголемува со дозата и со времетраењето на терапијата. Во текот на третиот триместар од бременоста, сите инхибитори на простагландинската синтеза може да го изложат фетусот на: кардиопулмонална токсичност (со предвремено затворање на ductus arteriosus и пулмонална хипертензија), бубрежна дисфункција, која може да напредува во бубрежна инсуфициенција со олиго-хидроамниоза. Мајката и новороденчето на крајот на бременоста може да бидат изложени на: можно продолжување на времето на крвавење и антиагрегациски ефект до кој може да дојде дури и при многу мали дози, инхибиција на утеринските контракции што би го одложило или пролонгирало породувањето. Fans 80 мг гранулатот не треба да се употребува за време на доењето.
Лекот има мало и умерено влијание на способноста за возење и ракување со машини кое се должи на евентуална појава на чувство на поспаност, вртоглавица, несвестица, проблеми со видот или грчеви (напади). Доколку се појават кај Вас, не возете и не ракувајте со машини.
Ефекти при употреба на други лекови: кортикостероиди (зголемен ризик за улкус и гастроинтестинално крвавање), антикоагуланси (НСАИД-и може да ги зголемат ефектите на антикоагулансите, како што е варфарин), антиагрегациски агенси и селективни инхибитори на повторното преземање на серотонинот (SSRIs) (зголемен ризик за гастроинтестинално крвавање), други НСАИД-и, вклучително големи дози на салицилати (> 3 г/дневно) (истовременото користење на различни НСАИД-и може да го зголеми ризикот за улкус и гастроинтестинално крвавање, поради ефект на синергија), орални антикоагуланси, хепарин со парентерална администрација и тиклопидин (зголемен ризик за крвавење поради инхибиција на функционалноста на крвните плочки и оштетување на гастроинтестиналната мукоза), литиум (опишан со различни НСАИД-и) (НСАИД-и го уништуваат нивото на литиум во плазмата (намалена ренална екскреција на литиум) кои може да достигнат токсично ниво. Поради тоа, овој параметар треба да се следи на почетокот додека се утврдува дозата и по прекин на третманот со кетопрофен), диуретици, АCЕ-инхибитори и ангиотензин II антагонисти (НСАИД-и може да го намалат ефектот на диуретиците и другите антихипертензивни лекови. Кај некои пациенти со компромитирана бубрежна функција (на пример дехидрирани пациенти или постари пациенти со компромитирана бубрежна функција), истовремената употреба на АCЕ-инхибитор или ангиотензин II антагонист и агенси што ја инхибираат циклооксигеназата може да доведе до понатамошно влошување на бубрежната функционалност кои може да доведе до акутна ренална инсуфициенција, главно реверзибилна. За вакви интеракции треба да се води сметка кај пациенти што примаат Fans 80 мг гранулат како орален раствор истовремено со АCЕ-инхибитори или ангиотензин II антагонисти. Значи комбинацијата треба да се дава со внимание, особено кај постари пациенти. Пациентите треба да бидат соодветно хидрирани и треба да се следи бубрежната функција откако ќе започне комбинираната терапија), метотрексат (ако се користи во мали дози, помалку од 15 мг/неделно: пораст на хематолошка токсичност на метотрексатот, поради неговиот намален бубрежен клиренс кој се должи на антиинфламаторните агенси. Да се зголеми контролата дури и ако има лесно влошување на бубрежната функционалност, а посебно да се внимава кај постари лица), пентоксифилин (постои зголемен ризик од крвавење. Потребни се чести клинички контроли, како и почеста контрола на времето на крвавење), зидовудин (зголемен ризик за пораст на токсичната на црвената клеточна линија за ретикулоцитите, со тешка анемија што се јавува по една недела од почетокот на третманот со НСАИД-и), лекови кои се користат за лекување на висок крвен притисок или срцева слабост (третманот со НСАИД-и може да го намали нивниот антихипертензитивен ефект со инхибиција на синтезата на простагландинот), циклоспорин и такролимус (може да се зголеми нефротоксичноста од НСАИД-и поради ефектите од бубрежните простагландини. За време на комбинираната терапија, мора да се мери бубрежната функционалност), лекови кои ги разградуваат крвните згрутчоци (како што се стрептокиназа, алтеплаза, ретеплаза ии тенектеплаза), дигоксин (се применува за контрола на срцевата фрекфенција и помага кај срцева слабост), пробенецид (плазматската концентрација на кетопрофен може да се зголеми: ваквата интеракција може да се должи на инхибиторниот механизам на тубуларната бубрежна секреција и коњугацијата на гликуронската киселина и треба да се адаптира дозата на кетопрофенот), лекови за третман на инфекции (антибиотици) (како што се ципрофлоксацин, левофлоксацин или офлоксацин), лекови за третман на депресија (како што се флуоксетин, сертралин, циталопрам или пароксетин), мифепристон (лек кој се користи за прекинување на бременост). Fans не треба да се зема 8 д 12 дена после земање на Мифепристон.
Ако сте земале поголема доза на Fans или ако деца по грешка земале од овој лек, Ве молиме веднаш контактирајте го Вашиот лекар, болница или јавете се во ургентен центар за да побарате мислење во однос на ризикот и совет за дејства кои треба да се преземат. Земете го пакувањето на лекот со Вас. На тој начин лекарот ќе знае кој лек сте го зеле.
Ако сте испуштиле или заборавиле да земете Fans, земете веднаш штом се сетите. Ако се приближува времето за наредната доза, почекајте, не ја земајте пропуштената доза но земете ја наредната доза. Не земајте наеднаш двојна доза за да ја надоместите пропуштната доза. Доколку имате било какви дополнителни прашања за употребата на овој производ, обратете му се на Вашиот лекар или фармацевт.
Да се чува надвор од дофат на деца. Fans не смее да се користи по истекувањето на рокот на траење наведен на пакувањето. Да се чува под 25°C. Да се чува во оригиналното пакување со цел да се заштити од светлина и влажност.