SOLGAR Калциум цитрат со витамин Д3, 60 таблети
Опис на производот
Solgar Calcium Citrate with Vitamin D3 Калциум цитрат со витамин Д3 е граничен производ.
- Калциумот е есенцијален минерал потребен за одржување на здравјето на организмот
- 99% од калциумот присутен во телото е застапен во коските и забите
- Овој минерал е основна градбена единица која ги одржува коските и забите силни и здрави
- Дополнително, калциумот помага во поддршката на здравјето на целиот организам вклучително мускулно-скелетниот и нервниот систем
- Витаминот Д3 во состав на оваа формулација придонесува за подобрување на апсорпцијата на калциумот
- Секојдневното адекватно снабдување на организмот со калциумот и витамин Д во склоп на здрава и балансирана исхрана, заедно со физичка активност, може да го намали ризикот од остеопороза
- Погодно за вегетаријанци
Пакување: 60 таблети.
Содржина
Состав:
| Состојки | Четири (4) таблети | %ПДВ* |
| Калциум (како цитрат) | 1000 мг | 125 |
| Витамин Д3 (600 IU, како холекалциферол) | 15 мкг | 300 |
*препорачано дневно внесување
Состојки: калциум (како цитрат), средство за зголемување на волуменот (микрокристална целулоза, дикалциум фосфат), средство против згрутчување (силициум диоксид, растителен магнезиум стеарат), вкрстено поврзана целулозна гума, средство за глазирање (хидроксипропилметил целулоза, растителен глицерин (масло од репка), витамин Д3 (холекалциферол).
Производот не содржи: пченица, млечни производи, соја, квасец, конзерванси, засладувачи и вештачки ароми.
Употреба: за возрасни четири (4) таблети на ден, со вода, пожелно со оброк или како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Предупредување: да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се користи како замена за разновидна балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која од состојките на производот, престанете со употреба на производот. Ако сте бремени или доите, консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Таблетите се земаат со оброк. Ако земате некои лекови или имате било каква медицинска состојба консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот. Производот е наменет за возрасни. Консултирајте се со Вашиот лекар, ако сте употребиле повеќе од препорачаното. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на собна температура.