REPLEK Реконазол 2% крем, 30 г

Replek Rekonazol Cream 30 g krem ketoconazole
REPLEK Реконазол 2% крем, 30 г
170,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
004382C
favorite_border

Опис на производот

Кремот се употребува за лекување на габични ифекции на кожата. Инфекциите може да се појават на трупот, градите, грбот, рацете, стапалата, скалпот, лицето, препоните или гениталиите. Реконазол кремот делува така што ги убива габите кои предизвикуваат инфекции.

Кремот се користи како локален третман на кандидијази (вулвитис, питриасис версиколор, себороичен дерматитис предизвикан од Malassezia), како и дерматофитни инфекции на кожата како што се тинеа корпорис, тинеа крурис, тинеа манус и тинеа педис инфекции, предизвикани од Trichophyton spp, Microsporon spp и Epidermophyton spp.

Реконазол кремот содржи кетоконазол кој припаѓа на групата лекови таканаречени антимикотици.

Не се препорачува употреба на кремот кај деца под 18 годишна возраст.

Пакување: 30 г

Содржина

Состав: 1 г крем содржи 20 мг кетоконазол.

Помошни супстанци: пропилен глукол, стеарил алкохол, цетил алкохол, сорбитан стеарат, полисорбат 60, изопропил миристат, натриум сулфит анхидричен, пречистена вода.

Вообичаеното времетраење на третманот е:

Тинеа версиколор: 2-3 недели,

Тинеа корпорис: 3-4 недели.

Доколку после 4 недели третман не се добие клиничко подобрување, дијагнозата треба да се преиспита. Потребно е да се спроведуваат основните хигиенски мерки за да се спречи појавата на инфекции или реинфекции.

Себороичниот дерматитис е хронична инфекција со чести релапси.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се