REPLEK Kanoil Relieve 30% CBD Маслен раствор, 10 мл

Replek Kanoil Relieve 30% CBD Oil Solution 10 ml maslen rastvor maslo od kanabis
REPLEK Kanoil Relieve 30% CBD Маслен раствор, 10 мл
2.498,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
062537C
favorite_border

Опис на производот

Replek Kanoil Relieve 30% CBD Oil Solution Маслениот раствор е граничен производ.

  • Маслен раствор за перорална употреба, кој содржи висока концентрација на CBD (Cannabidiol) од 3000 мг во 10 мл масло
  • Содржи маслен екстракт кој е добиен со суперкритична СО2 екстракција од растението канабис или коноп, што е едногодишно тревесто растение
  • Екстракцијата се изведува на ниска температура без употреба на органски растворувачи, што обезбедува висок квалитет на маслениот екстракт
    • Екстрактот е со докажано отсуство на пестициди и хербициди
  • Kanoil Relieve содржи канабиноиди, примарно СВD (Cannabidiol), но и CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија
    • Канабиноидите се врзуваат за СВ1 и СВ2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и може да имаат имуномодулаторно дејство (го подобруваат имунолошкиот одговор), противвоспалително, антиоксидантно, антипролиферативно, антиеметично, аналгетско, анксиолитично, невропротективно, вазопротективно, кардиопротективно, и други дејства
  • Содржи ТНС (9-delta tetrahydrocannabinol) во количина под 0.2%
  • Може да содржи и терпени, флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, пигменти, алкани, азотни соединенија кои се важни во изградба на клетките, метаболните процеси, одржување на функцијата на многу системи и целосно подобрување на општата здравствена состојба
  • Може да му помогне на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични синдроми во детска возраст
  • Позитивни ефекти при употреба на Kanoil Relieve се манифестираат при:
    • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија
    • Замор и несоница
    • Невропатска болка и невралгии
    • Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања
    • Нарушен баланс на цревната флора
    • Хронична болка (главно болка поврзана со нервниот систем, на пр. предизвикана од оштетен нерв, фантомска болка, фацијална невралгија или хронична болка која перзистира по опоравување од херпес зостер)
    • Мускулни спазми
    • Епилептични синдроми во детска возраст
  • Може да се употребува и за:
    • Превенција на кардиоваскуларни болести: помага при регулирање на крвниот притисок, ја подобрува работата на срцето и делува кардиопротективно
    • Помага во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта (зголемено ниво на масти во крвта)
    • Помага во регулирање на покачена гликемија (зголемено ниво на шеќер) во крвта, посебно кај лица со дијабетес
    • Може позитивно да делува при различни состојби на кожата
    • Подобрување на општа здравствена состојба при Паркинсонова болест
    • Ублажување на когнитивни нарушувања при Алцхајмерова болест
    • Позитивно влијание при појавување на симптоми на Кронова болест
    • Намалување на воспаление и болка при ревматоиден артритис
    • Подобрување на општа здравствена состојба на ХИВ пациенти

Kanoil Relieve не претставува замена за стандардната препишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

  • Не содржи глутен и лактоза

Пакување: 10 мл.

Содржина

Состав: 3000 мг CBD (Cannabidiol екстрахиран од растението Cannabis), MCT (medium chain triglycerides) масло до 10 мл.

Употреба: возрасни и адолесценти: се употребува еднаш дневно. Наутро се капнуваат 3-4 капки под јазикот и се задржуваат околу 60 секунди пред да се голтне. Во 1 капка се содржат околу 12 мг СВD. Храната не влијае на употребата на Kanoil Relieve. По препорака на лекар дозата може да се зголеми. Може да го употребуваат лица на вегетаријанска и/или веганска исхрана.

Предупредување: немојте да го употребувате Kanoil Relieve: ако сте пречувствителни на било која состојка на растворот, ако сте бремени или доите, ако земате алкохол или недозволени супстанции. Не се познати ефекти од земањето на други лекови истовремено со Kanoil Relieve. Нема психотропно дејство и не се очекува да има влијание врз способноста за управување со превозни средства, ракување со машини или извршување тешки и небезбедни задачи. И покрај тоа, поради тоа што нема доволно податоци, не се препорачува вршење на овие активности за време на употреба на маслото. Нема податоци за неподносливост на било која од состојките на растворот.

Начин на чување: треба да се чува во оргиналното пакување, на температура до 25°C, заштитен од директна светлина, топлина и влага. Да се чува на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се