SANOFI Есенцијале форте Н 300 мг, 30 капсули

Sanofi Essentiale Forte N 300
SANOFI Есенцијале форте Н 300 мг, 30 капсули
524,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
006698C
favorite_border

Опис на производот

Sanofi Essentiale Forte N 300 мг е хербален лек кој се користи при заболувања на црниот дроб.

Тој се користи за ублажување на субјективните тегоби како што се отсуство на апетит, чувство на притисок во десниот епигастриум, кај пациенти со оштетување на црниот дроб предизвикано од супстанции штетни за црниот дроб, како и лоша исхрана (токсични ефекти на одредена храна) и хронично воспаление на црниот дроб (хепатитис).

Се даваат кај деца над 12 години, адолесценти и возрасни.

Поради тоа што не се изведени клинички студии со Sanofi Essentiale Forte N 300 мг не треба да се дава кај деца на возраст под 12 години.

Пакување: 30 капсули.

Производител: A.Nattermann & Cie. GmbH, Nattermannallee 1, 50829, Келн, Германија.

Содржина

Активна супстанција: Една капсула, тврда содржи 300 мг нативен екстракт (DERnative 2500:1) (обезмастени, збогатени фосфолипиди) од семе од соја (Glycine max. (L.) Мет) кој содржи 73-79% заедно: 3-sn-фосфатидилхолин и 3-sn-лизофосфатидил холин, пресметано како 3-sn-фосфатидилхолин.
Растворувач за екстракција: Етанол 96% (v/v).
Помошни состојки: 

Полнење на капсулите: тврда маст, масло од соја, рафинирано; all-rac-alfa-токоферол; хидрогенирано рицинусово масло; етанол 96%; етилванилин; 4-метоксиацетофенон.
Состав на капсулите: желатин, пречистена вода; титан диоксид (Е171); железо III оксид, жолт (Е172); железо оксид, црн (Е172); железо III оксид, црвен (Е172); натриум лаурил сулфат.

Употреба: Ако не е пропишано поинаку од доктор, вообичаеното дозирање е следно:
Адолесценти од 12 години и постари (околу 43 кг) и возрасни - поединечна доза е 2 тврди капсули (600 мг фосфолипиди од зрно од соја), вкупна дневна доза е 3 пати на ден по 2 тврди капсули (1800 mg фосфолипиди од зрно од coja)

Не се наменети за употреба кај деца под 12 години.

Земајте ги капсулите Essentiale Forte N 300 мг без да ги џвакате за време на јадење со голема количина на течност (најдобро со чаша вода (200 мл). Времетраењето на давањето на лекот не е ограничено. 

Мерки на претпазливост: Строго придржувајте се кон упатствата на докторот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинувате без да се посоветувате со доктор. Ако забележите било каква сомнителна појава, разговарајте со Вашиот доктор или фармацевт. Кажете му на Вашиот доктор или фармацевт ако сметате дека ефектот на Essentiale Forte N 300 мг е премногу јак или премногу слаб. Ако сте земале поголема доза отколку што е потребно веднаш треба да се посоветувате со Вашиот доктор или фармацевт. Нема искуство со предозирање со лекот Essentiale Forte N 300 мг. Може да се јават поизразени несакани дејства. Ако сте заборавиле да го земете лекот на време, земете го штом ќе се сетите. Ако се наближува времето за земане на следната доза, изоставете ја пропуштената доза. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза! Ако имате дополнителни прашања во врска со ова, консултирајте се со Вашиот доктор или фармацевт.

Немојте да употребувате Sanofi Essentiale Forte N 300 мг ако сте имале алергиска реакција на производи од зрно од соја, кикирики или на било која од составните
компоненти на лекот. Овој лек содржи масло од соја, кое може да предизвика тешки алергиски реакции во ретки случаи.

Ако Вашите тегоби се влошат или ако имате други нејасни тегоби многу е значајно да го инфромирате Вашиот доктор. Терапијата со лекот не е замена за одбегнувањето на токсичните агенси кои го предизвикале оштетувањето на црниот дроб (како што е алкохол). Ако имате хронично воспаление на црниот дроб (хепатитис), адјувантната терапија со овој лек е оправдана само доколку забележите подобрување на симптомите.

Ве молиме да го информирате Вашиот доктор или фармацевт ако земате, или ако до неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.
Не може да се исклучи интеракција на Essentiale Forte N 300 мг со лекови кои го спречуваат згрутчувањето на крвта. Поради овие причини може да е потребно прилагодување на дозата на лековите кои го спречуваат згрутчувањето на крвта. Кажете му на Вашиот доктор ако земате истовремено Essentiale Forte N 300 мг и лекови кои го спречуваат згрутчувањето на крвта.

Бременост, доење и фертилитет: Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт пред да земете било каков лек. Производите од зрно од соја се многу распространети во храната на луѓето и досега нема знаци кои би сугерирале било каков ризик кај бремени жени и доилки. Нема резултати од посебни испитувања. Од тие причини, употребата на Essentiale Forte N 300 мг не се препорачува за време на бременост и доење. Студиите спроведени на животни укажуваат дека нема влијание врз плодноста.

Чувајте го лекот на температура под 25°С. Чувајте го лекот во оригиналното пакување за да го заштитите од влага. Лекот да се чува на места недостапни за децата!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се